Автор: Press Online

  Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески денеска на брифинг со новинарите порача дека јавните обвинители мора да постапуваат самостојно, без притисоци и со целосна одговорност за предметите што ги водат, нагласувајќи дека финансиските причини никогаш не смеат да бидат пречка за прибирање докази, но оти истрагите треба да се водат економично и ефикасно. Осврнувајќи се на предметот за пожарот во Кочани, тој рече дека не очекува постапката да трае со години и дека обвинителите веќе работат по план за нејзино ефикасно водење.   Говорејќи за работата на обвинителството, Савески истакна дека одговорноста е во обвинителите кои непосредно постапуваат по предметите…

Read More

  Европската комисија во среда предложи да им се обезбеди на земјите-членки поголем фискален простор за инвестиции што ја намалуваат зависноста од фосилни горива. Комисијата предлага клаузулата за отстапување од фискалните правила да се прошири и на енергијата, како што претходно беше одлучено за инвестициите во одбраната. ЕК им нуди на земјите-членки дека можат да го зголемат својот буџетски дефицит над дозволените три проценти за до 0,3 проценти од БДП годишно, или вкупно до 0,6 проценти до 2028 година, со цел да финансираат инвестиции насочени кон намалување на употребата на фосилни горива. „Оваа флексибилност ќе биде достапна за мерки преземени…

Read More

„Е-тротинетот не е играчка, почитувај ги правилата!“ е мотото под кое се рализира едукативната кампања со цел подигање на јавната свест откако минатата недела малолетник го загуби животот возејќи електричен тротинет во кумановско. Ова се препораките од надлежните до родителите и возачите на електични тротинети. Секогаш користете заштитна опрема. Возете одговорно и со прилагодена брзина. Почитувајте ги сообраќајните прописи. Не превезувајте друго лице на тротинетот. Внимавајте на пешаците кога се движите по пешачки патеки. Не возете по коловоз ако тоа не е дозволено. Лицата под 14 години не смеат да управуваат со електричен тротинет. Максималната дозволена брзина е означена како 25…

Read More

Проектот „Иловица-Штука“ повторно се наоѓа во фокусот откако надлежните институции најавија поактивен пристап кон издавање дозволи за минерални суровини и поддршка на инвестициски проекти. Во Владата очекуваат дека новата Фискална стратегија за периодот 2027-2031 ќе придонесе за зголемување на инвестициите во државата и ќе овозможи побрза реализација на проекти кои можат да донесат економски придобивки и нови работни места. Во текстот се потенцираат новите стратешки приоритети и цели во областа на енергетиката, кои се насочени и кон „подобрување на управувањето со природните ресурси и нивно рационално искористување“. Според стратегијата, целите во наредниот среднорочен период ќе се остварат преку „воведување на…

Read More

  Утрово украинските социјални мрежи и новински куќи беа преполни со објави и фотографии споделени од руските канали на Телеграм. Жителите на Санкт Петербург, вториот по големина град во Руската Федерација и родниот град на Владимир Путин, масовно објавуваа фотографии и видеа на социјалните мрежи од украински дронови кои, како на парада, полека летаа над различни области на Санкт Петербург и го погодија нафтениот терминал таму. Буквално во рок од неколку часа, Роберт „Маѓар“ Бровди, командант на украинските сили за беспилотни системи, објави видео на својата страница на кое украински дрон мирно и непречено ја погодува руската ракетна корвета „Бојкиј“…

Read More

СООПШТЕНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ВРАБОТЕНИ ВО СЕКТОР ИГРИ НА СРЕЌА „САКАМ ДА РАБОТАМ“ Слушнавме дека Предлог законот за заштита од пушење поминал серија консултации на извршната власт со еснафските здруженија и претставниците од тутунската индустрија за да постигнат компромис. За разлика од овој пристап, за Предлог законот за игри на среќа, извршната власт постапува обратно и ги игнорира засегнатите страни, иако станува збор за економски сектор кој вкупно гледано е најголем приватен работодавец во Македонија. За жал, никој од надлежните не смета дека ние вработените кои секојдневно ја спроведуваме регулативата за игри на среќа треба да дадеме идеи и предлози…

