НАЈНОВО
Автор: Press Online
Тетоважата „88“ што ја има републичкиот јавен обвинител Ненад Савески на домалиот прст на десната рака, е поврзана со личен момент меѓу него и неговата сопруга, а не некаков нацистички симбол. Ова вчера го објаснуваше Савески на брифинг, откако дел од новинарите забележаа дека таква тетоважа се поврзува со нацистички симбол. – Ова е моја лична приватна работа, поврзана со мојот приватен живот, со момент поврзан со мојата сопруга — нема никаква врска со нацистичка симболика или не знам што. Јас сум хуманист, интернационален човек, без никакви предрасуди. Јас не сум ни знаел дека се поврзува со такво нешто, никогаш…
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ го коментира случајот со апсењето на Стефан Богоев, кој доби 30 дена притвор, за како што вели Димитријевиќ, недокажани сомнежи за мито од 1.800 евра -Се слушна ли Мицкоски со некој обвинител да издиктира некое чувство? Што е со драконската мерка од 30 дена притвор за Богоев? Политичка пресметка, дефокус? Притвор за недокажани сомнежи за наводни 1.800 евра а луѓе од бегство со камери ги чекаа на граница и дома во куќен притвор ги праќаа. Милионски тендери и скандали на ВМРО-ОКГ а никој не мрда со прст, ги штитат. 5 тони дрога преку…
Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на етничките Унгарци во Украина, што би можело да придонесе за напредок на Киев во процесот на пристапување кон Европската Унија. Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, соопшти дека договорот е резултат на тринеделни преговори што ќе ги зајакне образовните, јазичните, културните и политичките права на повеќе од сто илјади етнички Унгарци кои живеат во украинската област Транскарпатија. „За само три недели го постигнавме она што Виктор Орбан и неговата влада не успеаја да го постигнат за десет години“, напиша Маѓар на социјалните мрежи. Тој додаде дека Украина се обврзала законски да ги спроведе договорените…
Одбраната на поранешниот градоначалник на Карпош и екс директор на Царинската управа, Стефан Богоев, ќе ја обжали одлуката за 30-дневен притвор во законскиот рок од 24 часа. Неговите адвокати потврдија дека жалбата е веќе подготвена, нагласувајќи дека не очекувале ваква одлука од судот, имајќи предвид дека станува збор за предмет од финансиски, а не од насилен криминал. „Не очекувавме ваква одлука. Сметаме дека гаранциите што ги понудивме, заедно со мерките на претпазливост, можеа да обезбедат присуство на осомничените и да спречат евентуално влијание врз сведоци или меѓусебна комуникација“, изјави адвокатката Сања Алексич. Одлуката за притвор предизвика реакции и на политичката…
Четири лица загинаа во сериозна авионска несреќа што се случи денес околу 11:20 часот во областа Медулин во Хрватска. Во меѓувреме, беа објавени првите фотографии од местото на трагедијата, а познати се и детали за самиот авион и моментите пред падот. Официјално е потврдено дека во малиот авион имало вкупно четири лица и дека, за жал, сите загинале. Според очевидци, временските услови за летот биле добри, а пилотот се сметал за искусен. Новинарката на Нова ТВ ги објави драматичните сведоштва на мештаните кои биле сведоци на падот. „Разговарав со очевидци кои го гледале пристигнувањето на авионот. Авионот летал убаво, хоризонтално,…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) излезе со итно предупредување за нестабилна воздушна маса која во моментов предизвикува сериозни наелектризирања и врнежи во неколку региони низ земјава. Според официјалните податоци од метеоролозите, во Прилепско и во целиот Пелагониски регион е регистриран пороен дожд, проследен со чести грмежи и значително засилен ветер. Паралелно со ова, нестабилното време со поројни врнежи, силен ветер и електрични празнења е активно и на просторот источно од Демир Хисар. Од УХМР нагласуваат дека движењето на оваа воздушна маса се одвива на релација од запад кон исток, при што се препорачува зголемена будност кај граѓаните во овие подрачја
Европа треба да испрати јасна порака дека секој што доаѓа нелегално во Европа ќе биде вратен или во земјата на неговото потекло или во еден „return hub“ во земја надвор од Европската Унија, порача министерот за миграција и азил на Грција Танос Плеврис по состанокот што го имал со неговите колеги од Германија, Австрија, Холандија и Данска со кои разговарале за центрите за враќање на мигранти (return hubs) во земји вон Европа, јави дописничката на МИА од Атина. Средбата на министрите од петте земји на маргините на Советот за правда и внатрешни работи на Европската Унија, била со цел унапредување…
Со свечена церемонија на плоштадот „Скендербег”, денес официјално беше отворен Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, прв настан од ваков вид во главниот град, организиран од Општина Чаир во соработка со Институтот за книга и промоција од Тирана. Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој саем претставува значаен момент за албанскиот јазик, културата и книгата. „Денес Скопје зборува на албански јазик. Зборува преку гласот на книгите, преку јазикот на мислата и преку присуството на нашата пишана култура, на отворањето на Албанскиот саем на книгата за првпат во овој град.” Меџити нагласи дека организирањето на…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ја откажа планираната посета на Црна Гора, потврдија неколку извори, додека причините за оваа одлука засега се непознати. Калас требаше да присуствува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи во Тиват, а нејзината посета беше планирана како дел од програма посветена на младите. Имено, нејзината улога беше планирана на настаните за дијалог за младинска политика, кој ќе се одржи од 2 до 4 јуни во Будва, како и на Регионалниот младински форум од 4 до 7 јуни, организиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка.…
Сè поочигледната немоќ на Русија да го пробие ќор-сокакот на бојното поле во Украина ги наведе влијателните гласови во рускиот естаблишмент јавно да повикуваат на прекин на конфликтот. Главното прашање е дали претседателот Владимир Путин ќе ја признае таа реалност и ќе се откаже од својата намера да ја уништи украинската независност. Во петтата година од најкрвавиот конфликт во Европа во последните генерации, сè уште нема знаци дека тој е подготвен да се откаже од првичните цели на неговата „специјална воена операција“. Но, тоа би можело да се промени ако бранот на војната се сврти понатаму во корист на…
Меѓу позначајните наоди на ревизорите се исплатите на надоместоци за членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет. Нивните надоместоци биле исплаќани во полн износ на месечно ниво, без да се земе предвид присуството на седниците, а во одредени случаи исплати биле вршени и во месеци кога не биле одржани состаноци Во делот на јавните набавки, ревизорите констатирале дека Академијата во периодот од 2011 до 2023 година користела ист економски оператор преку постапки на преговарање без објавување оглас. Во дел од тендерските постапки биле утврдени критериуми кои не биле директно поврзани со предметот на набавката, а во одредени случаи биле набавувани…
Бугарија и Грција станаа силна оска на стабилност и гарант на европската перспектива на целиот регион на Југоисточна Европа. Ова го изјави бугарскиот премиер Румен Радев по средбата со грчкиот колега Киријакос Мицотакис, кој е во посета на Софија. Пред изјавата за медиумите, двајцата имаа разговор во четири очи, по што имаа проширен состанок со учество на двете делегации. Односите меѓу Бугарија и Грција станаа стратешко партнерство засновано на меѓусебна доверба, споделени вредности и заеднички интереси, истакна Радев. Според него, визионерството и енергијата на грчкиот премиер дале значаен придонес во развојот на билатералните односи, јави БТА. Бугарскиот премиер истакна…
