Автор: Press Online

Четири странски земјоделски работници биле изгорени живи во автомобил во Амендолара, Италија, вчера, а полицијата уапси двајца осомничени Пакистанци. Три од жртвите се авганистански државјани, а четвртиот е од Пакистан. Единствениот преживеан, Авганистанец кој избегал кршејќи прозорец, е клучен сведок во истрагата фокусирана на конфликти околу земјоделски работни места, објавија италијанските медиуми. Пожарот избувнал вчера околу 13 часот во близина на бензинска пумпа, со облак од црн чад видлив од километри. Кога пожарникарите пристигнале на местото на настанот, нивната прва грижа била да спречат пожарот да се прошири на резервоарите за гориво и да предизвика уште поголема катастрофа. Дури откако…

Read More

  Припадник на српската армија, постар водник Милован Јовановиќ, кој беше ангажиран како дел од мировните сили на Обединетите нации во Либан, почина утрово како последица од повредите предизвикани од паѓање на проектил врз базата на ОН каде што беа стационирани мировните сили, вклучувајќи го и дел од српскиот контингент, соопшти српското Министерство за одбрана. „На постариот водник Јовановиќ му беше укажана итна медицинска помош во болницата во базата откако беше ранет, а потоа беше префрлен со хеликоптер во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што почина околу 4 часот наутро по локално време“, се вели во соопштението. Уште двајца…

Read More

Кривична пријава против шест лица за организирање и реализирање на незаконско посвојување на дете. Имено, ја убедиле мајката за 500 евра и за бесплатни гинеколошки прегледи, да го предаде детето на други. Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ф.А.(63), Ѓ.К.(57), И.Ш.(35), Џ.Ш.(35), сите од Скопје, како и против С.Ј.(35) од Куманово и И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“. Во текот на 2024 и 2025 година, Ф.А. и Ѓ.К.…

Read More

Пожар избувна во зградата на пакистанската амбасада во белградско Дедиње во четврток. Фотографиите објавени на Инстаграм страницата „Мојот Белград“ покажуваат густ чад што излегува од еден од горните катови на зградата на амбасадата. Засега не е познато што го предизвикало пожарот ниту како започнал, пишува Nova.rs. Надлежните служби сè уште не дале официјално соопштение за инцидентот, а во моментов нема информации за повредени лица. Исто така, не е познат обемот на материјална штета.

Read More

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави дека ќе присуствува на Самитот на Г-7 што од 15 до 17 овој месец ќе се одржува во Франција. Трамп преку својата платформа „Truth Social“ соопшти дека во Франција ќе отпатува веднаш по настанот на 14 јуни во Белата куќа, огранизиран по повод неговиот 80-ти роденден на кој, како што најави, ќе бидат организирани и професионални ММА борби. Самитот на групата Г-7 годинава ќе се одржи во бањското летувалиште Евијан-ле-Бен на Женевското Езеро, а на него ќе учествуваат лидерите на САД, Германија, Франција, Обединетото Кралство, Италија, Канада и Јапонија, како и претставници на Европската унија.…

Read More

Адвокатката на поранешниот директор на Царината Стефан Богоев утре ќе поднесе жалба на одлуката за притвор. Таа потврди дека понудиле и гаранции, но Судот ги одбил. Во однос на сомневањата за злоупотреби на тендер во Царината рече дека на одбраната не и биле никакви докази. „Не очекувавме таква одлука особено што станува збор за предмет којшто е од финансова природа, а не насилен криминал. Ние понудивме гаранција, понудија и другите бранители за другите осомничени. Мислам дека во комбинација со другите мерки на претпазливост можеше да обезбеди присуство на осомничените. Токму на тие околности ќе се однесува жалбата, ќе ја поднесеме…

Read More

„Кошта јасно и недвосмислено порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на пристапните преговори со Европската Унија. И ништо повеќе, како што рече. Нема „дополнителни гаранции“, нема „нова преговарачка рамка“, нема „уставни измени со одложено дејство“. Ова беа лаги со која Христијан Мицкоски ја манипулираше јавноста. Тој ветуваше дека ќе обезбеди подобри услови за преговори, дека ќе ја смени преговарачката рамка и дека ќе донесе некакви гаранции“. Денес, според СДСМ, откако и самиот Кошта ја кажа вистината, сите тие лаги паднаа во вода. „Додека Мицкоски секојдневно пласира нови измислици за Европа, од Брисел пристигна и втора порака…

Read More

  Црногорската гранична полиција на аеродромот во Тиват вчера им одби престој и кратко пред 16 часот врати во Белград 87 српски државјани, меѓу кои има претежно лица со криминално досие, а со години се споменуваат во српските медиуми како лица ангажирани во специјални задачи на режимот на Српската народна партија (СНС), објавуваат подгорички „Вијести“. Забраната за влез на група сомнителни патници е издадена врз основа на безбедносната проценка на Полициската управа откако е одлучено дека престојот на тие лица на територијата на Црна Гора може да претставува закана за националната или внатрешната безбедност. Авионот „Ер Србија“ Е195 со кој…

Read More

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика на „експоненцијално“ проширување на атомскиот арсенал на земјата за време на посетата на нова фабрика за производство на нуклеарен материјал, објави државната медиумска агенција КЦНА. Ким рече дека производствениот капацитет за материјал за нуклеарно оружје се зголемил повеќе од двојно во последните пет години и им нареди на службениците дополнително да го зголемат производството за да се постигнат долгорочните стратешки цели. За време на посетата, тој беше информиран за новите производствени процеси што вклучуваат понапредна технологија, а беа разгледани и сегашните производствени цели и идните планови, објави КЦНА. 🇰🇵 Kim Jong Un Orders Massive…

Read More

Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8:00 часот наврнал во Маврови Анови – 30 литри на метар квадратен, по што следуваат Лазарополе со 27 и Крива Паланка со 23 литри на метар квадратен. Значителни врнежи се регистрирани и во Охрид – 15 литри на метар квадратен, Штип и Крушево 14, како и во Скопје-Петровец и Виница по 13 литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. На одделни места се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд…

Read More

Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на премиерот на Бугарија Румен Радев и неговиот колега од Грција Кирјакос Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Посетата на Мицотакис на Софија е на покана на Радев, планирана е тет-а-тет средба на двајцата премиер, а потоа и состанок на делегациите на двете земји. Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис по средбата и заедничката прес-конференција, од Софија ќе замине за Тиват каде што ќе присуствува на вечера организирана…

Read More

Адвокатот Виктор Божиновски на социјалните мрежи остро реагираше на одлуката за определување притвор за Стефан Богоев, доведувајќи ги во прашање законските основи врз кои е донесена мерката. Во објава на социјалните мрежи, Божиновски прашува како е можно притворот да биде определен врз основа на член 165, став 1 и 2, кои се однесуваат на опасност од бегство, неможност да се утврди идентитетот на осомничениот или можност за влијание врз сведоци и уништување докази. „Тоа значи дека Стефан се крие, не може да се утврди неговиот идентитет или дека се обидува да побегне? Па да сакал да побегне, вас ќе ве…

Read More