Автор: Press Online

Австралиската полиција заплени 2,7 тони кокаин скриени во подземен систем од скривници во западниот дел на Сиднеј, јави денеска Би-Би-Си, истакнувајќи дека ова е најголемата ваква операција во историјата на земјата. Наркотиците, чија приближна пазарна вредност се проценува на 816 милиони австралиски долари (околу 500 милиони евра), биле откриени во петокот, сокриени под двојни подови во три транспортни контејнери на имот во Лондондери. Притоа се уапсени двајца мажи, на возраст од 21 и 25 години, кои, како што се тврди, се обиделе да ѝ побегнат на полицијата. Тие се обвинети за поседување комерцијално количество нелегално увезена наркотична супстанција, која подлежи…

Read More

Сообраќајната несреќа се случила денеска, претпладне, на улица „Раштански пат“ каде бил удрен и усмртен педесет и четири годишниот О.Ѓ од Велес од страна на неговиот една година постар сограѓанин С.Д На поставеното новинарско прашање од страна на Дума.мк за тоа што се случило пред влезна капија на улица Раштански пат и што точно се случило од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес одговорија ;Во СВР Велес било пријавено дека околу 11:00 часот на улица Раштански пат во Велес, товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот…

Read More

Партијата ВЛЕН е спремна за избори, особено после позитивниот резултат на локалните избори, вели првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Но, смета дека граѓаните очекуваат да видат остварување на ветеното. Во прилог на тезата дека не се плашат од избори во кој било момент, генералниот секретар на ВЛЕН вели дека раководат со десет општини и тој факт е добра почетна точка за разлика од нивните опоненти кои се во опозиција. – Овој став е пренесен и во јавноста и на опозицијата и на партнерите дека сме спремни за…

Read More

Чешката влада денеска соопшти дека нема да го вклучи претседателот Петр Павел, поранешен висок функционер на НАТО, во чешката делегација за самитот на Алијансата следниот месец, со што ја наруши традицијата и предизвика правна битка со државниот врв. Премиерот Андреј Бабиш, лидер на популистичката партија „Акција на незадоволните граѓани“ (АНО), кој ги загуби претседателските избори во 2023 година од Павел, изјави дека е должност на владата да ги брани своите позиции, вклучително и ниските трошоци за одбрана. – Ова е многу специфичен самит – изјави Бабиш на прес-конференција. – Веројатно нема да биде многу пријатен за нашата земја, но ние…

Read More

Во скопски Бит Пазар, ноќеска околу полноќ, 31-годишниот Г.Ј. бил примен во болницата „Св. Наум Охридски“ со повреди од остар предмет, информира МВР. Според првичните информации, вчера околу 23:35 часот, тој бил физички нападнат од повеќе лица, при што еден од напаѓачите – малолетник – употребил остар предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира МВР во Билтенот.

Read More

Иран за време на разговорите со Соединетите Американски Држави во Швајцарија не преговарал за својата нуклеарна програма, ниту, пак, прифатил какви било нови обврски – изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, за иранската новинска агенција ИРНА. Тој истовремено наведе дека соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе продолжи во согласност со постоечките процедури, одлуките на иранскиот Парламент и Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Претходно денеска, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека Иран се согласил повторно да ги повика инспекторите на МААЕ во земјата. – Тоа е голема…

Read More

Прв пат слушам за такво нешто. “ – Ова е ставот на премиерот Мицкоски  за прозивките од бугарската „Фондација Македонија“  дека генералниот секретар Јанушев поседувал бугарско државјанство и фирми во Бугарија. Според Мицкоски, станува збор за шпекулации и конструкции, за кои вели дека не сака да ги коментира – наместо тоа, порача, дека треба да се најде начин за решение на спорот. Христијан Мицкоски премиер : Прв пат слушам за такво нешто. Инаку фондации и секакви глупости по нивните портали, ќе прочитате за сите нас. Сега ние, не може за секоја глупост нивна да ја коментираме. Дајте да зборуваме за…

Read More

На 22.06.2026 во 02:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул„Орде Чопела“ во Прилеп, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Д.М. од Прилеп, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

Read More

Против осомничениот сторител е формиран предмет за кривично дело убиство со умисла, што денеска беше доставен до Основното јавно обвинителство во Ханија, по што ќе следуваат предвидените судски постапки, информираше директорот на полицијата во Ханија Канелос Николау за убиството на 45-годишната Гркинка, кое го стори и призна 43-годишен македонски државјанин. Николау, заедно со генералниот полициски директор на Крит, Георгиос Ду̀кис, денеска излегоа со детали околу истрагата за расчистување на убиството на Ставрула Левендаки објаснувајќи дека станува збор за исклучително сложен случај, бидејќи исчезнувањето на жената било пријавено на 8 јуни 2026 година, а истрагата утврдила дека таа исчезнала уште на…

Read More

Тирана – Премиерот на Република Албанија Еди Рама денеска престојуваше во официјална посета на Париз, со работен ручек во Елисејската палата, на покана на претседателот на Франција, Емануел Макрон. Посетата е во рамките на политичкиот дијалог на високо ниво меѓу Албанија и Франција, за понатамошно зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, дијалогот за новиот пристап кон процесот на членство, за кој албанскиот премиер беше еден од најохрабрувачките гласови, како и претстојниот самит на НАТО во Анкара, посочува албанската државна Агенција за медиуми и информирање.  Се додава дека Албанија ја цени улогата на Франција и личната посветеност на претседателот Макрон…

Read More

Североисточните, југозападните и западните делови од државава попладнево беа зафатени од нестабилно време со дожд и ветер. Нестабилноста беше поизразена во Охридско-Преспанскиот регион, северно од Кичево, југоисточно од Гостивар. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека дувал умерен повремено засилен северен ветер кој наместа достигнал брзина од 40 километри на час. Според УХМР, во моментот сите облачни јадра се стратифицираат. Нестабилното време се очекува да продолжи и во вечерните часови кога во делови од државата ќе има појава на пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи, а можна е и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен…

Read More

Будимпешта – Унгарскиот премиер Петер Маѓар, на вонредна седница на Парламентот – изјави дека неговата влада ќе иницира уставни измени за разрешување на претседателот на земјата, Тамаш Суљок. Локални медиуми посочуваат дека владата ќе ја започне уставната реформа наесен. Во своето обраќање пред пратениците, премиерот нагласи дека неговиот кабинет ќе преземе и широк спектар економски, политички и правни мерки со цел да се искорени корупцијата во Унгарија. Меѓу овие мерки е и формирањето нова институција – Национална служба за заштита и за враќање на имот. Најавата за уставните измени следува откако на почетокот на јуни Петер Маѓар изјави дека ќе…

Read More