Автор: Press Online

Подрумските простории на зградите во рамките на Трговскиот центар „Скопјанка“ во општина Аеродром се целосно поплавени со фекалии, објави порталот СДК.МК. Станува збор за деловни објекти во сопственост на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДПИСП), од кои дел се издадени, а дел се празни. Токму во празните простории се наоѓа препумпната станица која во моментов не работи, што предизвикува излевање на отпадните води. Како што пренесува „Сакам да кажам“, станарите се загрижени за сопствената безбедност бидејќи во поплавените делови има струјни осигурувачи, па доколку водата дојде во допир со електричната енергија, постои сериозен ризик…

Read More

  Српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи на прашањето на Н1 дали безбедносните служби на Србија ги проверувале лицата што вчера беа депортирани од Црна Гора, рече дека тие не се криминалци и дека проблемот можел полесно да се реши ако некој му рекол да се „отараси од тие момци“ кои, како што вели, биле таму за да му биде убаво. „Денес би постапил сосема поинаку, би дошол тука и би им рекол дека им се извинувам на нашите домаќини за глупостите што некој ги направил. Некои од моите соработници сакаа да покажат дека сме способни да се бориме, бидејќи знаеја…

Read More

Контролите на сувомеснатите производи покажуваат уште полоши резултати од оние кај млечните производи, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. И во овој случај се откриени отстапувања меѓу декларираниот и реалниот состав на производите, со што потрошувачите се доведуваат во заблуда. Наодите ќе бидат објавени по комплетната обработка на земените примероци, пренесува Телма. „Првичните резултати покажуваат дека кај сувомеснатите производи отстапувањата се многу поголеми од она што е утврдено кај млечните производи. Се додава вода, кај производи со заштитен назив, како печеница, која треба да биде чист мускул. Не може печеница да ја декларира. а при тоа да има парчиња…

Read More

  Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави отворено писмо до Владимир Путин на својата веб-страница. Во него, украинскиот лидер предложи прекин на огнот по целата линија на фронтот и средба лице в лице на шефовите на држави на неутрална територија. „Украинскиот лидер нема работа во вашиот главен град, исто како и рускиот лидер во Киев. Постојат земји кои традиционално се домаќини на лидери за решавање на прашања од војна и мир. Швајцарија, Турција, арапските земји – многумина можат и сакаат да бидат домаќини на оваа средба. Лидерите се тие кои одлучуваат за клучните прашања – ова отсекогаш било и секогаш ќе…

Read More

Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер. „За“ гласаа 49 пратеници од десничарската Словенечка демократска партија, како и коалициските партнери од Нова Словенија, Словенечка народна партија, Фокус, Демократи, како и пратеници од Движењето Ресница, кое ќе ја поддржи малцинската владата . Словенечка народна партија во новата влада има седум министри, Демократите добија три министерски места, а другите пет ресори му припаднаа на Нова Словенија и на Фокус. Јанша е роден на 17 септември 1958 година, а првпат беше премиер 2004 до 2008 година. Вториот премиерски мандат го извршуваше од…

Read More

Проблемот со депонијата во Струга е голем, пред се затоа што се наоѓа блиску до градот, реката Црн Дрим и Охридското Езеро и бара итно решение, заклучи евроамбасадорот Михалис Рокас по денешната посета на депонијата заедно со градоначалникот Менди Ќура. Тој изрази загриженост и вети дека ќе разговара со властите за прземање итни мерки. – Најпрво дозволете ми да кажам дека сум прилично шокиран од големината на проблемот. Знаев дека депонијата не е усогласена со стандардите, но да сфатите дека е толку блиску до градот, на неколку стотини метри од куќите, многу блиску до реката и до водоснабдувањето, а исто…

Read More

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и нови мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот, откако статистиката за изминатиот месец покажала загрижувачки број жртви на македонските патишта. Гостувајќи во емисијата „Топ Тема“ на „Телма“, Тошковски истакна дека од вкупно 12 луѓе кои загинале во сообраќајни несреќи во текот на минатиот месец, дури петмина биле мотоциклисти. – За тројца од загинатите сум сигурен дека не носеле кацига. Ги замолувам сите кои управуваат мотор секогаш да носат кацига. Таа не се носи заради другиот, туку заради себе, бидејќи спасува живот – рече Тошковски. Тој посебно се осврна и на…

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски утре (5 мај) ќе присуствува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, Република Црна Гора, соопштија попладнево од Владата. Претседателот на Владата на РС Македонија, Христијан Мицкоски / Фото: Влада на РС Македонија, Сектор за односи со јавностСамитот, како што се наведува во соопштението ќе се одржи во хотелот Regent Porto Montenegro, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот утре попладне во 15:30 часот, како што информираат од Владата, е предвидена заедничка прес-конференција…

Read More

Русија денеска го обвини НАТО дека „се завиткал околу Србија како змија“, опишувајќи ја заедничката воена вежба што се одржува таму како обид за потчинување на земјата. Москва тврди дека алијансата сака да ја преземе контролата врз Балканот и да ја одвои Србија од Русија. Станува збор за годишната вежба „Платинумски волк“, која започна на 1 јуни со поддршка на Европската команда на САД. Според Србија, целта на вежбата е размена на најдобри практики и „подобрување на способностите и меѓусебното разбирање“ на земјите учеснички, вклучувајќи осум членки на НАТО. Коментирајќи ја вежбата, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија…

Read More

Тетоважата „88“ што ја има републичкиот јавен обвинител Ненад Савески на домалиот прст на десната рака, е поврзана со личен момент меѓу него и неговата сопруга, а не некаков нацистички симбол. Ова вчера го објаснуваше Савески на брифинг, откако дел од новинарите забележаа дека таква тетоважа се поврзува со нацистички симбол. – Ова е моја лична приватна работа, поврзана со мојот приватен живот, со момент поврзан со мојата сопруга — нема никаква врска со нацистичка симболика или не знам што. Јас сум хуманист, интернационален човек, без никакви предрасуди. Јас не сум ни знаел дека се поврзува со такво нешто, никогаш…

Read More

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ го коментира случајот со апсењето на Стефан Богоев, кој доби 30 дена притвор, за како што вели Димитријевиќ, недокажани сомнежи за мито од 1.800 евра -Се слушна ли Мицкоски со некој обвинител да издиктира некое чувство? Што е со драконската мерка од 30 дена притвор за Богоев? Политичка пресметка, дефокус? Притвор за недокажани сомнежи за наводни 1.800 евра а луѓе од бегство со камери ги чекаа на граница и дома во куќен притвор ги праќаа. Милионски тендери и скандали на ВМРО-ОКГ а никој не мрда со прст, ги штитат. 5 тони дрога преку…

Read More

Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на етничките Унгарци во Украина, што би можело да придонесе за напредок на Киев во процесот на пристапување кон Европската Унија. Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, соопшти дека договорот е резултат на тринеделни преговори што ќе ги зајакне образовните, јазичните, културните и политичките права на повеќе од сто илјади етнички Унгарци кои живеат во украинската област Транскарпатија. „За само три недели го постигнавме она што Виктор Орбан и неговата влада не успеаја да го постигнат за десет години“, напиша Маѓар на социјалните мрежи. Тој додаде дека Украина се обврзала законски да ги спроведе договорените…

Read More