НАЈНОВО
Автор: Press Online
Основното јавно обвинителство отвори истрага против четири лица осомничени за злоупотреба на постапки за јавни набавки и коруптивни дејствија поврзани со Царинската управа. Меѓу осомничените, покрај службени лица, се наоѓаат и две лица од приватна фирма. Предлог-мерката за ефективен притвор веќе е доставена до судија на претходна постапка во Кривичниот суд. Надлежната обвинителка Искра Хаџивасилева, во изјава во живо пред судот, истакна дека иако станува збор за најстрога мерка, таа е целосно оправдана со оглед на околностите. „Се наоѓаме во рана фаза од истрагата во која допрва ќе се обезбедуваат дополнителни докази. Меѓутоа, досегашните сомневања, квалитетот на доказите и вкупните…
Кувајтската војска соопшти дека иранските напади што го погодија терминалот на нивниот меѓународен аеродром предизвикаа значителна штета, убија најмалку едно лице и повредија неколку други. Нападот се случи откако САД и Иран разменија нови ракетни и беспилотни летала, дополнително загрозувајќи ги напорите за обезбедување нов договор за прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран. Во текот на ноќта, американските сили испалија ракета „Хелфаер“ за да го онеспособат танкерот што се обидуваше да ја пробие американската блокада на Ормускиот теснец, а подоцна соопштија дека ги одбиле иранските одмазднички напади и нападнале локации на островот Кешм во Иран. Иранскиот корпус на…
Околу 20-30 луѓе во период од 6-7 години не се имаат појавено на работа во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), а земале редовно плата. Сите биле уредно регистрирани во системот за евиденција на работа, за што им плаќале на одредени колеги по 200 евра. Вработени во Институтот, освен редовната плата, земале и пари преку договор за дело, за извршување на работи како полевање на двор, рече денеска директорката на Институтот, д-р Марија Андоновска. „Одев по канцеларии и ги прашував: Извинете, вие што работите, како јас можам да ви помогнам, да ве мотивирам, еве во иднина што би можеле подобро да…
Ненадејно почина ученичка од скопското средно училиште „Цветан Димов“ Со длабока болка и тага, училиштето „Цветан Димов“ во Скопјe ја прими веста за ненадејната смрт на ученичката Ениса Весели. Во порака со сочувство, раководството на училиштето, наставниците, учениците и персоналот го изразија своето жалење за нејзината загуба, нагласувајќи дека Ениса секогаш ќе биде запаметена по нејзината љубезност, примерно однесување и насмевката што им ја подари на сите. „Ениса секогаш ќе остане во нашите сеќавања. Нејзиното сеќавање ќе живее во нашите срца“, се вели во пораката со сочувство. Во овие тешки моменти, училиштето изразува најискрено сочувство до семејството Весели, нејзините роднини…
Кремљ потврди дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е во посета на Русија, објавија денес руските државни новински агенции. Државните медиуми претходно објавија дека Шредер е забележан во Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ја поздравува неговата посета. Рускиот претседател Владимир Путин претходно сугерираше дека Шредер би можел да ја претставува Европа во сите идни разговори со Москва за безбедноста на континентот, предлог што го отфрлија европските влади.
