Автор: Press Online

Македонија за првпат од осамостојувањето е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации, познат како ЕКОСОК, за мандатниот период 2027-2029 година. На гласањето во Њујорк земјата добила поддршка од 174 земји членки на ОН. Изборот значи дека Македонија во следните три години ќе има директно место во едно од најважните тела на системот на Обединетите нации за економски, социјални, развојни и хуманитарни прашања. ЕКОСОК не е тело што одлучува за војна, мир или санкции, како Советот за безбедност, но има значајна улога во обликувањето на меѓународните политики за развој, одржливост, сиромаштија, образование, здравство, човекови права, родова…

Read More

Со изведување материјални докази, денеска, во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судскиот процес против 13-те полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени. Пред судот беше изведен писмен извештај од Институтот за судска медицина за извршена обдукција на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година. Ова е истиот извештај што веќе беше презентиран на главниот предмет за пожарот што се води во судницата во „Идризово“. Според извештајот, смртта на сите…

Read More

БРИСЕЛ — Група обвинета дека е проруска и промовира псевдонаука и теории на заговор во кои се вклучени вонземјани доби зелено светло да одржи настан во Европскиот парламент во Брисел. Кога беа покренати поплаки за контроверзната организација која се наоѓа во просториите на Парламентот, телото кое се занимава со администрацијата рече дека „нема доволно основи за спроведување истрага“. Глобалниот истражувачки центар „АлатРа“ одржа настан во Парламентот во февруари за опасностите од нанопластиката, заедно со крајно десничарскиот чешки европратеник Ондреј Кнотек од групата „Патриотс“. „АлатРа“ се опишува себеси како „меѓународен истражувачки тинк-тенк фокусиран на планетарните ризици, системските еколошки предизвици и човековите…

Read More

СДСМ денеска од пред Јавното обвинителство побара одговор на клучното прашање кое ја интересира целата јавност: дали постои дил меѓу Христијан Мицкоски и Асмир Јахоски од Пуцко Петрол за случајот „Мазут”, тежок 167 милиони евра? Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочи дека постојат сериозни сомнежи за политичко влијание врз правосудниот систем и селективна правда откако овој случај беше прекинат од обинителството. „Како тоа се одредува притвор за недокажани 1.800 евра, а се прекинува постапка за 167 милиони евра?. Како тоа бодигардот на Мицкоски условно се пушта за претепување, а за недокажани 1.800 евра се одредува притвор?” Причината за ваквите…

Read More

СДСМ преку соопштение оцени дека пораките кои деновиве пристигнаа од европските институции претставуваат потврда на ставовите што партијата ги застапува со месеци и, како што велат, ги разобличуваат тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски и Владата. Од опозициската партија посочуваат дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно ставил до знаење дека уставните измени остануваат единствениот услов за формално отворање на пристапните преговори со Европската Унија. „Лагите со кои Мицкоски ги манипулираше граѓаните се потопени“, велат од СДСМ во соопштението. Партијата се повикува и на извештајот за земјава што беше усвоен од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, подготвен од…

Read More

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул го повика рускиот претседател Владимир Путин да се приклучи на разговорите за прекин на војната во Украина и рече дека Европа мора да биде вклучена во секој евентуален договор. Зборувајќи заедно со својот мексикански колега Роберто Веласко во Мексико во четврток, Вадефул рече дека конфликтот достигнал фаза каде што напорите за постигнување договор и прекин на конфликтот стануваат сè поитни. Неговите коментари дојдоа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски, во време на застој во медијациските напори предводени од САД, објави отворено писмо во кое нуди директни мировни разговори со Путин. Вадефул рече дека Германија…

Read More

Стефан Богоев ја следел добро познатата матрица на својот политички ментор Зоран Заев. Додека СДС зборува за правда, транспарентност и чесност, на површина повторно излегуваат скандали, сомнежи за корупција, влијанија и договарање тендери зад затворени врати, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Богоев, поранешен директор на Царинската управа и висок функционер на СДС, е осомничен за местење тендер вреден над 300 илјади евра, при што според информациите кои излегоа во јавноста се товари и за примање награда за противзаконито влијание во вредност од околу 2.000 евра. Очигледно е дека Богоев решил да ја следи матрицата на делување на својот политички…

Read More

Министерот за здравство, Азир Алиу, од Рига порача дека малите држави можат да бидат лидери во примената на иновативни и дигитални решенија во здравствените системи и покрај ограничените ресурси и предизвиците со кои се соочуваат. Алиу учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација, што се одржува во Рига. Главна тема на дводневниот собир е како малите европски држави да создадат одржливи и иновативни решенија за здравствените системи во услови на недостиг на кадар, стареење на населението и зголемени потреби на пациентите. „Малите земји не секогаш имаат најголеми ресурси, но можат да…

Read More

Речиси седум од десет анкетирани сметаат дека Грција оди во погрешна насока, 61 отсто одговориле дека на земјата ѝ е потребна политичка промена, додека пак поделено е мислење во однос на тоа дали треба да се распишат предвремени избори, покажува истражувањето на јавното спроведено до „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина. Најголеми проблеми за граѓаните се високите цени (47 отсто) и економијата (33 проценти), 69 отсто смета дека земјата оди во погрешна насока, а на лично ниво половина од анкетираните одговориле дека нивната лична состојба е полоша во споредба со една година претходно, додека…

Read More

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека на САД не им е потребен договор со Иран за да дојдат до збогатениот ураниум од таа земја. „Би можеле да го добиеме веднаш. Не мислам дека би можеле да не спречат доколку решиме да го преземеме, но нема причина за тоа. Ураниумот е закопан“, рече Трамп пред новинарите во Овалната соба. Трамп исто така изјави дека не сака да се сретне со иранскиот врховен лидер, Моџтаба Каменеи, но додаде дека таква средба е можна доколку Вашингтон и Техеран постигнат договор. „Ако дојде до тоа, би покажал почит“, порача американскиот претседател. Трамп претходно изјави…

Read More

Велат „Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и заштитени“. „Затоа и овие фотографии се направени во ретки моменти кога тие излегуваат надвор, љубопитно го истражуваат просторот и веднаш повторно се враќаат во сигурноста покрај мајката“ се вели во соопштението.

Read More

На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември, произлегува од одговорите на пратенички прашања доставени од заменик-министерот за заштита на граѓаните на Грција, Јоанис Ламбропулос. Во изминатиот период, со километарските колони што во одредени денови се создаваат на копнените гранични премини, особено на „главната порта за влез/излез“, како што во Грција се нарекува…

Read More