НАЈНОВО
Автор: Press Online
Град-хотел Свети Стефан, по пет години, се враќа на светската туристичка мапа на 1 јули, а според компанијата „Адриатик пропертис“, од сите хотели на Аман во светот, Аман Свети Стефан моментално е прв по бројот на резервации, пишува црногорскиот портал Вијести. Компанијата потврди дека сè е подготвено за пристигнување на гостите и дека ќе почнат со работа и два светски познати ресторани, „Зума“ и „Намос“, кои ќе бидат достапни за гостите на елитното одморалиште. Свети Стефан е луксузен како пред 40 години: Скриени балкони со поглед на Јадран Две лежалки и чадор за сонце чинат 240 евра на ден…
Десничарскиот кандидат Абелардо де ла Есприела тесно победи на претседателските избори во Колумбија, покажува првичното пребројување на гласовите, што означува драматична промена во начинот на кој владата ќе се справи со внатрешниот вооружен конфликт и насилство во земјата. Де ла Есприела, кој беше поддржан од Доналд Трамп, вети воена акција против нелегалните вооружени групи, трговијата со дрога и криминалот. Се чини дека тој го победи левичарскиот Иван Сепеда, близок сојузник на претседателот Густаво Петро. Де ла Есприела рече дека „денес започнува нова етапа за нашата земја, етапа изградена врз слободната и демократска волја на милиони граѓани кои избраа да…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за драстично намалување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати, која стапува на сила од полноќ. Во споредба со цените утврдени на 15 јуни, возачите од утре ќе точат значително поевтини горива, а најголемо олеснување ќе почувствуваат оние кои возат на дизел. Според новата одлука, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за дури 7,00 денари по литар. Сериозен пад има и кај бензините: Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 денари и неговата нова цена ќе изнесува 84,00 денари за литар. Бензинот…
Највисока температура од 49,8 степени е измерена во градот Омдије во Иран во последните 24 часа, објавено е на веб-страницата Огимет, која од интернет собира податоци за времето од целиот свет. Најстудено во светот во последните 24 часа беше во поларната станица Амундсен-Скот на Антарктикот, каде се измерени минус 69,8 степени. Најмногу дожд наврна во Череповец, Индија – 428,6 мм, а најсилниот ветер дуваше на Антарктикот со брзина од 145,7 км/ч. Топлотен бран ја погоди Европа во последните неколку дена, а издадени се и бројни предупредувања за топлина. Најжешкото место во Европа е Андухар во Шпанија со 42,7 степени, а Шпанија…
Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес-конференција оцени дека по две години од мандатот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард на граѓаните е намален, а најголем дел од ветувањата останале неисполнети. Според Тренчевска, наместо подобар животен стандард, граѓаните денес се соочуваат со повисоки трошоци за живот, поголема сиромаштија и економска неизвесност. „Нема ништо од ветувањата за повисоки плати, подобар животен стандард и достоинствен живот за социјално ранливите категории граѓани. Единствено што се зголемува се цените и трошоците за живот“, изјави Тренчевска. Таа посочи дека Владата ветувала инфлација од 2,5 проценти, но дека според актуелните податоци инфлацијата…
Изминатиот викенд во полиција било пријавено дека од возилo на странска амбасада во Скопје била украдена регистерска табличка за возило. Не е познато за која амбасада станува збор. – На 20.06.2026 во 13:20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на 15.06.2026 во периодот од 18:00 до 21:00 часот на подрачјето на Центар од патничко возило „фолксваген тигуан“, сопственост на странска амбасада, била одземена една регистарска табличка, се наведува во пријавата до полицијата.
Министерот за надворешни работи на Иран прогласи „напредок“ откако првиот ден од разговорите меѓу високи функционери од Вашингтон и Техеран заврши во Швајцарија, и покрај напнатиот почеток обележан со заканите на Доналд Трамп за повторно започнување на нападите. Во заедничка изјава од медијаторите Катар и Пакистан се вели дека САД и Иран се согласиле на план за постигнување конечен договор во рок од 60 дена. Техничките разговори меѓу пониско рангираните функционери ќе продолжат до крајот на неделата, според соопштението, а борбите меѓу Израел и Хезболах во Либан, поддржан од Иран, ќе бидат на врвот на агендата. „Медијацијата на Пакистан…
Во Грција официјално е отворено првото големо натпреварување во лов на Лагоцефалус, во јавноста позната како „зајачка риба“, со цел да се намали популацијата на овој инвазивен и екстремно отровен вид кој предизвикува огромни штети врз локалниот екосистем и врз грчките рибари. Поради алармантната ситуација во морето, надлежните власти и рибарските здруженија низ целата земја упатија јавен повик до сите професионални рибари и аматери да се приклучат на акцијата. За најуспешните учесници во овој масовен лов се обезбедени вредни парични и материјални награди. Овој специфичен вид риба пристигнал од Црвеното Море преку Суецкиот канал и за кус период стана сериозен…
Опозициската ДУИ изрази сериозна загриженост по изјавата на уставниот судија Осман Кадриу, кој по одлуката на Уставниот суд за укинување на албанските имиња на улици, плоштади и булевари во Тетово, посочи дека Општината не ја бранела одлуката од 2007 година, а Владата не презела активности за нејзина заштита. Од партијата оценуваат дека, доколку овие тврдења се точни, станува збор за „троен институционален неуспех“ – поради неактивноста на Општина Тетово, молкот на Владата и начинот на кој се носат одлуки за чувствителни меѓуетнички прашања. „Неприфатливо е историска одлука што речиси две децении е дел од идентитетот на градот да остане без…
Регионалниот здравствен инспекторат во бугарскиот град Варна денеска соопшти дека е воведена привремена забрана за капење на Офицерската плажа поради значително зголемено присуство на бактерии во морската вода. Според соопштението, анализите покажале особено високо ниво на бактериите ешерихија коли и цревни ентерококи, поради што надлежните одлучиле привремено да го забранат капењето на оваа плажа. Како што пренесува бугарскиот портал „Нова“, на плажата ќе биде поставена предупредувачка табла со која посетителите ќе бидат информирани дека капењето во оваа област е привремено забрането. Во меѓувреме, регионалниот гувернер на Варна свикал состанок со претставници на Регионалниот здравствен инспекторат и концесионерите на плажите, со…
Воведувањето на авиолинијата Виена – Охрид има огромно значење за Охридскиот аеродром. Ќе придонесе за поголем број странски туристи и за економски равзој на Охрид и Охридскиот Регион, оценува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид викендов слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид и охридското крајбрежје добиваат директна поврзаност со уште една европска дестинација. Со ова, од Охридскиот аеродром се реализираат вкупно 16 авиолинии, од кои…
На граничните премини „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од…
