НАЈНОВО
Автор: Press Online
Регионалниот здравствен инспекторат во бугарскиот град Варна денеска соопшти дека е воведена привремена забрана за капење на Офицерската плажа поради значително зголемено присуство на бактерии во морската вода. Според соопштението, анализите покажале особено високо ниво на бактериите ешерихија коли и цревни ентерококи, поради што надлежните одлучиле привремено да го забранат капењето на оваа плажа. Како што пренесува бугарскиот портал „Нова“, на плажата ќе биде поставена предупредувачка табла со која посетителите ќе бидат информирани дека капењето во оваа област е привремено забрането. Во меѓувреме, регионалниот гувернер на Варна свикал состанок со претставници на Регионалниот здравствен инспекторат и концесионерите на плажите, со…
Воведувањето на авиолинијата Виена – Охрид има огромно значење за Охридскиот аеродром. Ќе придонесе за поголем број странски туристи и за економски равзој на Охрид и Охридскиот Регион, оценува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид викендов слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид и охридското крајбрежје добиваат директна поврзаност со уште една европска дестинација. Со ова, од Охридскиот аеродром се реализираат вкупно 16 авиолинии, од кои…
На граничните премини „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од…
Иранските преговарачи ги прекинаа разговорите со висок ризик со САД во Швајцарија во знак на протест поради низата закани упатени од Трамп за бомбардирање на Иран, па дури и за киднапирање на иранскиот преговарачки тим доколку Ормускиот теснец не се отвори повторно. Не беше јасно дали одлуката на Иран беше траен или симболичен протест. Но, пред да ги напушти разговорите лице в лице во Бургеншток, Иран постигна нацрт-договор за тоа како САД ќе издадат одлука за укинување на санкциите за извоз на иранска нафта, еден од клучните предуслови пред Иран да започне разговори за неговото нуклеарно досие. Иранските официјални…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Фокс њуз во неделата упати остро предупредување до Иран во врска со Ормускиот теснец, заканувајќи се дека ќе ги „разнесе во воздух“ ако Техеран го затвори виталниот воден пат, објави Фокс њуз. Трамп разговараше со главниот странски дописник на Фокс њуз, Треј Јингст, велејќи дека упатил директно предупредување до раководството на Иран ако Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) го затвори Ормускиот теснец. „Затворете го и нема да имате земја“, рече Трамп. „Нема ни да се вратите во вашата ебана земја“. Трамп рече дека 19 милиони барели нафта поминале низ Ормускиот теснец во саботата, додавајќи…
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата, по темелна анализа и врз основа на директните забелешки и предлози од синдикатите и претставниците на судската и јавнообвинителската служба, поднесе вкупно 82 амандмани на предложените законски решенија за судската и јавнообвинителската служба. Од нив, 55 амандмани се однесуваат на Законот за судска служба, 27 на Законот за јавнообвинителска служба, а дополнително 19 амандмани ќе бидат поднесени како комисиски амандмани. Предлог измените се резултат на сериозни укажувања од стручната јавност и синдикалните претставници, кои јасно предупредуваат дека предложените решенија во сегашна форма во предлог-законите ја загрозуваат независноста на судството и значително ја влошуваат положбата…
Сточарите од Пелагонија најавуваат протест за 30 јуни ако дотогаш не им се исплатат субвенциите по грло говедо и премијата за млекото. Здружението на сточари од Пелагонија „Пелагониско поле“, ги повикува сите сточари и земјоделци кои не се задоволни од исплатата на субвенциите да им се придружат на протестот во Битола со блокада на подрачната единица на Министерството за земјоделие во центарот на градот. Револтот расте поради неисплатените субвенции за грло говедо за 2025 година и поради неиплатената премија за предадено литар млеко во преработувачки капацитети од јуни 2025 досега, што значи 12 месеци. Сточарот Гицка Ѓоргиева вели: „Го уништивте…
Во анектираниот Крим, по украинските напади врз нафтено складиште и фериботски премин во Керч, продажбата на гориво на граѓаните и бизнисите е целосно суспендирана. Ограничувањата стапија на сила во 9 часот наутро на 21 јуни за физички и правни лица, според Сергеј Аксјонов, „гувернер“ на регионот назначен од Русија. Бензинот и дизел горивото се суспендирани на сите бензински пумпи на полуостровот, или за готовински или безготовински плаќања, или преку купони. Според Аксјонов, само „владините служби кои го обезбедуваат функционирањето и безбедноста“ на Крим можат да набават гориво. „Шефот“ на регионот не го прецизираше времетраењето на ограничувањата, истакнувајќи само дека…
Роднини и пријатели од Кочани пристигнаа во Скопје и започнаа потрага по исчезнатото лице Асанов Агуш, кој избегал од Државната болница. Потрагата започна од Кочани, а продолжува низ Скопје. Во моментов роднините се наоѓаат на Железничката станица, по што ќе продолжат со пребарување низ градот и во кругот на Државната болница, во кординација со тимот на Рома Прес. Се апелира до сите граѓани, доколку го забележат или имаат каква било информација за Асанов Агуш веднаш да ги известат неговите блиски или да пријават во најблиската полициска станица. Ве молиме споделете за да се пронајде лицето што е можно побрзо, апелираат…
Опозициската СДСМ нема да го „предизвикува“ ВМРО-ДПМНЕ за да се оди на предвремени избори и нема да му дава алиби на премиерот за можната намера да се оди на гласање. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција рече дека изјавите на премиерот Христијан Мицкоски на оваа тема се контрадикторни – најавува дека тие владејачката партија сака редовни избори, но ќе бил за гласање пред рокот ако за тоа бидат предизвикани, иако не кажа од кого. Филипче го повтори ставот од пред неколку дена дека партијата нема да биде алиби за можните идни чекори на владејачкото мнозинство. Според Филипче, на…
Полициски службеници денеска во Скопје лишиле од слобода 66-годишен државјанин на Бугарија, откако бил пријавен за вознемирување на жена на подрачјето на општина Аеродром. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 21 јуни 2026 година во 07:50 часот во Скопје бил приведен В.Н.(66) од Република Бугарија, постапувајќи по претходна пријава од 29-годишна жена. Според пријавата, околу 06:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, мажот ја следел жената и се самозадоволувал пред неа. Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Извор: skopje1.mk
Изјавата на уставниот судија Осман Кадриу по одлуката за поништување на имињата на улиците, булеварите и плоштадите во Тетово и враќањето на имињата од југословенскиот период претставува исклучително загрижувачко сведоштво за начинот на кој се водела оваа постапка, велат од ДУИ. „Според самиот Судија Кадриу: Општина Тетово не ја бранела својата одлука од 2007 година и не ги презентирала потребните аргументи пред Уставниот суд; Владата не доставила никаков конкретен одговор и не презела никакви чекори за одбрана на овој акт; Одлуката е донесена со етничко надгласување, при што двајцата судии албанци и еден судија турчин останале во малцинство. Доколку овие…
