Автор: Press Online

Силни грмотевици придружени со град погодија денес неколку австриски федерални покраини, а појасот на бура се помести над Словенија во раните попладневни часови. Црвено предупредување е издадено во Австрија, додека Словенечката агенција за животна средина (Арсо) го зголеми предупредувањето на портокалово за североистокот на земјата поради можноста за бури, обилни дождови и град, објавуваат Heute и 24ur.com. Црвен аларм во АвстријаВо Австрија, службата за предупредување од бури издаде црвен аларм за Тирол, Салцбург, Долна Австрија, Штаерска и Корушка. Пожарникарите имаа бројни интервенции, а некои настани, како што е фестивалот во Грац, мораа да бидат откажани. Сериозноста на бурата е потврдена…

Read More

Во партиско соопштение попладнево, партијата Влен изрази целосна солидарност со жителите на гостиварското село Дебреште, оценувајќи ја моменталната состојба со водата за пиење како скандалозна. Оттаму упатуваат апел до локалните институции и јавните претпријатија да го постават решавањето на овој егзистенцијален проблем како апсолутен приоритет и итно да преземат мерки за нормализирање на водоснабдувањето, нагласувајќи дека на граѓаните им се потребни резултати, а не оправдувања. Според нив, актуелната криза е директна последица на долгогодишното лошо управување на поранешниот градоначалник Арбен Таравари при што го обвинија оти со години ја водел општината кон хаос, оставајќи ја во тешка состоба, со наталожени…

Read More

Киев – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, соопшти дека и го враќа на Полска високото државно признание „Орден на белиот орел“, откако претходно полскиот претседател, Карол Навроцки, порача дека одликувањето се одзема поради истоиски спор. Одлуката доаѓа во контекст на зголемени тензии околу историските прашања меѓу двете соседни земји. „Бевме уверени дека ‘Орденот на белиот орел’ во 2023 година му беше доделен токму на украинскиот народ и на нашата војска. Верувам дека иднината ќе го потврди почитувањето кое Украинците го уживаат“, напиша Зеленски на „Телеграм“. Тој нагласи дека Украина не ја заборава поддршката и соработката на Полска во војната против Русија. Зеленски…

Read More

Времето и утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи, соопшти УХМР. Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Маскималните дневни температури ќе се движат во интервал од 29 до 38 степени.

Read More

Мадрид – Сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Бегоња Гомез, ќе се појави на суд за корупција и ѝ е забрането да ја напушти земјата до донесувањето на пресудата, пресуди судија во саботата. Случајот е само еден во низата корупциски скандали што го зафатија семејството на социјалистичкиот лидер и неговите поранешни соработници и ја загрозуваат стабилноста на неговата малцинска коалициска влада, објави Франс 24. Судијата Хуан Карлос Пеинадо ѝ нареди на Гомез да го предаде пасошот и ѝ забрани да ја напушти Шпанија. Таа ќе мора да се јавува на суд двапати месечно додека не се изрече пресудата, наведувајќи го…

Read More

– Центар за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека при денешната интервенција на пожар во селото Визбегово, Општина Бутел, во кој гореле дива депонија и сува трева, дошло до ненадејна експлозија, при што е повреден еден пожарникар. -Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност. Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – посочуваат од ЦУК. Воедно, потенцираат дека причината за експлозијата сè уште не е утврдена. Како што нагласуваат, според првичните претпоставки, можно е да станува збор за експлозија…

Read More

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е приведен 19-годишниот возач кој вчера удри тригодишно девојче на велосипед и избега од местото. – Денеска (20.06.2026), полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронајдоа возилото и го идентификуваа возачот. Станува збор за патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(19) од скопското село Добрино. Над возилото е извршен преглед и фотографирање, а со возачот е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР. Несреќата се случи вчера околу 19 часот во селото Визбегово, а девојчето со тешки…

Read More

Техеран – Заедничката воена команда на Иран денеска соопшти дека Ормуската Теснина повторно е затворена за пловидба, притоа наведувајќи ја како причина за таквата одлука продолжувањето на израелските напади во Либан и, како што се посочува, неисполнувањето на американската обврска да го окончи тој конфликт. Во соопштение на Командата емитувано на Иранската државна телевизија, се наведува дека доколку продолжи израелската агресија во Либан, ќе бидат преземени и дополнителни чекори. Претходно оваа седмица бродовите почнаа повторно да пловат низ Ормус откако беше склучен привремениот договор меѓу САД и Иран. Во денешните израелски напади врз јужен Либан загинаа најмалку 16 лица, само неколку…

Read More

– Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Како што соопшти УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во…

Read More

Патниците што ги користат железничките линии кон Велес, Битола и Гевгелија ќе треба привремено да бараат алтернативен превоз, бидејќи од 22 јуни до 1 јули ќе бидат укинати повеќе патнички возови низ државата. Од Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информираат дека прекинот е поради изведување на завршните градежни работи на делницата Скопје – Зелениково, во рамките на проектот „Градски воз“. Во наведениот период нема да сообраќаат возовите на релација Скопје – Гевгелија со броеви 611 и 631, како и возовите од Гевгелија кон Скопје со броеви 630 и 632. Прекин ќе има и на линиите Скопје – Битола, каде што се…

Read More

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие две лица се лишени од вкупно пет пријави за семејно насилство. Полициски службеници од Полициска канцеларија Градско вчера во 15:35 часот во Градско го лишиле од слобода М.М.(50) од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека извесен период ја малтретирал неговата 47-годишна невенчана сопруга, а на 15.06.2026 кога во домот физички ја нападнал. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 11:45 часот во ОВР Кавадарци, 25-годишна кавадарчанка пријавила дека подолг период била малтретирана од…

Read More

Голем дел од Западна Европа моментално е зафатен од интензивен топлотен бран со невообичаено високи температури, од Велика Британија и Ирска на север, преку Германија и Франција, до Шпанија и Италија на југ. Ова исклучително топло време на прагот на летото е резултат на таканаречената топлинска купола, моќен и бавно движечки систем со висок притисок што доаѓа од Северна Африка и го заробува топлиот воздух над Европа како капак на тенџере. Според податоците од Европската служба за климатски промени Коперник, ваквите временски системи стануваат сè почести во последните 25 години, предизвикувајќи почести и поинтензивни топлотни бранови, објавува Дојче Веле. „Температури…

Read More