НАЈНОВО
Автор: Press Online
Денеска на 76 години по кратко боледување почина новинарката Билјана Мартиноска. Мартиноска, која работниот век го помина во „Нова Македонија“, беше дел од онаа генерација новинари кои беа целосно предадени на својата професија. Веста за смртта на Билјана Мартиноска ја објави нејзината ќерка Ана. Мартиноска остави неизбришлива трага во покривањето на темите од културата. Таа работеше во времето кога културните рубрики на весниците и радиодифузерите имаа по најмалку 7-8 новинари, затоа што тоа беше еден од најважните елементи во борбата за идеи и културен напредок и освојување нови дострели што ја водеше македонското општество, и во времето на поранешната федерација…
Во физичка пресметка што се случила пред паркот на Универзитетот во Тетово, едно лице се здобило со убодни рани, а осомничениот е приведен од полицијата. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 јуни 2026 година околу 17:30 часот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Д.(20) и Л.А.(26), двајцата од Тетово. Во текот на инцидентот било употребено ладно оружје, при што Л.А. му нанел убодни рани на М.Д. Повредениот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде што му била укажана лекарска помош.
Протестите во Албанија на точка без враќање. Ултиматум до Рама денеска да поднесе оставка (Галерија)
Десетици илјади демонстранти маршираа во саботата низ главниот град на Албанија, Тирана, на еден од најголемите митинзи досега против проектот за луксузен одморалиште поврзан со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој стана громобран за гнев поради наводната корупција. Од крајот на мај, демонстрантите се собираат секоја вечер за да се спротивстават на планираната изградба на хотелски комплекс поврзан со ќерката на Трамп, Иванка, и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, на заштитен дел од брегот. Албанци од Европа и Америка пристигнаа во главниот град на Албанија со авион, од Грција, Косово и секој агол од албанската територија со автобус…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, се обидела да си го одземе животот. Постапка е поведена и против 33-годишен скопјанец, кој при вршење семејно насилство телесно…
На 20 јуни 2026 година во 11:00 часот во СВР Скопје, М.К.(39) од Скопје пријавила дека претходниот ден, околу 20:30 часот, на игралиште на подрачјето на Центар во Скопје, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници. Според пријавата, при нападот бил употребен и тврд предмет. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот. Извор: skopje1.mk
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. -Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, се обидела да си го одземе животот, се наведува во соопштението. Постапка е поведена и…
Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда, кои наместа ќе бидат 15 литри на квадратен метар. Како штп соопшти УХМР, процесите локално ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.
Ноќеска во 00:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.С.(43) од Велес. Од МВР информираат дека 43-годишниот С.С. бил уапсен постапувајќи по претходна пријава од неговата 72-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот домот. Претходно, С.С. пријавил дека неговата мајка извесен период вршела насилство врз неговиот малолетен син, а на 16.06.2026 и физички го нападнала. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.
Две години Владата на Христијан Мицкоски, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска презентираше детална анализа од програмата „Платформа #1198“ која ги потврдува неиполнетите ветувања и покажува дека граѓаните не го добија ветениот подобар живот односно дека владата нема никаков резултат. „После две години граѓаните не добија ни повисок стандард, ни поквалитетен живот, ниту подобри услови за живот, ниту пак пофункционални институции. Не ги добија ветувањата на Мицкоски и ВМРО пред изборите. Едноставно, граѓаните се излажани“, порача Филипче. Тој нагласи дека анализата на СДСМ за реализацијата на програмата „Платформа #1198“ покажува поразителни резултати. „Имено после две години од мандатот на…
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер. Како што соопшти Управата за ходрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 36 степени. Од понеделник следува период на…
Се очекува Кир Стармер во понеделник да објави дека ќе се повлече од функцијата британски премиер, по огромниот притисок од пратениците на Лабуристичката партија да му се направи место на Енди Бернам да стане лидер на Лабуристичката партија. Премиерот и неговите сојузници со недели инсистираа дека ќе се борат против лидерскиот предизвик од Бернам или од кој било друг, пред дополнителните избори во Мејкерфилд, на кои Барнам обезбеди триумфално враќање во Вестминстер. Но, во недела наутро, министерот за бизнис, Питер Кајл, за Скај њуз изјави дека Стармер го поминува викендот „одвојувајќи време да размисли за политичките реалности“ со кои…
Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот „Градски воз“. -Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје-Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот ‘Градски воз’, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат неколку возови – соопштија од Јавното претпријатие Македонски железници – Инфраструктура. Станува збор за патничките возови на релација Скопје – Гевгелија 611 (06.20) и 631 (16.55) и Гевгелија – Скопје…
