Автор: Press Online

Европратениците од Комисијата за надворешни работи (AFET) предупредуваат дека напредокот на Северна Македонија во реформите поврзани со ЕУ е недоволен, особено во областа на владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата. Во извештајот усвоен во средата, членовите на ЕП ја нагласија својата целосна поддршка за посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ, но потенцираа дека напредокот во пристапните преговори и понатаму зависи од трајни и длабоки реформи. Тие изразија жалење за недостигот на напредок од последниот извештај и истакнаа дека е итно потребна обновена политичка посветеност и меѓупартиска соработка. Клучни заклучоци од извештајот: Уставни измени: Неопходно е…

Read More

Бројот на жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила во првите пет месеци годинава е намален со примената на системот „Безбеден град“. Резултатите за првите пет месеци годинава се 17 човечки животи повеќе отколку една година претходно, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски, во гостувањето на „Топ тема“ направи споредба првите пет месеци од 2026 со првите пет месеци во 2025 година, иако „Безбеден град“ со казни започна да се применува од февруари годинава. -Сите загинале како последица на непочитување на сообраќајни правила. Во 2025 година во првите пет месеци имаме 56 жртви, во 2026 имаме 39.…

Read More

Вистината за Еуростандард банка системот сеуште ја крие преку јавносто обвинителство. Шест години истрагата е незавршена. Јас сум под истрага. Ништо не е завршено, вели Трифун Костовски во гостувањето во поткастот „Претрес со Ландов“. Костовски вели дека истрагата не е завршена. „Ние секој ден очекуваме дека треба да биде завршена.За шест години водење истрга против мене, само два пати сум викнат на сослушување. Ја барам правдата. Барам обвинителство да донесе било каква одлука за да испаднам на суд, за ти и целата јавност ќе знае точно што точно се случило“, вели Костовски. Тој додава дека нема да прифати судска одлука…

Read More

Кривичниот суд доцна вешерва донесе одлука и го прфати барањето на обвинителството на екс директорот на Царина Стефан Богоев и уште три лица и им одреди 30 дена притвор. Кривичниот суд го прифати бараето дека притворот е одреден за да не побегнат од државата или да вршат влијание на сведоци..Богоев и уште три лца се осомничени дека ја злоупотребиле функцијата при доделување тендер на фирма за чистење на граничен премин.. Екс директорот на царина Богоевски се терети дека добил мито од 1800 евра. Кривичниот суд не ги прифати паричните гаранции на одбраната и реши да оди на мерката притвор како…

Read More

Дали знаевте дека повеќе од десет проценти од пациентите во Обединетото Кралство на кои им е потребен специјалистички преглед чекаат повеќе од една година? Или дека во Словенија, чекањето за замена на колк е речиси две години, или поточно 667 дена? Овие бројки, кои илустрираат еден од најсериозните предизвици за јавното здравје во Европа, доаѓаат од извештајот “Health at a Glance 2025” на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), објавува Euronews. Иако ова може да бидат најдрастични примери, проблемот со долгите листи на чекање е многу пораспространет. „Одложувањето на третманот значи дека пациентите живеат со болка и тешкотии подолго…

Read More

Жителите на населбите Расадник и Радишани во Општина Бутел денеска излегоа на протест поради, како што велат, долгогодишниот проблем со небезбедниот сообраќај на улицата Бутелска, откако неодамна било прегазено дете. Граѓаните порачаа дека на оваа сообраќајница секојдневно се вози со голема брзина и без почитување на сообраќајните правила, со што сериозно се загрозува безбедноста на пешаците, особено на децата. Тие побараа од надлежните институции итно да преземат мерки за зголемување на безбедноста, меѓу кои поставување лежечки полицајци и поголемо присуство на полициски службеници на терен. Протестантите истакнаа дека со години укажуваат на опасностите на улицата Бутелска, но досега немало соодветна…

Read More

  Илјадници Албанци излегоа на улиците на Тирана во вторникот вечерта за да протестираат против проектот за развој на еколошки чувствителен дел од јадранскиот брег, планиран од компанија поврзана со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс. Проектот вреден 1,4 милијарди евра го води инвестициската компанија на Кушнер, „Афинити партнерс“, а ќе биде изграден на остров покрај брегот на Албанија и неразвиено крајбрежје во близина на заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, мочуриште кое е дом на фламинга, фоки и места за гнездење желки. Конзерваторите се спротивставуваат на плановите, велејќи дека тие ќе влијаат на илјадници хектари недопрено крајбрежје. Инвеститорите…

Read More

  Германија не успеа за прв пат во среда да обезбеди место во Советот за безбедност на ОН, а Португалија и Австрија добија повеќе гласови за двете западноевропски места почнувајќи од 2027 година. Советот за безбедност на ОН има 15 члена: пет постојани – САД, Русија, Кина, Франција и Обединетото Кралство – и 10 избрани за период од две години, со места распределени за различни светски региони. На тајните гласања што ги спроведе Генералното собрание за европските места, Португалија и Австрија добија 134 и 131 глас, соодветно. Германија, која веќе има отслужено шест мандати, доби 104. Членка на Г7, Германија…

Read More

Министерството за внатрешни работи доставило видео снимки до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот за сомневањата за шпонирање во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Државниот јавен обвинител на брифингот со новинарите Ненад Савески рече дека засега нема повеќе детали за случајот, бидејќи обвинителката е службено отсутна. Од ОЈО ГОКК претходно објавија дека пет месеци водат предистражна постапка за сомневања за нелегални активности во Кабинетот на претседателката.

Read More

Граѓаните кои зеле брзи кредити од финансиското друштво „Креди Јес“, на кое Министерството за финансии му ја одзеде дозволата за работа, треба да продолжат со плаќање на ратите за да не им се пресметуваат камати и да не се задолжат дополнително. Од Министерството за финансии велат дека Законот за финансиските друштва и другата релевантна регулатива не пропишуваат отпис на долгови, па според тоа задолжените граѓани не можат да сметаат на отпишување на долгот. Сепак, граѓаните кои сметаат дека на некаков начин се оштетени од друштвото можат да покренат судска постапка. – Нагласуваме дека граѓаните имаат право да го оспорат договорот…

Read More

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа предложи воведување дополнителни царини од 10 или 12,5 проценти за увозот од 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ, со цел, како што велат, да се ограничи трговијата со принудна работа, што ѝ штети на американската трговија. Предлогот на Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) е дел од најновата истрага за нефер трговски практики, според Член 301, која беше објавена во моментот кога администрацијата на Трамп се обидува да ги врати своите вонредни царини, кои беа укинати во февруари од страна на Врховниот суд на САД, пишуваат британските медиуми. USTR објави дека одлучила да…

Read More

Не смееме да дозволиме и никогаш нема да дозволам, барем додека сум на оваа позиција, предмет со такви страшни докази во насока на докажување на одредeно кривично дело од кое ќе му се згади на македонскиот народ така да се затвори, и нема да дозволам, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за случајот „Мазут“. Тошковски, во гостувањето на „Топ тема“, зборувајќи за случајот порача дека „секој треба да си ја сработи работата која му е дадена согласно закон“, и нагласи дека „не мислам дека „Мазут“ е предмет што е затворен и не мислам дека е паднат“. – ЈО е…

Read More