НАЈНОВО
Автор: Press Online
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска посхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева, историчарка, професорка и авторка. Проева се одликува со ова високо признание за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија. Орденот ќе го прими нејзината сестра Павлина Проева
Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека е Сеул е подготвен, ако сакаат, да ги прими севернокорејските воени заробеници од Украина. – Јужна Кореја ќе ги прифати севернокорејските граѓани заробени од украинските сили за време на нивните борби на страната на Русија, доколку сакаат, се наведува во соопштението на јужнокорејското МНР. Во соопштението се потенцира дека Јужна Кореја е против на репатријацијата на севернокорејските воени заробеници во Северна Кореја против нивна волја. Во Сеул на 30 јуни е предвидена средба помеѓу министрите за надворешни работи на Јужна Кореја и Украина, Чо Хјун и Андриј Сибиха. Северна Кореја е…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Како што посочува, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и…
– Министерката за финансии Гордана Кочоска денеска призна дека во буџетот нема пари. Целиот планиран годишен буџетски дефицит е потрошен уште во првите шест месеци од годината. Со најавениот ребаланс, Владата планира дополнително да го зголеми дефицитот, и покрај претходните ветувања дека ќе го намалува. Ова не е изненадување. Тоа е директна потврда на она што СДСМ го предупредуваше уште од почетокот на мандатот на оваа Влада – наведува СДСМ. Граѓаните најдобро знаат какво е вистинското состојба на економијата. Доволно е да погледнат во своите паричници и фрижидери. Таму не се гледа „трета економија во Европа“, туку раст на трошоците…
Талин – Естонија вчера го доби својот прв систем за воздушна одбрана со среден дострел ИРИС-Т, произведен во Германија, соопшти естонската армија. – Ова е важен ден за естонските вооружени сили и естонските воздухопловни сили. Тукушто го започнуваме нашето патување кон зајакнување на нашата воздушна одбрана и иако може да ни требаат месеци за да ја обезбедиме потребната обука за операторите и да го ставиме овој систем во функција, сè уште сме на работ на значаен квалитативен скок во нашите капацитети за воздушна одбрана, истакна командантот на естонските воздухопловни сили Рииво Валге. Предвидено е на Естонија следната година да ѝ се…
Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) упати остар апел до Владата и парламентарното мнозинство, барајќи итно да се спречи негативното влијание на идеологијата на „српскиот свет“ и Северна Македонија одлучно да се врати на патот кон евроинтеграциите.Во официјалното соопштение, партијата го поздрави усвојувањето на најновиот извештај на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија. Според СДА Македонија, овој документ реално ги отсликува состојбите во државата и нуди прецизен преглед на чекорите што властите мора да ги преземат за да се изгради просперитетна, демократска, функционална и праведна европска држава.Од партијата упатија сериозни критики до власта, предупредувајќи дека владејачкото мнозинство…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по учеството на состанокот на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), најави очекувања за сериозно поевтинување на нафтените деривати во земјава. Според владините математики и калкулации направени врз основа на движењата на светските берзи, премиерот истакна дека се очекува пад на цената на бензините за 2,5 до 3 денари, додека кај дизелот се предвидува уште подрастично намалување од околу 7 денари по литар. Мицкоски сепак потенцираше дека конечниот збор и официјалните математики ги носи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) која треба да излезе со новата одлука.Прашан за влијанието на глобалните геополитички…
Поминаа три дена откако во јавноста излегоа сериозни информации поврзани со работењето на поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. Во напис објавен во печатен медиум беа изнесени скандалозни информации дека Рустеми вршел притисок врз една од најголемите европски компании за производство на заштитни огради да не учествува на тендери во Република Северна Македонија, изјави на прес-конференција Мухамед Елмази од Вреди, што МИА ја пренесува интегрално. Една европска компанија била тргната настрана, а патот бил отворен за компанија од Србија. Тука не зборуваме за обичен тендер. Тука зборуваме за елиминирање конкуренција, за фаворизирање фирма и за милионски…
Првиот вицепремиер, министер за европски прашања и генерален секретар на Влен, Беким Сали, во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 рече дека при преговорите за реконструкција на Владата што се во тек, Влен ќе има освежувања во своите редови. Засега е извесно дека две имиња ќе ги нема во реконструираната влада. Арбен Фетаи даде оставка од вицепремиерското место за добро владеење, како и Фатмир Лимани, министерот за социјална политика, демографија и млади, со оглед на неговото разидување со неговата поранешна партија Беса, сегашна Влен. На прашањето дали треба да се очекуваат промени во делот на кадровските решенија, Сали одговори потврдно.…
Австралиската полиција заплени 2,7 тони кокаин скриени во подземен систем од скривници во западниот дел на Сиднеј, јави денеска Би-Би-Си, истакнувајќи дека ова е најголемата ваква операција во историјата на земјата. Наркотиците, чија приближна пазарна вредност се проценува на 816 милиони австралиски долари (околу 500 милиони евра), биле откриени во петокот, сокриени под двојни подови во три транспортни контејнери на имот во Лондондери. Притоа се уапсени двајца мажи, на возраст од 21 и 25 години, кои, како што се тврди, се обиделе да ѝ побегнат на полицијата. Тие се обвинети за поседување комерцијално количество нелегално увезена наркотична супстанција, која подлежи…
Сообраќајната несреќа се случила денеска, претпладне, на улица „Раштански пат“ каде бил удрен и усмртен педесет и четири годишниот О.Ѓ од Велес од страна на неговиот една година постар сограѓанин С.Д На поставеното новинарско прашање од страна на Дума.мк за тоа што се случило пред влезна капија на улица Раштански пат и што точно се случило од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес одговорија ;Во СВР Велес било пријавено дека околу 11:00 часот на улица Раштански пат во Велес, товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот…
Партијата ВЛЕН е спремна за избори, особено после позитивниот резултат на локалните избори, вели првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Но, смета дека граѓаните очекуваат да видат остварување на ветеното. Во прилог на тезата дека не се плашат од избори во кој било момент, генералниот секретар на ВЛЕН вели дека раководат со десет општини и тој факт е добра почетна точка за разлика од нивните опоненти кои се во опозиција. – Овој став е пренесен и во јавноста и на опозицијата и на партнерите дека сме спремни за…
