НАЈНОВО
Автор: Press Online
На денешниот настан за поставување на камен темелник на доградбата на училиштето „Димитар Беровски“ во Општина Ѓорче Петров, на новинарски прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна и на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар.„Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и Клиничката болница во Тетово. Тука веќе имавме меѓународен повик за да најдеме финансиери и веќе имаме понуди кои се необрзувачки и индикативни, кои за нас се поволни и прифатливи. Овие проекти треба да ги завршиме, а…
На денешната седница на Советот на Град Скопје, советничката од редовите на СДСМ, Катерина Цаневска-Арсовска, упати три директни прашања до актуелниот градоначалник, Орце Ѓеорѓиевски. Опозициската советничка јавно отвори сериозни сомнежи околу начинот на кој се водат клучните кадровски и комунални политики во главниот град, нотирајќи партизација на културните институции и целосен колапс во менаџирањето со отпадот.Како прво и исклучително спорно прашање, Цаневска-Арсовска го посочи назначувањето на долгогодишниот директор на Македонската радио-телевизија (МРТ), Марјан Цветковски, за нов раководител на Фондацијата „Скопје – Европска престолнина 2028“. Таа потсети дека неговото 14-годишно раководење со јавниот сервис било одбележано со негативни ревизорски извештаи, незаконско…
Семејството на американскиот претседател Доналд Трамп заработило најмалку 2,3 милијарди долари од криптовалутни проекти што ги промовирало по изборите во 2024 година, додека повеќе од еден милион инвеститори забележале нето-загуби во приближно ист износ, покажува истражување на Ројтерс, пренесуваат западни медиуми. Агенцијата анализирала блокчејн записи, корпоративни документи, интернет-објави и јавни изјави на семејството Трамп и на раководителите на проектите, а разговарала и со претставници на криптоиндустријата. Наодите биле разгледани од повеќе од десет експерти за сметководство и криптовалути, кои ги оценија проценките како разумни. Во центарот на истрагата се четири проекти – „Ворлд либерти фајненшл“ (World Liberty Financial), мем-криптовалутата „$TRUMP“,…
Професорката Симона Груевска поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседателка на Советот за македонски јазик. Иако првично решила да не дава медиумски изјави, таа се огласи со јавна реакција по тврдењата на министерот за култура и туризам дека нејзиното повлекување било мотивирано од приватни побуди. Преку отворено писмо објавено на нејзиниот фејсбук профил, Груевска упати сериозни обвинувања за целосна институционална негрижа, отсуство на буџет за клучните јубилеи, игнорирање од страна на министерот и директни политички закани.Груевска ја започна својата реакција со директно прашање до јавноста и власта:„Лични или нелични причини? Кога ја дадов неотповикливата оставка, бев решила да не давам изјави…
Унгарската антикорупциска агенција разви модел на вештачка интелигенција за следење на пари за кои постои сомневање дека се проневерени за време на 16-годишното владеење на поранешниот премиер Виктор Орбан. „Создадовме најсовремена алатка за борба против корупцијата, користејќи вештачка интелигенција и машинско учење интегрирани во систем способен за следење на унгарските економски трансакции во реално време“, изјави за „Фајненшeл тајмс“ Ференц Биро, раководител на унгарската антикорупциска агенција. Според него, новата влада предводена од Петер Маѓар сака да дејствува брзо и да врати во Унгарија 160 милијарди евра јавни средства за кои постои сомневање дека се нелегално распределени меѓу членовите на…
Еден месец откако објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата претседателка на Советот за македонски јазик при Министерството за култура и туризам, професорката Симона Груевска-Маџоска денеска на Фејсбук се огласи во врска со причините кои стојат зад ваквата одлука. Груевска-Маџоска вели дека иако била решена да не дава изјави во јавноста во врска причините за нејзиното повлекување од фукцијата, била испровоцирана од вчерашната изјава на министерот за култура и туризам Зоран Љутков – дека оставката ја поднела од лични причини. Вистината, додава професорката, е поинаква. Симона Груевска-Маџоска, професорка и експретседателка на Советот за македонски јазик / Фото: Фејсбук Таа вели…
