Автор: Press Online
Стоматологот Оливер Миланов, по некоја случајност директор на АХВ, е најдиректно одговорен за сѐ што се случува со квалитетот, тоест, што се произведува, увезува и продава низ супермаркетите како храна, а која ја консумираат нашите сограѓани. После скандалите со корупција и мито во другите надлежни агенции и инспекторатот под капата на МЗШВ, сега имаме и мега скандал со небезбедна храна пуштена по маркетите. Наместо навремена контрола и заштита на јавното здравје надлежните дозволиле производи со состав различен од декларираниот да стигнат до илјадници граѓани. Неправилности биле утврдени кај производи на Бела фарм, ПК Златибор, Маврово, Милком, Сентис АГ, Ѓорѓиеви, Тетовска…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати серија прашања до синдикалните лидери Трпе Деаноски и Слободан Трендафилов, барајќи од нив јавно да се произнесат за начинот на кој биле трошени средствата собрани од членарините на работниците. Од партијата прашуваат дали дел од синдикалните средства биле искористени за организирање спортски игри во Црна Гора и дали за таа намена биле потрошени околу 60.000 евра. „Работниците плаќаат членарина за синдикатот да ги штити нивните права, а не за раководството да организира скапи патувања, привилегии и забави за одбрани поединци“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму бараат одговор дали средствата биле користени за интересите на, како што…
Огромното мнозинство од луѓето кои минатата година станаа германски државјани го задржаа своето оригинално државјанство, согласно новите правила за двојно државјанство на Германија, покажува анкетата на истражувачката група „Mediendienst Integration“. Уделот на новонатурализирани граѓани кои поседуваат повеќе од едно државјанство се движеше од 85 до 98 отсто во градовите што ги собраа податоците, покажа анкетата. Повеќето од оние што не добиле двојно државјанство биле или без државјанство пред натурализацијата или потекнувале од земји што генерално забрануваат двојно државјанство, вклучувајќи ги Индија, Етиопија и Еритреја, потсетува ДПА. Претходната германска коалициска влада составена од Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи ги реформираше законите…
Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува 2.07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 проценти има во секторот Сместување и послужување храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.15 проценти. Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 3.05…
Либанските власти синоќа соопштија дека Хезболах го прифатил американскиот предлог за „заемно прекинување на нападите“ со Израел, откако Доналд Трамп изјави дека двете страни му ветиле деескалација во Либан пред израелско-либанските разговори во Вашингтон. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека му нагласил на Трамп дека Израел ќе напаѓа „терористички“ цели во Бејрут доколку Хезболах не ги прекине нападите врз израелските градови. „Истовремено, израелските одбранбени сили ќе продолжат со операциите во јужен Либан во согласност со планот“, рече Нетанјаху. „Либанските власти добија потврда дека Хезболах го прифатил американскиот предлог за заемно прекинување на нападите“, се наведува во соопштението од либанската…
Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) денеска објави дека извршил одмазднички напади врз воздухопловната база што САД ја користеле за да започнат воен напад врз телекомуникациска кула на југот на Иран, објавија денеска иранските медиуми. Во соопштението се наведува дека иранските воздухопловни сили ја погодиле и уништиле воздухопловната база од која „агресивната американска армија“ започнала напад врз телекомуникациска кула на островот Сирик, во покраината Хормозган, на југот на Иран, пренесе државната телевизија Прес. „По агресијата извршена пред неколку часа од страна на агресорната американска армија врз комуникациската кула на островот Сирик, во покраината Хормозган, припадниците на воздухопловните сили на…
Најмалку пет лица загинаа, 20 се повредени, а тројца се исчезнати во експлозија на бомба од Втората светска војна во Папуа, Индонезија, која уништи девет куќи и предизвика огнена топка. Во страшна несреќа што се случи во индонезиско село во источниот регион на Папуа, најмалку пет лица загинаа, додека 20 беа повредени. Полицијата се сомнева дека причина за несреќата е активирање на експлозивна направа останата од Втората светска војна. Силна експлозија одекнала под куќа изградена на потпорници, по што следела ужасна сцена. Според снимките објавени од локалниот медиум Компас ТВ, грмотевица го исплашила населението, проследена со голема огнена топка и…
Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека „се додека дише“ ќе работи за својата земја, демантирајќи ги со тоа информациите за наводна оставка. Пезешкијан, според иранските државни медиуми, изјавил дека ќе продолжи со своите обврски. „Или ќе продолжиме силно, или ќе бидеме маченици“, рекол тој нагласувајќи дека и во двата случаи тоа претставува „победа“. Тој додал дека неговиот живот не е повреден од животот на „мачениците на Исламската револуција“, меѓу кои го споменал и врховниот лидер Али Хамнеи, повикувајќи на присуство „на терен“ и решавање на проблемите. Изјавите следуваат неколку часа по медиумски извештаи дека претседателот наводно испратил писмо со барање…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската армија да ги нападне позициите на либанската милитантна група Хезболах во предградијата на либанскиот главен град Бејрут. „Како одговор на повторените и континуирани прекршувања на прекинот на огнот во Либан од страна на терористичката организација Хезболах и нападите врз нашите градови и граѓани, заедно со министерот за одбрана Израел Кац, им наредив на Израелските одбранбени сили да нападнат терористички цели во областа Дахија, во Бејрут“, наведе Нетанјаху во објава на Икс. Во меѓувреме, либанскиот претседател Џозеф Аун рече дека неговата земја се соочува со „злобна израелска агресија достојна за осуда“ откако Израел…
Најмалку две лица се повредени при експлозија во фабрика за пиротехнички материјал во Малта, соопштија локалните медиуми. Двајца мажи на возраст од 67 и 47 години биле пренесени во болница по експлозијата, што се случила изутринава околу 6:30 часот по локално време. Според извештаите, од силината на детонацијата се треселе околните згради, а жителите пријавиле и скршени прозорци Fireworks site massive explosion in Malta. Luckily no casualties. pic.twitter.com/FX48M1D295 — RaymondTaboneHokay (@TaboneRaymond) June 1, 2026 Очевидци наведуваат дека експлозијата се слушнала на голема оддалеченост. Двајцата повредени, жители на заливот Сент Полс Беј, во моментот на експлозијата биле во близина на фабриката.…
Мицкоски и неговата банда се грижат само за себе, додека младите и идните генерации ја плаќаат цената за нивните погрешни политики, лаги и блокирање на европската иднина на државата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Претседалот на СДСМ директно му се обрати на Мицкоски.„Лесно ти е тебе и на твојата банда. Се грижите само за вас. На крај памет не ви паѓа како живеат граѓаните тука во државата“, порача Филипче.Тој истакна дека најголемата цена за политиките на Владата не ја плаќаат функционерите на ВМРО-ОКГ, туку граѓаните, нивните семејства и младите генерации„Лесно е на оваа власт, со пари од партиски тендери, пари…
Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник објави рекордни 93 милијарди евра странски инвестиции, од кои поголемиот дел ќе бидат фокусирани на вештачка интелигенција и центри за податоци. Најавата дојде за време на годишниот самит „Избери Франција“ во Версајската палата, на кој учествуваа околу 200 директори од целиот свет. Минатогодишниот настан донесе најави за проекти вредни 20 милијарди евра, додека овогодинешниот износ ќе го надмине вкупниот износ од 87 милијарди евра собрани во текот на изминатите осум години, објавува Euronews. „Само ова издание на „Избери Франција“ носи рекорден износ од 93 милијарди евра потврдени инвестиции, кои ќе создадат повеќе од 15.000…
