Автор: Press Online
Неколку училишта во Белград и Војводина добија дојави за поставени бомби утрово, што беше потврдено од Министерството за внатрешни работи. Известувањето за бомбите беше испратено на е-поштата на училиштата, а според информациите на „Данас“. Слични пријави беа примени утрово во основните и средните училишта во Нови Сад, односно во Јужнобачкиот округ. Пријави за бомба преку е-пошта беа примени и во Врбас и Бачки Петровац. Во е-поштата се наведува дека во училиштето се поставени експлозивна направи. Обвинителството за високотехнолошки криминал е вклучено во истрагата за дојавите.
По најавите за зголемување на банкарските провизии и реакциите што следуваа во јавноста, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Трајко Славески, смета дека е време да се отвори поширока дебата за можни законски решенија кои би овозможиле подобра заштита на корисниците на платежните услуги. Во објава на социјалната мрежа Икс, Славески посочи дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат и граѓаните и компаниите, поради што прашањето за висината на банкарските провизии заслужува поширока општествена расправа. Тој нагласи дека Народната банка во моментов нема законска надлежност директно да ги регулира надоместоците што ги наплаќаат банките, но оцени дека…
Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра ќе биде ослободен откако ќе му биде дадено кралско помилување, објави денеска министерот за правда на земјата. На Шинаватра му остануваат за дослужување нешто повеќе од три месеци од неговата едногодишна затворска казна, откако минатиот месец беше условно ослободен по осум месеци затвор, објавија британските медиуми. Според официјалниот кралски весник, кралот Маха Ваџиралонгкорн им дал помилување на одредени затвореници по повод роденденот на кралицата Сутида на 3 јуни. Министерот за правда на Тајланд, Рутафон Наоварат, потврди дека Шинаватра е меѓу лицата опфатени со помилувањето, но рече дека треба да се завршат административните процедури пред тој…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавениот, како што посочуваат од МВР, во својство на градоначалник на Општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени надлежности, постапил спротивно на одредбите од Законот за градење и Правилникот за начинот на издавање на одобренија за градење на тој начин што лично изготвил, потпишал и издал одобрение за градење, кое не било евидентирано во електронскиот систем на Сектор…
На денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и порача дека без внесување на малцинствата во Уставот нема поместување од мртва точка, токму тогаш предмет за Стефан Богоев. Дали има некој што верува во ова партизирано судство и обвинителство после нарачките на Мицкоски преку собраниската говорница, на телевизија и на крај директно преку телефон?, наведува СДСМ во соопштение. Дали има некој што може да каже дека ова е вистински или сепак станува збор за монтиран случај во денот кога Мицкоски добива критики, кога сите негови лаги пред граѓаните…
Русија собори 30 беспилотни летала над Ленинградската област и продолжува да одбива напади, објави регионалниот гувернер Александар Дрозденко, додека градоначалникот на Москва пријави 13 соборени дронови кои летаат кон Москва. Ленинградската област е дом на клучната инфраструктура за извоз на енергија и голема рафинерија за нафта, а од денеска до сабота во Санкт Петербург се одржува економски форум, чиј домаќин, како и претходните години, е рускиот претседател Владимир Путин. Во Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија и родното место на Путин, аеродромот Пулково привремено ги ограничи влезните и појдовните летови, соопшти руската авијација Росавијација. Градоначалникот на Москва, Сергеј…
Полицијата ги пронајде и уапси младите мажи кои предизвикаа низа штети со налепниците. По претходно добиени пријави, полициски службеници од граничната полициска станица Груда утврдија дека налепници со различни големини напишани на кирилица биле залепени на сообраќајни знаци, насоки, корпи за отпадоци и информативна табла во областа Цавтат до таа мера што ја изгубиле својата намена. Истиот ден откако полицијата ја примила пријавата, пронајдени се двајца државјани на Северна Македонија, додека третиот осомничен е пронајден следниот ден, во сабота, на аеродромот. Станува збор за млади мажи на возраст од 23, 25 и 26 години кои имаат дозвола за престој во…
Со длабока почит кон починат органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицински тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага. -Во овие моменти, хуманоста на едно семејство и посветеноста на здравствените работници отвораат можности за нова надеж и нов живот, вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација. -Министерството за здравство изразува најдлабока благодарност до семејството на дарителот и признание до сите медицински тимови вклучени во овој сложен и благороден процес, истакнува министерот за здравство Азир Алиу. Од МЗ потенцираат дека органодарителството претставува највисок…
САД сметаат дека иранскиот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, е „жив“ и „сè повеќе вклучен“ во водењето на земјата, изјави синоќа првиот американски дипломат Марко Рубио, во моменти кога има слаб прогрес во разговорите за завршување на војната. „Мислам дека има знаци дека сè повеќе се вклучува на некое ниво, иако целата комуникација е писмена и преку трета страна“, изјави Рубио пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, нагласувајќи дека има тешкотии во пренесувањето пораки во рамките на иранската Влада. Моџтаба Хамнеи го наследи свјот татко Али Хамнеи, кој загина во израелскиот напад на почетокот на војната, но оттогаш не се…
Во моментов Македонија е лидер по најкриминална власт, лидер по најниска минимална плата, лидер по тоа што граѓаните не можат да сврзат крај со крај со платата која ја земаат, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „24 Анализа“. Тречевска посочи дека со ВМРО на власт, Македонија денес државата е уназадена во секој сегмент – економски, институционален и европски, додека граѓаните се соочуваат со сè потежок животен стандард и изолација.„Во моментот Македонија е лидер по најкриминалната власт со делење на тендери помеѓу пријатели. Лидер е по најниска минимална плата, лидер по тоа што граѓаните не можат да сврзат крај…
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски вечерва во Скопје повтори дека усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на земјава со ЕУ.– Тоа е единствениот начин за отклучување на целосните придобивки од членството во Европската унија за граѓаните на Северна Македонија, тоа значи Македонците. Таа останува најголемиот инвеститор и најважен трговcки партнер. Остануваме да ве поддржиме и политички и финансиски, но на крајот моќта да ја обликувате вашата иднина е во ваши раце – изјави Кошта.Според него, единствениот начин да се постигне напредок кон европската…
Американската армија соопшти дека во текот на ноќта одбила голем ирански напад со балистички ракети и беспилотни летала насочени кон цели во регионот на Персискиот Залив. Според американската Централна команда (CENTCOM), американските сили успешно пресретнале повеќе ирански ракети и дронови, а извршиле и одбранбени напади врз цели на островот Кешм, како одговор на обидите за напади врз американски позиции на Блискиот Исток. Непосредно пред соопштението на CENTCOM, за напади со ракети и дронови соопштија Кувајт и Бахреин, држави во кои има американски воени бази. Според американската војска, две ирански ракети лансирани кон Кувајт паднале пред да стигнат до целта, додека…
