Автор: Press Online

Во моментов Македонија е лидер по најкриминална власт, лидер по најниска минимална плата, лидер по тоа што граѓаните не можат да сврзат крај со крај со платата која ја земаат, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „24 Анализа“. Тречевска посочи дека со ВМРО на власт, Македонија денес државата е уназадена во секој сегмент – економски, институционален и европски, додека граѓаните се соочуваат со сè потежок животен стандард и изолација.„Во моментот Македонија е лидер по најкриминалната власт со делење на тендери помеѓу пријатели. Лидер е по најниска минимална плата, лидер по тоа што граѓаните не можат да сврзат крај…

Read More

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски вечерва во Скопје повтори дека усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на земјава со ЕУ.– Тоа е единствениот начин за отклучување на целосните придобивки од членството во Европската унија за граѓаните на Северна Македонија, тоа значи Македонците. Таа останува најголемиот инвеститор и најважен трговcки партнер. Остануваме да ве поддржиме и политички и финансиски, но на крајот моќта да ја обликувате вашата иднина е во ваши раце – изјави Кошта.Според него, единствениот начин да се постигне напредок кон европската…

Read More

Американската армија соопшти дека во текот на ноќта одбила голем ирански напад со балистички ракети и беспилотни летала насочени кон цели во регионот на Персискиот Залив. Според американската Централна команда (CENTCOM), американските сили успешно пресретнале повеќе ирански ракети и дронови, а извршиле и одбранбени напади врз цели на островот Кешм, како одговор на обидите за напади врз американски позиции на Блискиот Исток. Непосредно пред соопштението на CENTCOM, за напади со ракети и дронови соопштија Кувајт и Бахреин, држави во кои има американски воени бази. Според американската војска, две ирански ракети лансирани кон Кувајт паднале пред да стигнат до целта, додека…

Read More

Двајца војници, еден од САД и еден од Обединетото Кралство, загинаа за време на несреќа при воена вежба во северен Ирак, соопштија синоќа британскиот министер за одбрана и американската армија во одделни соопштенија, пренесе ДПА. Британскиот министер за одбрана Џон Хили пред Долниот дом на Обединетото Кралство синоќа изјави дека „вчера во северен Ирак се случила несреќа при воена обука во која загинал припадник на британската армија“. Хили рече дека семејството на војникот е информирано. Тој не даде дополнителни детали, пренесува ДПА. Одделно, американската армија во кратко соопштение наведе дека еден американски војник загинал за време на воена воена вежба…

Read More

Најмалку седум лица загинаа во руските напад врз Украина во текот на ноќта, соопштуваат локалните власти. Бројот на загинатите во Киев се искачи на три, соопшти шефот на Киевската градска воена администрација Тимур Ткаченко преку Телеграм. „Потврдена е смртта на три лица во Киев“, наведе Ткаченко, откако претходно информираше за 29 повредени, меѓу кои и две деца, во нападите врз неколку делови од украинската престолнина. Во два станбени блока, од кои едниот е 24-катен, а другиот деветкатен, избувнале пожари по нападите врз градот, кој бил цел и на балистички ракети, соопшти градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Во градот Днипро загинале…

Read More

Силен земјотрес рано изутринава го погоди подрачјето долж брегот на италијанската област Калабрија, а потресот бил почувствуван дури до Неапол, јавуваат италијанските медиуми. Епицентарот на земјотресот бил во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол. Според Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија магнитудата на потресот изнесувала 6,1, со епицентар на длабочина од околу 250 километри. Според италијанската национална агенција АНСА, земјотресот бил почувствуван низ цела Калабрија, како и во поширокото подрачје околу вулканот Везув и источно во регионот Базиликата. Засега нема информации за предизвикани материјални штети или повредени лица.

Read More

Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот. Речиси три децении немаше инвестиции во патната инфраструктура, Ние како Влада ги придвижуваме работите и работиме на неколку фронтови, истакна вицепремиерот Александар Николоски во поткастот „Риштази”.„Македонија ќе има одлични автопатишта, би рекол, најдобри во регионот во следниве години како ќе ги завршуваме проектите. Факт е дека ние изгубивме најмалку 3 децении, мислам, на последните две децении на 20 век, 80-тите и 90-тите години и првата деценија на 21 век, така што еднo 30 години речиси никакви инвестиции во патната инфраструктура не донесе во ситуација каква што не донесе. Први големи инвестиции почнаа да…

Read More

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) упати сериозни обвинувања до Владата за водење двојна и антиевропска политика. Портпаролката и членка на Извршниот одбор на партијата, Богданка Кузеска, на прес-конференција реагираше на учеството на вицепремиерот Иван Стоилковиќ на 7-от состанок на локалните лидери на Кина, каде што тој престојува заедно со српската делегација.Кузеска јавно го отвори прашањето како е можно во земја која е полноправна членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија, вториот човек во државата отворено да промовира стратешка соработка со Пекинг.Според СДСМ, овој чекор јасно ги демаскира вистинските намери на актуелната власт.„Човекот кој јавно се дружи…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рамковен договор со Иран може да се постигне „во текот на следната недела“, објави синоќа американскиот радиодифузер Еј-би-си Њуз (ABC News). Трамп во телефонско интервју за Еј-би-си рече дека меморандумот за разбирање за повторно отворање на Ормуската Теснина и продолжувањето на сегашниот прекин на огнот може да биде завршен и договорен „во текот на следната недела“, пренесе ДПА. „Треба да добијам уште неколку поени“, рече Трамп, објави Еј-би-си, додавајќи дека документот сè уште не го потпишал. И од иранска страна нема јавна потврда дека договорот е постигнат, пренесува германската агенција.  Трамп претходните недели објави…

Read More

Случајот со неовластениот пристап до информатичкиот систем на Кабинетот на претседателката Гордана СИлјановска Давкова продолжува да отвора прашања во јавноста, откако поранешниот претседател Стево Пендаровски јавно ја оспори тезата дека не станува збор за афера само затоа што класифицираните документи се чуваат на хартија.Во интервју за „360 степени“, Пендаровски потврди дека за време на неговиот мандат класифицираните документи навистина биле доставувани и архивирани во писмена форма, но нагласи дека тоа не значи дека други чувствителни информации не можеле да бидат предмет на неовластен пристап.„Точно е дека сите класифицирани документи, барем до пред две години, се добиваа на хартија. И на хартија…

Read More

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при пуштање во употреба на нов објект, истакна дека извршната власт продолжува посветено да работи на реализација на сите дадени ветувања пред граѓаните преку директна поддршка на локалните самоуправи. Мицкоски информираше дека вкупната сума предвидена за капитални инвестиции од Владата кон општините изнесува околу половина милијарда евра.Премиерот изрази задоволство од довршувањето и пуштањето во функција на тековните проекти кои веќе активно се користат од младите и придонесуваат за доброто на заедницата. Тој најави дека во претстојниот период фокусот ќе биде ставен како на започнување на нови, така и на финализирање на веќе отпочнатите инфраструктурни зафати.Зборувајќи…

Read More

Маж застрелал шест лица на различни локации во градот Маскатин во американската сојузна држава Ајова, по што извршил самоубиство, соопшти локалната полиција. Прелиминарната истрага покажува дека трагичниот настан започнал по семејна расправија. Според досегашните информации, полицијата во Маскатин, град сместен на брегот на реката Мисисипи, засега работи врз верзијата дека пукањето е поврзано со домашен конфликт. Надлежните органи продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Read More