Министерството за внатрешни работи (МВР) доби 30 алатки за проверка на документи, два детектори за срцебиење, за откривање лица во скриени простори, седум возила од кои четири теренски и три комбиња, како и пет видеокамери, а кои се наменети за Граничната полиција и Националната единица за борба против шверцување мигранти и трговија со луѓе. Возилата и опремата се обезбедни во рамките на регионалниот ИПА-проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против шверцувањето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. „Донираните возила и специјализираната опрема веднаш ќе бидат ставени во функција, со што значително ќе се…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Иран соборил американски воен хеликоптер „Апачи“ за време на патрола над Ормускиот Теснец и рече дека САД ќе одговорат на тој напад. „Штотуку бев информиран од нашата голема војска дека синоќа Иранците соборија еден од нашите многу софистицирани хеликоптери ‘Апачи’ додека патролиравме над Ормускиот Теснец. Во него имало двајца пилоти, двајцата се безбедни и неповредени. Сепак, САД мора да одговорат на овој напад“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Хеликоптерот кој се урна во близина на брегот на Оман бил соборен од ирански дрон, пренесоа американските медиуми. Сепак, двајца американски функционери…
Вонредна прес-конференција одржува поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, откако Основниот кривичен суд му изрече затворска казна. Јакимовски изјави дека пресудата ја смета за политички мотивирана и дека е осуден не затоа што сторил кривично дело или ја злоупотребил службената положба, туку поради, како што рече, политички причини. „Осуден сум политички. Не затоа што сум направил кривично дело или сум ја злоупотребил својата положба и овластувања, туку затоа што на некого му пречам“, изјави Јакимовски. Тој посочи дека предметот се однесува на две бараки поставени во дворот на Основното училиште „Лазо Трповски“, за кои тврди дека претставуваат времени објекти.…
Експлицитни фотографии од малолетничка биле споделувани на Интернет. Случајот во полицијата го пријавила мајката. – На 8 јуни 2026 година во 16:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријавила дека на мобилна апликација биле споделувани експлицитни фотографии од нејзината малолетна ќерка, стои во денешниот полициски билтен. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Анализата на CNN наведува дека од крајот на март до средината на јуни, Доналд Трамп најмалку 37 пати тврдел дека договорот со Иран е на дофат, иако договорот не бил финализиран. На 7 април, Трамп тврдеше на социјалните мрежи дека двете страни „поминале долг пат“ и дека им требаат уште две недели за да го завршат договорот. Иако не беше постигнато решение, американскиот претседател продолжи јавно да кажува во следните два месеци дека договорот е блиску или дека Иран очајно сака да постигне договор. Тој ги изнесе таквите тврдења во објави на социјалните мрежи, појавувања пред новинари и телефонски разговори…
Најновиот пресек на УХМР за термометарските вредности во 17 часот покажува високи летни температури низ котлините во земјава, со вредности кои на неколку места достигнаа до 34 степени. Велес во 17 часот е убедливо најтоплиот град со измерени 34.0 степени (максимални 34.5), а веднаш зад него се Демир Капија и Кавадарци со 32.4 степени во 17 часот. Во Скопје-Петровец се измерени 31.8 степени, додека на Зајчев Рид беа регистрирани 31.4 степени. Во продолжение е прегледот на температурите во 17 часот во останатите градови: Тетово: 29.5°C (Макс: 30.4°C)Виница: 29.9°C (Макс: 31.1°C)Прилеп: 28.7°C (Макс: 29.2°C)Гевгелија: 28.6°C (Макс: 33.8°C)Крива Паланка: 28.2°C (Макс: 28.5°C)Струмица:…