Read More

Авион на израелската авиокомпанија „Исреир“, кој требаше да слета во Љубљана, беше пренасочен кон Загреб откако словенечките власти одбија да му дадат дозвола за слетување, објави компанијата во среда. Според „Исреир“, одлуката е донесена од политички причини, а менаџментот тврди дека ова ги крши меѓународните договори за воздухопловство и правилата на Европската унија. Компанијата додава дека израелското Министерство за надворешни работи и Управата за цивилно воздухопловство биле вклучени во решавањето на ситуацијата, но и покрај обидите, не била добиена дозвола за слетување во Љубљана, пишува „Џерусалем пост“. Како резултат на тоа, летот бил пренасочен кон Загреб, каде што безбедно слета.…

Read More

  Данската премиерка Мете Фредериксен денес ја претстави својата трета влада, која обединува четири партии и носи низа промени на најважните министерски места. Според соопштението од кабинетот на данскиот премиер, Фредериксен останува на чело на владата, која има вкупно 21 министер, од кои 11 се жени и 10 се мажи. Една од најважните промени се однесува на Петер Хумелгард, кој ја напушта функцијата министер за правда и го презема Министерството за финансии. Поранешниот министер за финансии Николај Вамен станува нов министер за правда. Министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен, лидер на Умерената партија и еден од најпознатите политичари во…

Read More

Ставот на Владата останува непроменет и покрај пораките од претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта, дека уставните измени остануваат услов за продолжување на евроинтегративниот процес, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција на која беше заедно со министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска. Премиерот рече дека Македонија нема да влезе во процес чиј крај е неизвесен и нагласи дека нема цена што би го натерала да прифати таков пристап. „Нашиот став е јасен и непроменет. Еве да го повторам, нема цена со која ќе нѐ натераат да влеземе во авантура без да знаеме дека таа авантура ќе има…

Read More

Ниту Финансиската полиција, ниту Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, не потврдуваат дека поранешниот директор на Царинската управа и поранешниот градоначалник на скопски Карпош од СДСМ, не потврдуваат дека Стефан Богоев е приведен и нема информации дека се бараат некакви мерки за обезбедување за него, пренесе Слободен печат. Засега ниту Богоев, ниту другите осомничени во случајот кој вчера одекна во јавноста како вест дека е „приведен Стефан Богоев за злоупотреби со тендери“ не се однесени пред Судија за претходна постапка во Кривичниот суд. Со реакција излегоа единствено од неговата матична партија. Последните неофицијални информации беа дека се врши…

Read More

  Украински дронови погодија енергетски и воени објекти во Санкт Петербург рано во средата, неколку часа пред меѓународните гости да се соберат на водечкиот економски форум на градот, што беше удар за Владимир Путин. Неколку беспилотни летала со долг дострел се урнаа во складишта за нафта откако руската воздушна одбрана неуспешно се обиде да ги собори. Имаше гласни експлозии, а црн чад се издигаше високо над градот од пламениот нафтен терминал. Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, рече дека областите Кировски и Красноселски биле цел. Украина, исто така, ја погоди поморската база Кронштат и бродоградилиштето во Ленинградската област, пристаништето каде…

Read More

Маж е убиен во центарот на Белград утрово, а осомничен за злосторството е 26-годишник кој, според српските медиуми, останал на местото на настанот по убиството и ја чекал полицијата. Според Telegraf.rs, убиството се случило околу 7:00 часот наутро во куќа лоцирана зад старата зграда на БИП. Полицијата рано наутро добила пријава за злосторството и веднаш испратила патрола на местото на настанот. Според неофицијални информации пренесени од српските медиуми, полицајците на адресата пронашле 26-годишник кој наводно го признал злосторството. „Го убив со секира“, наводно им рекол на полицајците по нивното пристигнување. Полицијата веднаш го уапсила и привела. На местото на злосторството…

Read More