НАЈНОВО
Автор: Press Online
Украина удира силно со дронови во Москва, но Русија ги празни градовите во Донецк со страшна тактика
Надија Трофимчук, 79, целиот свој живот го поминала во источниот украински град Слoвјанск и и покрај тоа што војната во Донбас трае повеќе од една деценија, таа никогаш сериозно не размислувала да замине. Слoвјанск бил нејзин дом, градот каде што пораснала, работела, одгледала семејство и уживала во периоди на мир меѓу брановите на конфликти. Дури и по почетокот на руската инвазија во 2022 година, таа остана уверена дека ситуацијата ќе се стабилизира и дека нејзиниот град, како и многу пати претходно, ќе издржи, изјави таа за „Њујорк тајмс“. Но, едно утро во април оваа година сè променило. Седнала на…
За да се гарантира безбедна туристичка сезона, албанската полиција ќе соработува и со хомологни структури во соседните земји. -Меѓународната полициска соработка за летото ќе биде со Македонија, Косово, Црна Гора и Италија. Нашата полиција ќе обезбеди заеднички патролни служби, со овие земји, чии полицајци ќе доаѓаат во нашата земја, а се во интерес на туристите. Заедничките патроли ќе бидат долж крајбрежјето но и на најфреквентните патни правци, изјави Димитраќ Зиу, директорот на Одделот за јавен ред и безбедност при албанската државната полиција. За таа цел, според него, ќе бидат потпишани договори за соработка со важност за периодот на летната сезона. …
Премиерот Христијан Мицкоски денес реагираше дека Бугарија преку дипломатска нота открила јавно дека неговата сопруга и едниот од двата сина три дена минале во Пампорово и дека со тоа им ја загрозиле безбедноста. За ова, рече премиерот, ќе биде информирана НАТО алијансата. – Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе една дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово, нешто што е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена, рече тој денеска како одговор на новинарско прашање. Мицкоски додаде дека и дипломатските ноти кои ги има Македонија за…
Сообраќајот на магистралниот пат А4, на делницата Струмица – Радовиш, денеска од 11:10 часот е во целосен прекин поради излевање моторно масло на коловозот, информираат од АМСМ. Прекинот е воведен кај месноста Широк Дол, непосредно пред селото Владевци, каде што од товарно возило се излеало моторно масло на патот. Од АМСМ соопштуваат дека на местото веднаш биле испратени екипи на „Македонија пат“, кои во моментов работат на расчистување и санација на коловозот. Сообраќајот на оваа делница е во прекин за сите патнички и товарни моторни возила, а возилата се пренасочуваат по стариот регионален пат. Од надлежните институции апелираат до возачите…
Во ноќта на 23 јуни, украински дронови започнаа масовен напад врз цели во анектираниот Крим. Според украинскиот ресурс за следење „Супернова“, погодена е големата електрична трафостаница во округот Советски. Според сателитските снимки на НАСА, во објектот избувнал пожар. Претплатниците на каналот на Телеграм „Кримски ветер“ пријавиле „силна експлозија“ во округот Советски околу 2 часот наутро. Каналот, исто така, пријавил пожар во близина на трафостаницата која снабдува со електрична енергија пумпна станица. Дополнително, според „Кримски ветер“, депото за нафта во пристаништето Керч, кое сè уште не е изгаснато по нападот на 21 јуни, и нафтениот терминал во пристаништето Кавказ во…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека однапред ги прифаќа бугарските барања и ја подготвува македонската јавност за нови национални отстапки доколку дојде на власт. Според Петрушевски, во период кога од Бугарија, како што рече, секојдневно пристигнуваат пораки со кои се негираат македонскиот јазик, историја и идентитет, Филипче не покажува загриженост и не зазема цврст став во одбрана на националните позиции. „Филипче не преговара, не бара гаранции и не поставува црвени линии. Напротив, тој уште пред да добие каква било одговорност од граѓаните испраќа порака дека е подготвен…
Организаторите на протестите што речиси четири недели се одржуваат во Тирана поради контроверзниот проект поврзан со Џаред Кушнер, ја објавија листата на барања до владата. Со неа се бара оставка на премиерот Еди Рама, формирање техничка влада, уставни реформи и „нов општествен договор“. Во соопштение прочитано во име на организаторите, беше нагласено дека главното барање е „безусловна оставка на премиерот и на владата“, придружена со формирање непартиска преодна влада со мандат од 12 месеци. Тие бараат и уставни измени за да се обезбеди еднаквост на граѓаните пред законот, при што измените би се усвоиле преку народен референдум. Меѓу предлозите…
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска во 18 часот организира протестен марш под мотото „Не за нова дозвола по стари правила“, кој ќе започне пред Собранието и ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Од иницијативата наведуваат дека протестот се организира поради, како што велат, сериозни недостатоци во постапката за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола за цементарницата „ТИТАН Усје“. Според активистите, објавената документација не е усогласена со идните европски стандарди и содржи помалку информации од постојната дозвола. Тие тврдат дека во барањето се наведени гранични вредности само за три загадувачи, при што дел од нив остануваат значително…
Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш потврди дека владата поднела предлог-закон за забрана на употребата на мобилни телефони во училиштата од септември 2027 година, со цел да се ограничи времето што децата на училишна возраст го поминуваат пред екраните. Забраната ќе се однесува на употребата на телефоните во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели. Полска овој месец го следеше примерот на Холандија, Јужна Кореја и Италија и ги забрани паметните телефони во училиштата поради загриженост за нивното влијание врз концентрацијата и однесувањето на учениците. Бабиш истакна дека владата размислува…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска посхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева, историчарка, професорка и авторка. Проева се одликува со ова високо признание за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија. Орденот ќе го прими нејзината сестра Павлина Проева
Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека е Сеул е подготвен, ако сакаат, да ги прими севернокорејските воени заробеници од Украина. – Јужна Кореја ќе ги прифати севернокорејските граѓани заробени од украинските сили за време на нивните борби на страната на Русија, доколку сакаат, се наведува во соопштението на јужнокорејското МНР. Во соопштението се потенцира дека Јужна Кореја е против на репатријацијата на севернокорејските воени заробеници во Северна Кореја против нивна волја. Во Сеул на 30 јуни е предвидена средба помеѓу министрите за надворешни работи на Јужна Кореја и Украина, Чо Хјун и Андриј Сибиха. Северна Кореја е…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Како што посочува, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и…
