НАЈНОВО
Автор: Press Online
Шеесет и тригодишен турски државјанин бил пронајден починат во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите, случајот бил пријавен на 6 јуни околу 16:52 часот, кога во хотелска соба бил пронајден починатиот С.Е. (63) од Турција, кој престојувал во државата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство. На местото бил извршен увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина. Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на причините за смртта, објави Скопје1.мк
Два последователни умерени земјотреса денеска се регистрирани на грчкиот остров Евија. Првиот земјотрес бил со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а вториот со 5,2 степени, со епицентар во северниот дел на Евија. Земјотресите биле почувствувани и во Атина, околу 130 километри оддалеченост од епицентарот. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Привршува реконструкцијата и проширувањето на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска беше на увид на градежните работи, рече дека над 65 проценти од проектот за реконструкција на охридскиот аеродром се завршени. Најважно, според него, е што во текот на процесот работата на аеродромот се одвива непречено. „Реконструкцијата и надградувањето е нешто што долго време му требаше на охридскиот аеродром и еве конечно се случува. За околу два месеца аеродромот ќе изгледа целосно ново, со проширени делови за пристигнување и заминување, што ќе донесе дополнителен економски стимул“, изјави Николоски, додавајќи дека модернизацијата…
ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови. Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена. ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е…
Граѓаните на Ерменија денеска гласаат на избори за нов состав на парламентот, а гласањето се смета за важен тест за поддршката на премиерот, Никол Пашињан, и неговата политика на зближување со Западот и нормализација на односите со Азербејџан по конфликтот околу Нагорно-Карабах. Според предизборните анкети, владејачката партија на Пашињан „Граѓански договор“ води со поддршка од до 32 проценти од гласачите, додека проруската опозициска партија „Силна Ерменија“ е на второ место со околу 11 проценти поддршка.Откако дојде на власт во 2018 година, Пашинјан се стреми да ги продлабочи врските со западните земји и да ја намали зависноста од Русија. Неговата влада,…
Жалбата што ја поднесе поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за определување притвор сè уште не е доставена на одлучување до Кривичниот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Од Судот велат дека жалбата во петокот била проследена до надлежното обвинителство, но јавниот обвинител сè уште нема доставено мислење по истата. „По однос на жалбата на осомничениот С.Б., известуваме дека во петокот истата е доставена до обвинителството и јавниот обвинител сè уште нема дадено мислење. По комплетирање на списите, судија на претходна постапка предметот ќе го достави до Кривичниот совет на одлучување“, соопштија од Основниот кривичен суд…
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби својот 49. роденден го дочека во куќен притвор, додека сè уште нема одлука дали против него ќе биде поднесено обвинение во предметот за Државна лотарија, во кој е осомничен за проневера на 8,2 милиони евра. По повод роденденот, на социјалните мрежи му беа упатени честитки, а поддршка доби и на улица. На надвозникот кај Мавровка, во близина на плоштадот „Скендербег“, беше поставен транспарент со порака: „Среќен роденден кралу“, по што следуваше и пораката „Кралот е назад“. Груби се врати во земјава по 14 месеци поминати во Косово, каде замина откако во декември 2024 година беше…
Мнозинство британски граѓани не сакаат да ги поништат правилата за Брегзит, покажува новото истражување спроведено од организацијата „Britain Unbound“ во соработка со YouGov. Според тоа истражување, околу 60 отсто од испитаниците изјавиле дека не би биле подготвени да се откажат од дел од законодавниот суверенитет заради поблиска економска соработка со ЕУ. Околу 27 отсто од анкетираните изјавиле дека би прифатиле таква размена, додека 14 отсто се неодлучни.
Се помасовни се протестите во Албанија против изградбата на луксузен ресорт во Зврнец и островот Сазан. Во Тирана синоќа на главниот плоштад се одржа седмиот по ред протест, на кој четири часа учесниците го изразуваа своето противење за проектот, порачувајќи дека „Албанија не е на продажба”. Учесниците меѓу кои и културни работници дури и новинари, побараа оставка на владата, укинување на статусот и законската рамка поврзани со стратешките инвеститори, поништување на измените на Законот за заштитени подрачја и измените на Законот за културно наследство. Претходно во текот на денот, протести се одржаа и во областа Звернец, кај Валона, во Скадар,…
Ваквото барање на ИВЗ предизвика голема дискусија на последната седница на Советот на Општина Тетово. Од страна на дел од опозицијата се посочуваше дека се прави преседан, кој во иднина може да предизвика секоја верска заедница да бара пари од општината за некои свои потреби. Општина Тетово ѝ донираше на Исламската верска заедница (ИВЗ) 1.444.484 денари (над 23.000 евра), износ што го дала како данок на промет откако откупи дел од комплексот „Арабати Баба Теќе“ во Тетово, објави СДК. „Имајќи го предвид фактот дека износот за откуп на делови од комплексот ‘Арабати‘ од компанијата ‘Тетекс‘ е висок, што резултираше со…
Грчките власти уапсија 37-годишен маж на островот Крит под сомнение за поврзаност со терористички активности, откако истрагата покажа можни врски со осомничени лица приведени на Кипар поради планирани напади врз цели поврзани со Израел. Според истражителите, осомничениот, кој потекнува од Појасот Газа и легално работел во Грција како сезонски работник во хотелскиот сектор, бил уапсен во градот Агиос Николаос на североистокот на Крит. Во своето првично сведочење тој изјавил дека е член на Хамас и дека бил во контакт со осомничените кои се наоѓаат во притвор на Кипар. Наводно признал дека сè уште не изработил експлозивна направа, но дека преку…
Најмалку 12 лица се повредени во пукање на фестивалот Олд Вест Енд во Толедо, Охајо. Инцидентот се случил синоќа, околу 23 часот по локално време, кога полицијата им помагала на посетителите да се разотидат по завршувањето на настанот. Според полицискиот извештај, десет лица се здобиле со прострелни рани, а уште две се повредени додека бегале од местото на настанот. Возраста на повредените се движи од 16 до 51 година. Двајца од повредените лица е во критична состојба. Фестивалот „Олд Вест Енд“ е еден од најголемите во регионот, а годинава го прослави својот 51-годишен јубилеј. Заега нема приведени, соопшти полицијата.
