НАЈНОВО
Автор: Press Online
– Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Како што соопшти УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во…
Патниците што ги користат железничките линии кон Велес, Битола и Гевгелија ќе треба привремено да бараат алтернативен превоз, бидејќи од 22 јуни до 1 јули ќе бидат укинати повеќе патнички возови низ државата. Од Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информираат дека прекинот е поради изведување на завршните градежни работи на делницата Скопје – Зелениково, во рамките на проектот „Градски воз“. Во наведениот период нема да сообраќаат возовите на релација Скопје – Гевгелија со броеви 611 и 631, како и возовите од Гевгелија кон Скопје со броеви 630 и 632. Прекин ќе има и на линиите Скопје – Битола, каде што се…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие две лица се лишени од вкупно пет пријави за семејно насилство. Полициски службеници од Полициска канцеларија Градско вчера во 15:35 часот во Градско го лишиле од слобода М.М.(50) од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека извесен период ја малтретирал неговата 47-годишна невенчана сопруга, а на 15.06.2026 кога во домот физички ја нападнал. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 11:45 часот во ОВР Кавадарци, 25-годишна кавадарчанка пријавила дека подолг период била малтретирана од…
Голем дел од Западна Европа моментално е зафатен од интензивен топлотен бран со невообичаено високи температури, од Велика Британија и Ирска на север, преку Германија и Франција, до Шпанија и Италија на југ. Ова исклучително топло време на прагот на летото е резултат на таканаречената топлинска купола, моќен и бавно движечки систем со висок притисок што доаѓа од Северна Африка и го заробува топлиот воздух над Европа како капак на тенџере. Според податоците од Европската служба за климатски промени Коперник, ваквите временски системи стануваат сè почести во последните 25 години, предизвикувајќи почести и поинтензивни топлотни бранови, објавува Дојче Веле. „Температури…
Министерството за внатрешни информира дека во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, од кои 11 управувале возило без возачка дозвола, четворица биле под дејство на алкохол, а едно лице управувало возило под дејство на алкохол и покрај тоа што имало активна забрана за управување. Возачи од Скопје, Куманово, Гостивар, Кривогаштани и Кочани биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола, додека возачи од Виница и Кочани управувале мопеди иако не поседувале соодветна возачка дозвола. -Под дејство на алкохол бил затекнат возач од Македонска Каменица,…
Грчкиот остров Крит беше погоден од два земјотреси со јачина од 4,6 и 5,3 степени, со разлика од неколку минути, денес околу пладне. Епицентарот е регистриран на длабочина од 14 километри под морското дно во близина на островчето Гавдос, јужно од Крит. Според порталот Cretalive, потресите се почувствувале низ целиот остров, вклучувајќи ги и градовите Ретимно и Ханија. Грчката полиција патролирала, но засега нема извештаи за материјална штета. Грчките медиуми јавуваат дека туристите во областа се итно евакуирани како мерка на претпазливост и поради ризикот од лизгање на земјиштето.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода 12 лица, откако кај нив била пронајдена дрога. Синоќа во 22:00 часот во гостиварското село Дебреше, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Р.Д.(22), Д.Џ.(21) и А.С.(22), сите од Гостивар. При преглед на патничко моторно возило „фолксваген“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.Џ., во предниот дел од возилото била пронајдена марихуана. Исто така, синоќа во 23:40 часот во Маврови Анови, на местото викано „Туристичко биро“, полициски службеници од Полициското одделение Маврово запреле патничко возило „сузуки“ со гостиварски…
Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот авион Боинг 747-8 кој ќе служи како Ер Форс Уан. Авионот беше дониран на САД од страна на катарската влада минатата година како она што беше опишано како „безусловен“ подарок. Американската војска ги заврши модификациите на луксузниот авион, чија вредност се проценува на околу 400 милиони долари. „Овој авион е трансформиран во летачка Бела куќа со ниво на луксуз какво што никој досега не видел“, рече Трамп за време на говорот во заедничката база Ендрус. Американските воздухопловни сили соопштија дека авионот сега ќе започне со почетни тест летови, кои ги опишаа како „завршен…
Мицкоски денеска објави нов рок: реконструкцијата на Владата ќе биде готова до 1 јули. Ова е уште еден во низата рокови Мицкоски ги поставува. Пред само неколку недели, Мицкоски тврдеше дека до 1 јуни ќе бидат исполнети клучните реформи. Тој рок помина. Немаше реформи. Немаше одговорност. Немаше ниту објаснување зошто рокот не е исполнет. Сега, наместо да одговара за неисполнетите реформи, Мицкоски нè префрла на нов рок – 1 јули за реконструкција на Владата. Како да е тоа најважното прашање во моментов. Реконструкцијата е само шминика. Таа не ги решава проблемите на граѓаните. Таа не ги зголемува платите, не ги намалува…
Австралија го потврди својот прв случај на птичји грип H5N1, со што високо заразниот сој на вирусот се појави на последниот континент каде што не е регистриран. Австралиското Министерство за земјоделство соопшти дека болеста е откриена кај птица преселница, кафеавата рибарка, во оддалечена област на Западна Австралија, објави Би-Би-Си. Министерката за земјоделство Џули Колинс изјави во саботата дека заразената птица е пронајдена на плажа во Националниот парк Кејп Ле Гранд, во близина на градот Есперанс, околу 700 километри југоисточно од Перт. „Сите знаевме дека не можеме засекогаш да бидеме имуни на птичји грип“, изјави Колинс на прес-конференција. Таа додаде дека…
– Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми рече дека до крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, а до 1 јули очекува списокот да се најде пред пратениците. Тој оцени дека вчерашната средба со претставници на ВРЕДИ поминала во добра атмосфера, но не изнесе детали во интерес на процесот. – Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се разгледуваат секакви опции. Во добра, пријатна атмосфера беше вчера состанокот. Се разгледуваат опции за промена на ресори, така што мислам дека многу бргу ќе го затвориме овој прв дел од процесот…
Новиот руски амбасадор Димитриј Зиков ја оствари првата официјална средба со Архиепископот Стефан. Средбата се одржа на 18 јуни, а присуствуваше и секретарот на Синодот, епископот Климент. На средбата присуствуваше и секретарот на Синодот, епископ Климент. Скопската епархија објави фотографии, без детали за разговорите. Руската амбасада соопшти дека биле разгледувани прашања за духовна соработка и традиционално пријателски односи меѓу РПЦ и МПЦ-ОА. Според објавите, приемот се одржа во пријателска атмосфера. Скопската епархија сподели фотографии од средбата, но не соопшти конкретики за темите или заклучоците од разговорите. Амбасадата на Русија информираше дека на средбата се разгледувале прашања поврзани со духовната соработка…
