Автор: Press Online
Мицкоски и неговата банда се грижат само за себе, додека младите и идните генерации ја плаќаат цената за нивните погрешни политики, лаги и блокирање на европската иднина на државата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Претседалот на СДСМ директно му се обрати на Мицкоски.„Лесно ти е тебе и на твојата банда. Се грижите само за вас. На крај памет не ви паѓа како живеат граѓаните тука во државата“, порача Филипче.Тој истакна дека најголемата цена за политиките на Владата не ја плаќаат функционерите на ВМРО-ОКГ, туку граѓаните, нивните семејства и младите генерации„Лесно е на оваа власт, со пари од партиски тендери, пари…
Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник објави рекордни 93 милијарди евра странски инвестиции, од кои поголемиот дел ќе бидат фокусирани на вештачка интелигенција и центри за податоци. Најавата дојде за време на годишниот самит „Избери Франција“ во Версајската палата, на кој учествуваа околу 200 директори од целиот свет. Минатогодишниот настан донесе најави за проекти вредни 20 милијарди евра, додека овогодинешниот износ ќе го надмине вкупниот износ од 87 милијарди евра собрани во текот на изминатите осум години, објавува Euronews. „Само ова издание на „Избери Франција“ носи рекорден износ од 93 милијарди евра потврдени инвестиции, кои ќе создадат повеќе од 15.000…
Палминото масло не е директно канцерогено само по себе, а јавноста треба да биде подобро информирана за вистинските ризици поврзани со неговата употреба, смета д-р Ненад Лазаров. Тој посочува дека палминото масло содржи значително повеќе заситени масти од многу други растителни масла, поради што може да биде понеповолно за здравјето, особено кога се користи за пржење. Сепак, според него, многу поголем проблем претставува начинот на кој се декларираат одредени производи. „Измамата е проблем. Не може и не смее да содржи палмино масло, а да се нарекува млечен производ. Тоа е едноставно и е регулирано во Европската Унија“, вели Лазаров. Тој…
Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, рече дека истата ќе биде архивирана утре, додека во однос на реконструкцијата на Владата, посочи дека ќе се разговара со коалициските партнери. -Jас неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Така што, како што знаете, во јуни не очекува реконструкција на Владата, и ќе видиме ќе разговараме со нашите коалициони партнери во рамките на Владата, рече Мицкоски. Посочи дека Фетаи во оставката се заблагодарува за работата со него како премиер, како и со…
Иран официјално објави дека ја прекинува размената на индиректни пораки со Соединетите Американски Држави поради континуираните израелски воени операции во Појасот Газа и Либан, објавува иранската новинска агенција Тасним. Техеран зазеде цврст став и инсистира дека преговорите со Вашингтон нема да продолжат сè додека Израел целосно не ги запре своите воени операции и не ги повлече своите сили од окупираните територии во Либан. Дека ситуацијата може дополнително да ескалира, потврдуваат изјавите на иранските претставници кои предупредуваат дека Иран и неговите сојузнички групи размислуваат за зголемување на притисокот. Ова вклучува потенцијално нарушување на клучните глобални поморски патишта, со посебен фокус на…
Ноќеска во 00:15 часот во СВР Штип, 25-годишна жена од село во општина Карбинци пријавила дека на 31.05.2026 во 17:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Ш.М.(45). Според пријавеното, претходниот ден тој физички ги нападнал нивните малолетни деца. Таа и малолетните деца се предадени на Центарот за социјални работи Штип.
🚨Во однос на “демантот” на министерката Јаневска за ревизорскиот извештај, потсетуваме дека работа на секој министер е да го штити јавниот интерес и буџетот на граѓаните, без оглед на партијата на власт или на претходната. Ако министерката Весна Јаневска смета дека повикување на јавно достапен извештај од Државниот завод за ревизија и легитимно прашување за тоа што таа направила по негативните забелешки на државниот ревизор е манипулација на јавноста, тогаш министерката треба да се потсети дека е државен службеник со највисоки ингеренции. ⚠️Овие ингеренции ѝ дозволуваат да покрене ПОСТАПКИ, процеси и механизми за заштита на јавниот интерес, особено кога државен…
Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонско интервју за Си-Ен-Би-Си изјави дека не е загрижен за судбината на мировните преговори со Иран бидејќи, како што вели, тие станале „здодевни “. „Искрено, не ми е гајле дали се завршени. Навистина не ми е гајле. Воопшто не ми е гајле“, рече Трамп во интервјуто. Трамп нагласи дека верува оти долготрајните преговори го изгубиле својот смисло и моментум. „Мислам дека станале многу здодевни“, рече американскиот претседател. Тој рече дека ќе побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дополнителни објаснувања за ситуацијата во Либан. Подоцна истиот ден, тој објави порака на платформата Truth Social, велејќи…
По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, изразуваме благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес, пишува во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Во извршувањето на оваа одговорна функција, Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност. Ја почитуваме неговата одлука и истовремено му се заблагодаруваме за соработката и придонесот што го даде во овој период. На г. Фетаи му посакуваме добро здравје, успех и сѐ најдобро во иднина.
По средбата со Владимир Путин, олигарсите испратија 220 милијарди рубли донации за војната.Големите руски бизнисмени донираа 220 милијарди рубли (3 милијарди долари) во буџетот преку бесплатни плаќања, според владиниот портал „Електронски буџет“. Ова е речиси 130 пати повисоко од проектираните приходи од овој вид приходи за целата година, според „Експерт“. Причината за овие „доброволни прилози“ беше затворената средба на Владимир Путин со олигарсите на 26 март, на која Путин ја објави својата намера да ја продолжи војната против Украина и побара од бизнисите да помогнат. Дмитриј Песков, прес-секретарот на претседателот, потврди дека еден од учесниците (според изворите на „Експерт“,…
360°: Во последните недели актуелна е т.н. шпионска афера од кабинетот на претседателката на државата, со информации за неовластен пристап и извлекување информации од компјутерскиот систем. Претседателката во неколку јавни настапи вели дека не може да стане збор за шпионирање, ниту за афера, затоа што доверливите, класифицираните документи ниту ги добива дигитално, ниту се чуваат дигитално. Какво е вашето искуство од времето кога вие бевте шеф на државата? Пендаровски: Последната констатација на Сиљановска е точна. Нејзината претходна теза не е точна. Точно е дека сите класифицирани документи, барем до пред две години, се добиваа на хартија. И на хартија се архивираат. Некои…
Инфлацијата на потрошувачките цени во Бугарија дополнително се забрза во мај до највисокото ниво во повеќе од две и пол години, покажаа денешните прелиминарни податоци од Националниот статистички институт. Индексот на потрошувачките цени (ИПЦ) во мај се искачи за 7,0 отсто на годишно ниво, побрзо од порастот од 6,8 проценти во април. Понатаму, ова беше најсилниот бран на инфлација од август 2023 година, кога цените скокнаа за 7,7 отсто, пренесе ДПА. Порастот на инфлацијата во голема мера беше поттикнат од скокот на трошоците за транспорт од 22,1 проценти. Инфлацијата кај домувањето и комуналните услуги се забрза на 5,2 отсто од…
