НАЈНОВО
Автор: Press Online
Претседателот и судиите во Уставниот суд на Република Северна Македонија од 1 октомври оваа година ќе земаат повисоки плати од оние што во моментов за нив ги предвидува Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во државата. Епилогот следува откако уставните судии ги укинаа измените на Законот од февруари годинава кои се однесуваат на нив, а со кои беа намалени коефициентите за пресметка на платите на сите функционери. Одлуката е донесена на седницата одржана на 17 јуни. Оваа околност помина под радарот на јавноста, делумно затоа што на истата седница се укина преименувањето на улиците и плоштадите…
– На територија на државата до 16 часот имало 10 пожари на отворен простор од кои два се уште се активни, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи. Активни пожари, според ЦУК, има нмеѓу селата Грчец и Шишево во општина Сарај каде гори ниска вегетација и мешана шума и кај селото Калаузлија во општина Радовиш. Останатите осум пожари се изгаснати.
Врховниот суд на Шпанија денеска го осуди поранешниот министер за транспорт Хосе Луис Абалос на 24 години затвор поради корупција, што претставува прва пресуда од серијата скандали кои ја засегаат владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија. Абалос беше прогласен за виновен по обвиненијата за учество во криминална организација, примање поткуп, злоупотреба на средства и за трговија со влијание. Обвиненијата се поврзани со местење јавни набавки за медицинска опрема, вклучително и заштитни маски за време на пандемијата на Ковид-19, кога тој ја извршуваше министерската функција. Неговиот соработник Колдо Гарсија е осуден на 19 години затвор. Бизнисменот Виктор де Алдама, кој се смета…
Поради големиот пожар на местото за отстранување на отпад во близина на Мостар, кој ги зафати и службените простории и местото за отстранување на гуми, квалитетот на воздухот е сериозно загрозен, па затоа градските служби издадоа предупредување до граѓаните и им препорачаа да избегнуваат престој на отворено. Пожарникари од Мостар со неколку возила, припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина со цистерни го гаснат пожарот од утрово, а во гаснењето од воздух беше вклучен и авионот „Ер Трактор“. Градот Мостар предупреди дека материјалите горат во подлабоки слоеви на депонијата, па густ чад со нездрави честички се шири кон населбите.…
МВР: Вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода
Во последното деноноќие регистрирани се вкупно девет пријави за семејно насилство и лишени од слобода се седум лица, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во Гевгелија, вчера во 17:26 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.С. (51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Во СВР Скопје денеска во 06:50 часот, 37-годишна жена пријавила дека…
Западна Европа е погодена од жесток топлотен бран за кој се очекува да ги сруши температурните рекорди. Половина од Франција е под црвена тревога, железничките услуги во Белгија се прекинати, а спортските настани во Шпанија и Германија се откажани или одложени. Француските власти во понеделник издадоа највисока црвена тревога за 49 од 96 континентални департмани, повикувајќи 35 милиони луѓе да бидат „тотално внимателни“ со редовно пиење вода, избегнување на напорни активности и директно изложување на сонце. Портокалова тревога е издадена за уште 40 департмани. „Многу високи температури продолжуваат низ целата земја долго време“, соопшти националната метеоролошка служба Метео-Франс. „И…
Кир Стармер денес поднесе оставка од функцијата премиер на Велика Британија. Како што рече, се очекува новиот премиер да ја преземе функцијата кон средината на јули ако има само еден кандидат, или до крајот на август ако има избори. А британските медиуми веќе пишуваат многу за најсериозниот наследник. Имено, едно име се издвои во сè погласните шпекулации: градоначалникот на Манчестер, Енди Барнам, пред десет години, неуспешно се кандидираше двапати за претседател на партијата, а сега се споменува како главен предизвикувач за лидерската позиција на владата и на Лабуристичката партија. Роден е во 1970 година во Ливерпул и пораснал во Калчет,…
Црна Гора е практично подготвена да се приклучи на Европската унија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по дводневниот самит на лидерите на ЕУ во Брисел. Според него, ситуацијата во Западен Балкан се разликува од онаа во Украина. „Преговараме за членство во ЕУ со овие земји речиси 20 години, а барем една од нив, Црна Гора, е практично подготвена за пристапување“, рече германскиот канцелар. Тој додаде дека повеќето преговарачки поглавја се веќе завршени и дека Црна Гора „веќе може да влезе во последната фаза“ од процесот на пристапување. Како што истакна, клучното прашање е дали земјите од Западен Балкан треба…
Поминаа две години од владеењето на Мицкоски и ВМРО, младите загубија години и загубија надеж. Во Платформата 1198, Мицкоски и ВМРО ветуваа намалување на иселувањето, подобар животен стандард, задржување на младите во државата и дури 70.000 нови работни места, рече Петар Огњеновиќ – СДММ, на денешната прес-конференција. Вели „Ветуваа поддршка за образование, домување, претприемништво и конкретни мерки што ќе им помогнат на младите да останат и да ја градат својата иднина дома. По две години, нема ништо од тоа. Ги излажаа младите! Мицкоски им ја украде иднината. Го блокираше европскиот пат на Македонија“. – Advertisements – „Наместо надеж,…
Две години по големата изборна победа британскиот премиер Кир Стармер денеска поднесе оставка осрамотен поради драматично големата непопуларност во земјата и неколкуте големи изборни порази на локалните избори. Во емотивно обраќање пред Даунинг стрит 10, на кое не му недостасуваа и солзи, Старемр рече дека ќе се повлече од функцијата лидер на Лабуристите и премиер откако мораше да прифати дека неговата партија не верува оти е во најдобра позиција да ја предводи земјата на следните општи избори. Стармер тоа што стана премиер го опиша како „најгорд момент“ во неговиот живот Тој рече дека наследил Лабуристичка партија која била „политички,…
„Она што во овој момент можам да го кажам е дека ќе имаме одредена корекција на буџетскиот дефицит нагоре и првпат ќе имаме зголемување на буџетски дефицит како резултат на зголемени потреби за финансирање на капиталните расходи, односно капиталните инвестиции. А, и во исто време имаме одредени корекции, на приходната страна, во делот на акцизата поради мерките што ги имавме во изминатиот период“, изјави денеска ресорната министерка одговарајќи на новинарско прашање Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска најави дека е планирано ребалансот на буџетот утре да се разгледува на владина седница, а од она што можеше да го сподели со…
Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираа дека сите осомничени во предметот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обезбедени и во моментов нема лица кои се недостапни за органите на прогонот. Како што соопштија од Обвинителството, денеска за двајца осомничени се определени мерки на претпазливост, додека за едно лице е изречена мерка куќен притвор. „Денеска се определени мерки на претпазливост за двајца осомничени и еден куќен притвор, така што сите осомничени се обезбедени, никој не ни недостасува“, информираа од Обвинителството. Со ова, според надлежните, сите лица опфатени со истрагата за случајот поврзан со ФФМ…
