НАЈНОВО
Автор: Press Online
Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, е меѓу четирите лица опфатени во денешната акција на Управата за финансиска полиција, дознава Скопје1. Неофицијално, тој е приведен. Акцијата се спроведува во координација со Основното јавно обвинителство, а според првичните информации, се однесува на сомнежи за местење тендер и незаконитости во постапка за јавна набавка поврзана со Царинската управа. Според информациите, осомничените се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и други незаконитости поврзани со тендерската постапка. Надлежните институции засега не откриваат повеќе детали за предметот, а во текот на денот се очекуваат официјални информации од Финансиската полиција и Обвинителството за конкретните сомнежи и…
Просечната нето плата во Црна Гора во април 2026 година изнесувала 1.029 евра, што е за две евра повеќе отколку во март, но во исто време, реалните плати се намалиле за 1,2 проценти бидејќи потрошувачките цени растеле побрзо од платите, покажуваат новите податоци на Монстат. Просечната бруто плата во април изнесувала 1.229 евра, додека просечната плата без даноци и придонеси, односно нето платата, изнесувала 1.029 евра. Според податоците на Дирекцијата за статистика, просечната нето плата во април се зголемила за 0,2 проценти во споредба со март, додека во споредба со истиот месец минатата година била за 2,0 проценти повисока. Меѓутоа,…
УНИБанка донираше парични средства на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата “Козле” Скопје за набавка на најсовремен медицински апарат за болните од цистична фиброза. Оваа донација ќе придонесе за олеснување на неопходната физикална респираторна терапија за децата и возрасните пациенти кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на белодробните заболувања, особено оние со цистична фиброза, бронхиектазии, ХОББ и други состојби со задржување на густ секрет во дишните патишта. „УНИБанка отсекогаш била поддршка на локалната заедница и секојдневниот живот на луѓето во Македонија. Веруваме дека вистинските вредности се градат преку грижа, хуманост и поддршка таму каде што се најпотребни. Како…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочи со критики дома откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел ќе ги суспендира плановите за напад врз проиранскиот Хезболах во Бејрут. Ова го нагласува притисокот со кој се соочува израелскиот лидер пред изборите на кои анкетите предвидуваат негов пораз. Трамп вчера изјави дека Израел и Хезболах се согласиле да ги прекинат меѓусебните напади, неколку часа откако Нетанјаху нареди нови напади врз јужните предградија на Бејрут. Како резултат на тоа, Иран предупреди дека Израел ги загрозува преговорите со САД. Либанската влада подоцна објави ново примирје меѓу Израел и Хезболах, според кое Израел ќе…
СВР Куманово поднесе кривични пријави против Ф.Ф. (52) и Л.Т. (52), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторување повеќе кривични дела поврзани со уништување на културно наследство, бесправно градење, узурпација на недвижности и несовесно работење во службата. Според Министерството за внатрешни работи, првопријавениот во 2023 година срушил и уништил куќа која претставувала заштитен објект на културното наследство, на која била поставена спомен-плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак. Објектот бил евидентиран како заштитено културно наследство согласно законските прописи и бил дел од програмата за одбележување значајни личности и настани во Општина Куманово. По уривањето на куќата, пријавениот како инвеститор изградил…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го номинираше Мајкл Јанг од Јута за амбасадор на САД во Србија, објави Белата куќа. Србија нема амбасадор од Соединетите Американски Држави од јануари 2025 година, кога истече мандатот на претходниот амбасадор Кристофер Хил. Со декретот од 1 јуни номинирани се и амбасадори на САД за Босна и Херцеговина и Црна Гора. Како што објави Белата куќа, Роналд Џонсон од Масачусетс беше номиниран за амбасадор во Босна и Херцеговина, а Питер Мекој од Јужна Каролина