Автор: Press Online

Летовите  кон и од Белгија денеска ќе биде прекинат од 14 часот по локално време поради штрајк на вработените во компанијата за контрола на воздушниот сообраќај „Скајс“. Штрајкот на контролорите на воздушниот сообраќај синоќа веќе предизвика сериозни нарушувања во воздушниот транспорт. На аеродромот „Шарлроа“ беа откажани 30 патнички летови, а на аеродромот во Лиеж беа погодени околу 40 товарни летови. „Скајс“ потврди дека воздушниот сообраќај повторно ќе биде прекинат денеска попладне. На аеродромот во Брисел околу 25 летови беа одложени за еден до два часа. Два авиона што летаа кон аеродромот Завентем беа пренасочени кон други аеродроми. Пријавени се и…

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека земјава во првите три месеци од 2026 година ќе биде меѓу трите земји во Европа според растот на Бруто-домашниот производ (БДП). „Што се однесува до бруто-домашниот производ, сите индикатори коишто ги следиме од првиот квартал којшто веќе измина, тоа се месеците јануари, февруари и март, велат дека ќе имаме, во услови на епска светска енергетска криза, солиден раст. Јас би очекувал растот да се движи меѓу 3 и 3,5%. Номиналниот раст би бил можеби два до два и пол пати поголем од тоа, но да почекаме Државниот завод за статистика да ги објави бројките. Но,…

Read More

Починат маж е пронајден во стан во Тетово. Во понеделникот во 21:40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во сопствениот стан во Блок 82 во Тетово бил пронајден починат С.С.(47) од Тетово. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, информираат од СВР Тетово. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од американскиот претседател Доналд Трамп, САД да испратат противвоздушни системи Патриот. Барањето на Зеленски уследи по синоќешните руски напади врз пет украински градови, при што загинаа најмалку 14 луѓе, десетици се повредени, а голем број се заробени под урнатините. Според украинското военовоздухопловство, Русија синоќа врз Украина лансирала 73 проектили, од кои осум хиперсонични проектили Циркон, како и 656 дронови. Главни мери на нападите беа Киев, Дњепар, Запорожје, Полтава и Харков. Зеленски и минатата недела од Трамп побара системи Патриот и пресретнувачки ракети, истакнувајќи оти балистичките ракети се „главната предност на Москва на бојното поле“.…

Read More

Вишиот суд во Неготин оцени дека нема доволно докази за продолжување на постапката против Радослав Драгиевиќ, кој беше обвинет за прикривање на кривично дело и помагање по извршувањето на убиството на Данка Илиќ. Вишиот суд во Неготин донесе одлука да ја прекине постапката против Радослав Драгиевиќ, таткото на Дејан Драгиевиќ, кој е еден од главните обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ. Со оваа одлука, судот оцени дека нема доволно основи за продолжување на кривичната постапка против 75-годишниот Драгиевиќ. Радослав Драгиевиќ беше обвинет за непријавување на кривично дело и сторител, како и за помагање на сторителот по извршувањето на кривичното…

Read More

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста на работењето на Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија за 2024 година. Ревизијата била спроведена на сметката за средства од програмите за здравствена заштита, сопственото учество на осигурените лица во цената на здравствените услуги и други сопствени приходи. „Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година“, се наведува во извештајот на ДЗР. Ревизорите констатирале повеќе слабости во работењето на институцијата, меѓу кои нецелосна евиденција…

Read More

На Фејсбук група „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“ се појави објава во која се посочува дека суво дрво се скрши и оштети возило. Скопјанка објаснува дека дрво на улицата Волгоградска имало обележано со црвена боја буква „С” за сечење скоро цела година, а можеби и повеќе, а другото до него, кое исто така стоело суво, се скршило и го оштетило возилото на нејзиниот сосед. „Другото до него исто суво само се скрши и оштети кола на сосед до тој степен што возилото не е за употреба. Прашањето ми е каде да се реагира што службиве спијат? Дали ќе…

Read More

  Во слабо осветлено телевизиско студио, еден од најбогатите луѓе во Унгарија е на работ на солзи. Почеток на мај е, неколку недели по општите избори со кои се стави крај на 16-годишното владеење на Виктор Орбан, а рекламниот магнат Балаши Ѓула има да објави нешто. Ѓула му кажува на новинарот дека штотуку ги предал своите бизниси на државата, заедно со дел од своите приватни заштеди. Дури донел и нотарски заверен акт – правен документ со кој се утврдува промената на сопственоста. „Во сегашната ситуација, не мислам дека нашата група компании има иднина“, вели тој. Ѓула беше меѓу најистакнатите корисници…

Read More

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини.   Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе се сретне и со претседателот на Националниот совет на Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калињак Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред Споменикот на слободата, во меморијалната област Девин. Утре, претседателката ќе го посети Националниот центар за…

Read More

Сообраќајот повторно се подобрува во Дубаи, масите во рестораните се полнат, а воздушниот сообраќај во голема мера е обновен. На површината, животот во туристичката престолнина на Заливот изгледа речиси сосема нормално. Но, под површината лежи посложена реалност – додека инфраструктурата функционира, довербата на патниците сè уште не е целосно обновена. Хотелите, авиокомпаниите и угостителите сега работат понапорно од кога било за да ги уверат посетителите дека е безбедно да се вратат, пишува Си-ен-ен. Тест за довербата во безбедностаСо децении, Дубаи го градеше својот глобален туристички бренд врз ветување за стабилност што малку дестинации од Блискиот Исток можеа да го постигнат.…

Read More

Албанското специјално обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) започна истрага за проектот за луксузно одморалиште на островот Сазан во Јадранското Море и заштитеното крајбрежно подрачје Вјоса-Нарта, поврзано со компанијата на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. -Истрагата главно е поврзана со постапките околу контроверзните промени во заштитениот статус на подрачјето и промените во сопственоста на тоа земјиште во 2024 година. Во рамки на истрагите се спроведени контроли и преземени се активности за запленување на документација поврзана со административните постапки и релевантното донесување одлуки, објавија медиумите. Како одговор на интересот на медиумите за ова прашање, од  СПАК потврдиле…

Read More

Стоматологот Оливер Миланов, по некоја случајност директор на АХВ, е најдиректно одговорен за сѐ што се случува со квалитетот, тоест, што се произведува, увезува и продава низ супермаркетите како храна, а која ја консумираат нашите сограѓани. После скандалите со корупција и мито во другите надлежни агенции и инспекторатот под капата на МЗШВ, сега имаме и мега скандал со небезбедна храна пуштена по маркетите. Наместо навремена контрола и заштита на јавното здравје надлежните дозволиле производи со состав различен од декларираниот да стигнат до илјадници граѓани. Неправилности биле утврдени кај производи на Бела фарм, ПК Златибор, Маврово, Милком, Сентис АГ, Ѓорѓиеви, Тетовска…

Read More