Бугарија е во центарот на новата американска гасна шема за Балканот, во која амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, игра клучна улога. Се смета дека се подготвува 20-годишен договор за испораки на течен природен гас, во кој учествуваат американскиот Venture Global, грчкиот Atlantic SEE LNG Trade и бугарскиот државен снабдувач „Булгаргаз“, велат информирани извори. Претставници на американската администрација и бугарските власти вршат сериозен притисок за вклучување на „Булгаргаз“ во проектот, тврдат запознаените. Гилфојл активно лобира за финализирање на договори. Посетите на Софија даваат дополнителна тежина на овие тврдења. На 1 април 2026 година таа имаше одделни средби со бугарската…
Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев попладнево е спроведен во Основниот кривичен суд во Скопје. Богоев треба да биде изведен пред судија на претходна постапка, по барањето од Обвинителството за определување мерка притвор за него и уште три лица поради постоење на основано сомнение за злоупотреба на постапката за јавна набавка, за примање и давање поткуп. Обвинителство, претходно соопшти, дека постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање одреден економски оператор…
Португалските синдикати денеска почнаа генерален штрајк поради што е прекинат железничкиот сообраќај, стотици летови се откажани, училиштата се затворени, а во болниците се примаат само итните случаи. Тоа е втор генерален штрајк за шест месеци, организиран поради планираната владина реформа на Законот за работни односи. Реформата предвидува отстранување на ограничувањата за аутсорсинг и олеснување на отпуштањата од оправдана причина, што ќе им овозможи на компаниите да одбијат да ги вратат вработените во случаи на нелегален отказ. Реформата би можела да ги влоши условите за работа со утврдување на привремено вработување, дерегулирање на работното време, олеснување на отпуштањето на работниците и…
Трева до колена.🪑 Искршена урбана опрема.🌳 Исушени дрвја.Вака денес изгледа Карпош.И тоа не во време кога никој не управува со општината, туку во време кога со Карпош управуваат два-тројца градоначалници, седум-осум советници, под специјален надзор на Претседателот на Владата, а згора на сѐ и Градоначалникот на Скопје.Толку многу „грижа“, а толку малку резултати.Карпош никогаш не изгледал полошо.Карпош никогаш не личел повеќе на запуштена нива отколку денес.❗ Наместо уредени паркови – коров.❗ Наместо одржување – негрижа.❗ Наместо работа – изговори.Граѓаните не бараат чуда.Бараат ред, чистота и домаќинско работење.А тоа или го знаеш, или не го знаеш.#Карпош#РаботаНеИзговори#КарпошЗаслужуваПовеќе#РедНаместоХаос#РезултатиНеПриказни
На францускиот претседател Емануел Макрон утре во Цетиње ќе му биде врачено највисокото државно одликување – Орден на Црна Гора од неговиот црногорски колега Јаков Милатовиќ. Кабинетот на Милатовиќ објави дека орденот е „израз на највисокото државно почитување кон Макрон за неговиот личен придонес во зајакнувањето на односите меѓу двете земји, поддршката за европската перспектива на Црна Гора и посветеноста на вредностите на слободата, демократијата и европското единство“. Макрон ќе биде првиот претседател на Франција кој ќе ја посети Црна Гора во официјална посета, што, како што се истакнува во соопштението за медиумите, има „посебно историско и политичко значење“.…
Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески денеска на брифинг со новинарите порача дека јавните обвинители мора да постапуваат самостојно, без притисоци и со целосна одговорност за предметите што ги водат, нагласувајќи дека финансиските причини никогаш не смеат да бидат пречка за прибирање докази, но оти истрагите треба да се водат економично и ефикасно. Осврнувајќи се на предметот за пожарот во Кочани, тој рече дека не очекува постапката да трае со години и дека обвинителите веќе работат по план за нејзино ефикасно водење. Говорејќи за работата на обвинителството, Савески истакна дека одговорноста е во обвинителите кои непосредно постапуваат по предметите…
Европската комисија во среда предложи да им се обезбеди на земјите-членки поголем фискален простор за инвестиции што ја намалуваат зависноста од фосилни горива. Комисијата предлага клаузулата за отстапување од фискалните правила да се прошири и на енергијата, како што претходно беше одлучено за инвестициите во одбраната. ЕК им нуди на земјите-членки дека можат да го зголемат својот буџетски дефицит над дозволените три проценти за до 0,3 проценти од БДП годишно, или вкупно до 0,6 проценти до 2028 година, со цел да финансираат инвестиции насочени кон намалување на употребата на фосилни горива. „Оваа флексибилност ќе биде достапна за мерки преземени…
