Автор: Press Online

На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември, произлегува од одговорите на пратенички прашања доставени од заменик-министерот за заштита на граѓаните на Грција, Јоанис Ламбропулос. Во изминатиот период, со километарските колони што во одредени денови се создаваат на копнените гранични премини, особено на „главната порта за влез/излез“, како што во Грција се нарекува…

Read More

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков, изјави дека Кремљ го видел отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски упатено до рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Зеленски може да дојде во Москва во секое време доколку сака средба. „Имав можност да го прочитам писмото. Претседателот Путин рече дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва и да го направи тоа“, изјави Песков. Зеленски во вчера објавеното отворено писмо посочува дека не е подготвен да патува во Русија на преговори, нагласувајќи дека украинскиот претседател нема што да бара во Москва, исто како што ниту рускиот лидер нема што…

Read More

Во Тиват денеска ќе се одржи Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската Унија и Западен Балкан“, а главна тема ќе биде проширувањето на Унијата. Со собирот ќе претседава претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, кој претходно ги посети земјите од регионот, додека домаќин е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На Самитот ќе присуствуваат и претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас и претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Метсола. Според најавите, лидерите на земјите од Западен Балкан и Европската Унија…

Read More

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри пакет помош за Украина и нови санкции против Русија, откако 18 републикански конгресмени им се придружија на демократите при гласањето. Пакетот е усвоен со 226 гласа „за“ и 195 „против“, што претставува прва голема проукраинска мерка изгласана за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, претходно ги повикал членовите на својата партија да се спротивстават на мерката, наведувајќи дека треба да му се остави простор на Трамп за преговори со Русија, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на извор присутен на состанок зад затворени врати. Законот предвидува нови санкции…

Read More

Пишува: КРИСТИНА КОСТОВАИстиот ден кога јавниот обвинител го поддржува затворањето на истрага за случај тежок стотици милиони евра, и тоа затворање го направила обвинителка чие име се најде во протечена кривична пријава со обвиненија за шпионажа, фокусот на сите медиуми е свртен кон изрекувањето 30-дневен притвор на поранешен опозициски функционер поради наводни 1800 евра мито.Дали ситуацијата во Карпош станува до толку неодржлива и ќе мора да има нови градоначалнички избори, па Мицкоски преемтивно го чисти теренот?Или едноставно е алергичен на автентично опозиционерско дејствување, особено кога е поткрепено со години опозициско искуство и создадени пријателства и сојузништва?Каков и да е мотивот,…

Read More

Не е јасно каде е криминалот во случајот „Мазут“, смета дел од правната експертска јавност. Меѓу нив е и професорот Гордан Калајџиев, кој во гостување во „Студио 10“ на Телевизија 24 истакна дека за случајот не биле презентирани докази. Воедно, според него, никој не поставува прашање дали некој ќе одговара за тоа што осомничените биле предмет на мерки цела година, а нивниот углед бил нарушен.„Од тоа што е достапно во јавноста не е јасно каде е направен криминал и корупција, а тоа го потврдува и одлуката на Обвинителството. Имаме ситуација во која Обвинителството ставило луѓе во притвор, ги малтретирало цела…

Read More

Економската лага на Христијан Мицкоски се распаѓа на каса во маркет, обвини пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, посочувајќи дека Владата со лаги се обидува од една статистичка бројка да создаде „економска бајка“, додека граѓаните секојдневно се соочуваат со сè поскапи производи и намалена куповна моќ.„Да ја извадиме економијата од владиниот прес-центар и да ја сместиме таму каде што ѝ е местото , на пазар и во маркет. А таму со 1.000 денари може да се купат 2 килограми цреши по 140 денари, 1,5 килограм праски по 95 денари, 1,5 килограм кајсии по 130 денари, една табла од 30 јајца за…

Read More

🚨Градоначалникот на Град #Скопје, Орце Георгиевски, јавно изнесе невистинити информации со што ја доведе јавноста во заблуда во врска со ПОНИШТЕНИОТ конкурс за избор на директор на ЈУ Универзална сала. 🔸️Имено, градоначалникот тврдеше дека конкурсот бил поништен бидејќи се пријавил само еден кандидат со нецелосна документација. Меѓутоа, достапните информации и јавно објавените реакции од учесници во постапката упатуваат на поинаква фактичка состојба и отвораат сериозни СОМНЕЖИ за вистинитоста на ова тврдење. 📣Затоа, го повикуваме градоначалникот јавно да ги поткрепи своите тврдења со конкретни ДОКАЗИ и документи. Доколку навистина постоел само еден кандидат со нецелосна документација, нека ги објави официјалните податоци…

Read More

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, М.К.(49) од Скопје пријави дека на 27.05.2026 околу 13:40 часот на нејзиното работно место во здравствена установа на подрачјето на Центар, во канцеларијата влегла нејзината колешка Н.С., која воедно била и нејзина претпоставена и агресивно се однесувала и ѝ упатила закани. Според пријавеното, Н.С. во тој момент упатила закани и навреди и кон вработената А.А., која што била истуркана од канцеларијата од страна на Н.С, по што реагирало и обезбедувањето на установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

На јавниот оглас се пријавија вкупно 11 кандидати, од кои осуммина ги исполнија условите. Кандидати кои го поминаа првичниот процес на селекција беа: Миле Стојановски, Јасна Оровчанец-Арангеловиќ, Исмаил Синани, Усеин Елезоски, Кадрије Мустафа, Жаклина Дамческа, Кристина Наќеска-Арсовска и Несиме Јашари-Љума. Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, ги запозна присутните со начинот на спроведување на постапката и текот на интервјуирањето на кандидатите. Воедно, тој информираше дека кандидатите Усеин Елезоски и Кадрије Мустафа се неоправдано отсутни. По спроведената постапка и разгледувањето на кандидатурите, за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација од страна на Комисијата беше предложен кандидатот Исмаил…

Read More

Првиот човек на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, Садетин Саран, е осуден денеска затворска казнa во траење од две и пол години, по обвинението за поттикнување нелегално обложување.Пресудата е изречена по големата истрага што минатата есен ја почна Турската фудбалска федерација (ТФФ) за нелегално обложување во домашниот фудбал, пренесуваат турските медиуми.Според порталот „Хаберлер“, обвиненијата против Саран произлегуваат од наводите дека за време на натпреварите биле емитувани нелегални реклами за обложување преку медиумска групација што ја поседува.Како дел од обемните истраги на ТФФ минатата година, голем број фудбалери, тренери, фудбалски судии и сопственици на клубови беа приведени по обвинение за вмешаност и…

Read More

Националната опера и балет објави дека на 83-годишна возраст почина Хазарос Сурмејан (1943–2026), македонски балетски уметник и кореограф, кој остави значаен белег во македонската и светската балетска уметност.   Познатиот балетски творец, роден во Скопје, а починат во канадскиот град Торонто, изгради извонредна професионална кариера која траеше повеќе од пет децении. Своето образование и творечки пат ги започна во Македонија, а првиот професионален ангажман го оствари во Македонскиот народен театар во периодот од 1958 до 1961 година, каде остави забележителна трага со улогите на Бенволио во „Ромео и Јулија“, Џокер во „Фантастичен дуќан“ и Кашеј во „Жар-птица“. „Потоа ја продолжи…

Read More