Автор: Press Online

Како резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. – Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Управата за финансиска полиција (УФП). Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на дејствата што се преземаат – информираат од ОЈО…

Read More

Се подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Владата на презентацијата на националниот проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“. Тој информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата врз основа на препораките од експертите и стручните служби на Министерството. – Ќе одиме со заострување на казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, особено кај најмладите – истакна…

Read More

  Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тој донел „голема победа“ за Соединетите Американски Држави – дури и кога направија значајни политички и финансиски отстапки на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец и спречување на „светска депресија“. Во вонредните забелешки во средата, Доналд Трамп премина од заканување кон Иран со нов бран напади до сугерирање дека земјата има основни права да збогатува ураниум за цивилна употреба, дека нема да врши притисок врз Техеран да се откаже од својата програма за балистички ракети и дека САД „ќе мора да вратат“ милијарди долари замрзнати ирански средства.…

Read More

Белград – Вишиот суд во Белград ги осуди Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето што уби девет врсници и чувар во училиштето и повреди уште шест други, во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, на повеќегодишни казни затвор. Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и шест месеци затвор за кривично дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице и тешко дело против општата безбедност, а Милјана Кецмановиќ е осудена на две години и 11 месеци затвор за кривично дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице. Тоа е втора првостепена пресуда против која Обвинителството и одбраната имаат…

Read More

Лидерите на најразвиените светски економии и оваа година го ставија обезбедувањето критични минерали меѓу приоритетните прашања на Самитот на Г7. Бакарот, литиумот и антимонот денес се сметаат за клучни суровини за економскиот раст, технолошкиот напредок и енергетската независност. Додека светот инвестира во нови рудници и истражувања, Македонија сè уште нема донесено одлука за реализација на проектот „Иловица-Штука“. Инвестицијата вредна стотици милиони евра со години останува во застој, иако станува збор за проект со потврдено присуство на бакар и значителен извозен потенцијал. Со предвидено годишно производство од 16.000 тони бакар и работен век подолг од две децении, поддржувачите на проектот сметаат…

Read More

Брисел – Намалувањето на американското учество во кризните сили на НАТО стапи во сила веднаш, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, додавајќи дека останатите сојузници веќе го зголемуваат своето учество за да ги пополнат празнините. „Вчера се постави прашањето: дали ова важи веднаш или не? Важи веднаш“, изјави Руте пред новинарите во Брисел, воочи денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО. Тој појасни дека станува збор за плански механизам за распоредување на силите и дека во случај на вистински конфликт сите сојузници, вклучително и САД, би ги ангажирале максималните капацитети за одбрана. „Ако избие војна, сите сојузници…

Read More

„Г-динот Вајц во последните години докажа, откако беше известувач за напредокот на РСМ, дека е доста близок до сегашната влада во Македонија. Вистината е дека мнозинството европратеници не ја поддржаа неговата идеја да ги избрише најнезгодните моменти за РСМ. Историјата е несомнено најнезгодна и најиритирачка за Македонија. Ова беше и причината за барањето на Вајц за укинување на Заедничката комисија за историски и образовни прашања. Денешниот извештај не е само за неа. Тој зборува за огромни проблеми со владеењето на правото и уште еднаш нè потсетува дека мора да се направат уставни измени“. Ова го изјавил бугарскиот историчар и еден…

Read More

Соопштение на Левица ‼️ Братот на обезбедувањето на премиерот Мицковски се најде на платниот списокот на Државна лотарија за донации и спонзорства и тоа, ни помалку ни повеќе, туку со 24.000 евра народни пари? 📢Имено, Здружението „Визуел Продакшн“, чиј застапник е Лазар Гогов, брат на Вељо Гогов – обезбедување на премиерот Христијан Мицковски инкасирале над 1.5 милиони денари (околу 24.000 евра) државни пари како донации од Лотарија на Македонија. 🚨Од она што успеавме да пронајдеме за овие пари здружението „Визуел Продакшн“, ги добило за ангажирање на артисти за реализација на Д – фестивал во Дојран. Дали 24.000 евра се реална…

Read More

Густ чад и пламени јазици рано утринава се издигнаа над југоисточниот московски реон Капотња, пренесуваат агенциите изјави на очевидци. Првично не беше познато што е причината за пожарот. Во тој дел на руската престолнина се наоѓа Московската нафтена рафинерија. A Ukrainian drone flies into what looks like a residential building in Moscow this morning. Fascist Russia’s capital is getting hammered this morning in a huge drone attack – an oil refinery in the SE of the city was hit again, and now huge plumes of dark smoke hang in the air. pic.twitter.com/hTmNj6aw2e — Euan MacDonald (@Euan_MacDonald) June 18, 2026 Градоначалникот…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на партискиот собир во Струмица по повод 36 години од формирањето на партијата, порача дека идејата која започнала пред повеќе од три децении не само што опстанала низ сите предизвици, туку денес е посилна од кога било. Пред присутните, Мицкоски истакна дека овој јубилеј е доказ дека државата повторно има нова енергија, надеж, визија и народ кој цврсто верува во себе. Тој се осврна на историскиот пат на партијата, нотирајќи дека во изминатите 36 години имало многу тешки моменти, неправди и разочарувања, но дека секогаш кога политичките опоненти мислеле дека паднале, тие станувале уште посилни…

Read More

СДСМ преку соопштение јавно праша колку средства биле потрошени за прославата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и побара одговор од власта за трошоците поврзани со организацијата на настанот. Од опозициската партија прашуваат дали прославата ги чинела граѓаните 300.000 евра, 500.000 евра или уште повеќе, посочувајќи ги трошоците за автобуски превоз, ангажирање на вработени од јавната администрација и други организациски активности. „Колку ги чинеше тоа граѓаните? Како да го донеле Дејвид Гета?“, прашуваат од СДСМ. Од партијата оценуваат дека додека граѓаните се соочуваат со раст на цените, зголемена сиромаштија и економски предизвици, власта организира прослави наместо да се фокусира на решавање на…

Read More

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер до 40 километри на час од северен правец, особено во источните делови од државата. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степен. Според прогнозата на УХМР, од денеска до почетокот на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево со променлива облачност.…

Read More