НАЈНОВО
Автор: Press Online
Мрежен кабел за интернет долг 15 километри – купен 15.000 евра, а никаде го нема, набавени компјутери, лаптопи, ајфони за кои постои само барање без реверс каде завршиле, склучен договор од 1.600.000 денари за мобилни телекомуникациски услуги или двојно повеќе од предвидените 800.000 денари, како и договор од 1,1 милион денари за фиксна телефонија, иако биле предвидени 550.000 денари, се само некои од недоследностите во работењето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) што ги утврдило актуелното раководство. Како што изјави денеска за МИА директорката на Институтот, Марија Андоновска, во институцијата не била направена ревизија од 2017 година. – Advertisements –…
Европската комисија денеска препорача целосно укинување на внатрешните гранични проверки меѓу земјите од Шенген зоната (Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Словенија и Шведска), кои продолжуваат да вршат проверки на внатрешните граници. ЕК препорачува постепено укинување на проверките со оглед на претстојното стапување во сила на новите европски правила за азил и миграција на 12 јуни. Законодавството на ЕУ дозволува привремено воведување на такви гранични проверки под одредени услови и бара од ЕК да издаде мислење кога проверките траат повеќе од 12 месеци. Според ЕК новите правила на ЕУ ќе ја подобрат безбедноста на надворешните граници на ЕУ и…
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, испрати јасна порака дека усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија. Во своето обраќање, Кошта најпрво го поздрави напредокот во спроведувањето на реформската агенда, особено во делот на владеењето на правото и реформата на јавната администрација, како и целосното усогласување на државата со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската агенда, кон усвојувањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, што е значајно за…
Во вторникот во Калифорнија (и уште во неколку други американски држави) се во тек гласањата на примарните избори за кандидати за различни политички функции. Демократите и републиканците го избираат својот кандидат за гувернер на Калифорнија. Трката во Калифорнија стана една од најлудите во живата меморија, затоа што нема ниту еден изразит фаворит. Мултикултурализмот во сончевата држава е изразен и со плакатите на гласачките места. На ова место во Лосе Анџелес повикот „Гласајте овде“, освен на англиски е напишан и на 12 други јазици. Шпански, кинески, индиски, грузиски… И никому тоа не му пречи.
Мицкоски најавува големи промени и реорганизација, и во Владата и во партијата, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Во Владата ќе биде козметика. Ќе менуваат имиња, ќе прават фотосесии, ќе ни продаваат „нова енергија“. А зад сè ќе остане истото, Мицкоски и неговата криминална група кои водат во изолација и продолжуваат со кражба. Во партијата, пак, ќе биде чистка. Како и со потпретседателите. Ќе ги отстрануваат сите кои не се 100% лојални, кои не се дел од фан-клубот на Мицкоски. Ќе останат само оние кои безусловно го слушаат, кои не поставуваат прашања и кои се…
Финансиската полиција, во координација со Основното јавно обвинителство, денеска спроведе акција во која се лишени од слобода четири лица осомничени за злоупотреби поврзани со тендерска постапка во Управата за царинско работење. Меѓу приведените е и поранешен директор на Царинската управа, поранешен потпретседател на СДСМ и екс-градоначалник на Општина Карпош. Според првичните информации, лицата се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и незаконитости во постапка за јавна набавка. Надлежните институции засега не даваат дополнителни детали. Се очекува во текот на денот Управата за финансиска полиција и Обвинителството да излезат со официјално соопштение за случајот.
Сопругата на Бајден објави мемоари. Таа знаела дека Џо е болен дури и пред да заврши неговиот мандат
Џил Бајден, сопругата на поранешниот американски претседател Џо Бајден, нуди она што таа го нарекува „целосно признание“ во своите нови мемоари. Во книгата „Поглед од источното крило“, која излегува денес, поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави отворено зборува за шокот што следел по дијагнозата на рак на нејзиниот сопруг, катастрофалниот настап на Џо Бајден на дебатата во 2024 година и како проблемите на нејзиниот син Хантер го тестирале нејзиниот долгогодишен стоицизам. Преку лични размислувања, Бајден дава увид во нејзиното време во Белата куќа, крајот на политичката кариера на нејзиниот сопруг и справувањето со враќањето на Доналд Трамп на власт,…
Американскиот претседател Доналд Трамп му предложи на Сенатот да го одобри новиот амбасадор во Бугарија, кој за прв пат од крајот на комунистичкиот режим не е дипломат. Кандидатот на Трамп е Даглас Холдер, лобист од Флорида кој нема искуство во дипломатијата и не бил на позиција каде што се носат политички одлуки веќе 12 години. Холдер е долгогодишен претставник на Републиканската партија. Роден е 1966 година во Тенеси. Во 1997 година се населил во Флорида, а во 2006 година бил избран во Претставничкиот дом на државата. Холдер остана во законодавниот дом до 2014 година, освојувајќи неколку последователни мандати. Во…
Владата денеска го усвои Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, соопшти Министерството за здравство. – Ова е важен чекор за јавното здравје и за создавање поздрав, побезбеден и поодговорен јавен простор. Законот е резултат на широк институционален процес, разговори со засегнатите страни, консултации со тутунската индустрија, угостителскиот сектор, надлежните институции, инспекциските органи, експертската јавност и поддршка од Светската здравствена организација, се наведуваат од МЗ во објавата на Фејсбук. Премиерот Христијан Мицкоски на завршниот состанок со претставниците од тутунската индустрија и угостителскиот сектор пред неколку дена, изјави дека очекува Предлог-законот за заштита од употреба на…
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево пристигна во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Кошта на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. – Добредојде за претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје. Попладнево, во рамки на неговата регионална посета, го пречекавме претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Посетата претставува значајна можност за размена на мислења за европската перспектива на државата, реформската агенда и понатамошните чекори во евроинтегративниот процес. Очекуваме отворена и содржајна дискусија за надминување на предизвиците и забрзување на европскиот пат на државата, напиша на Фесбук министерот Муцунски.…
Тропска бура Џангами денеска ја погоди Јапонија, при што се повредени 16 луѓе, а речиси 48.000 домаќинства во префектурите Окинава и Кагошима се без електрична енергија. Железничкиот и патниот сообраќај во погодените области е во прекин. Се претпоставува дека сообраќајот во Токио ќе биде отежнат до утре наутро. Во префектурите Кагошима и Окинава, најмалку 15 згради се делумно оштетени а патиштата се поплавени, вкупно 331 лет се откажани, а отежнат е и поморскиот сообраќај. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека бурата Џангами пристигнала на островот Кјуши и се очекува обилен дожд и силни ветрови.
Лидерите на двете моментално најголеми светски сили, кинескиот претседател Ши Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп, го покажаа својот личен однос и ценење кон српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави Ана Брнабиќ. Таа го кажа ова додека зборуваше за неодамнешната посета на Вучиќ на Кина, каде што беше почестен од претседателот Ши, како и за фактот дека Трамп сподели интервју што Вучиќ го даде за Breitbart News на својата социјална мрежа Truth Social, објавува „Време“. „А тоа ја става самата Република Србија во доменот на земјите во кои никогаш не сме биле. Не бевме ниту во времето на Јосип Броз…