во Црна Гора. Тројцата номинирани амбасадори не се дипломати кои служеле во Стејт департментот. Амбасадорот во БиХ,…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на телефонскиот разговор поради ескалацијата на конфликтот во Либан, што се заканува да ги попречи разговорите со Иран, објавува „Аксиос“, повикувајќи се на информирани извори. Според еден од нив, Трамп му рекол на Нетанјаху: „Ти си ебано луд! (You’re fucking crazy) Да не бев јас, ќе беше во затвор. Ти го спасувам задникот. Сега сите те мразат. Сите го мразат Израел поради тоа“. Друг извор за медиумот тврди дека американскиот претседател бил „надвор од себе од бес“ и во еден момент му извикал на Нетанјаху:…
Сиромашно јавно обвинителство не може да му се спротивстави на богатиот криминалитет. Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески по којзнае кој пат ја испрати истата порака до извршната и законодавната власт, да покаже вистинска волја и да му даде финансиска поддршка на Јавното обвинителство за да му овозможи функционирање. Оваа порака ја испрати на конференцијата на која беше промовирана стратегијата за јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство во јавноста која е финансирана со европски пари, но барањето за повеќе пари за Обвинителството го испрати не само за транспарентноста, туку и општо за функционирањето на Обвинителството. – Без финансиска поддршка ние го…
Албанските обвинители за борба против корупција го истражуваат проектот за луксузно одморалиште поврзан со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, додека протестите од граѓаните и еколошките организации продолжуваат. Проектот го вклучува ненаселениот јадрански остров Сазан и неколку стотици хектари од заштитениот пејзаж Вјоса-Нарта, чувствителна крајбрежна мочуришна област каде што се гнездат фламинга, фоки и морски желки. СПАК, специјалното обвинителство за борба против корупцијата во Албанија, потврди во понеделник дека отворило истрага за контроверзните промени во заштитениот статус и сопственоста на земјиштето во областа во 2024 година, што отворило врата за развој на туризмот. Обвинителството не одговорило на барањето…
Авионот со македонската фудбалска репрезентација итно се врати по полетувањето на аеродромот во Истанбул поради технички проблем Авионот во кој се превезуваше македонската фудбалска репрезентација, денеска по полетувањето од меѓународниот аеродром во Истанбул, беше приморан да ја прекине рутата кон Скопје и експресно да се врати назад на турскиот аеродром, дознава 4news.mk Според официјалните радарски податоци од сервисот Flightradar24, се работи за летот со број FH1949, управуван со авион од типот Airbus A320-214 со регистрација TC-FHK, во сопственост на авиокомпанијата „Freebird Airlines“. Летот со кој македонската експедиција требаше да пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје (SKP) започна во 10:10 часот…
Летовите кон и од Белгија денеска ќе биде прекинат од 14 часот по локално време поради штрајк на вработените во компанијата за контрола на воздушниот сообраќај „Скајс“. Штрајкот на контролорите на воздушниот сообраќај синоќа веќе предизвика сериозни нарушувања во воздушниот транспорт. На аеродромот „Шарлроа“ беа откажани 30 патнички летови, а на аеродромот во Лиеж беа погодени околу 40 товарни летови. „Скајс“ потврди дека воздушниот сообраќај повторно ќе биде прекинат денеска попладне. На аеродромот во Брисел околу 25 летови беа одложени за еден до два часа. Два авиона што летаа кон аеродромот Завентем беа пренасочени кон други аеродроми. Пријавени се и…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека земјава во првите три месеци од 2026 година ќе биде меѓу трите земји во Европа според растот на Бруто-домашниот производ (БДП). „Што се однесува до бруто-домашниот производ, сите индикатори коишто ги следиме од првиот квартал којшто веќе измина, тоа се месеците јануари, февруари и март, велат дека ќе имаме, во услови на епска светска енергетска криза, солиден раст. Јас би очекувал растот да се движи меѓу 3 и 3,5%. Номиналниот раст би бил можеби два до два и пол пати поголем од тоа, но да почекаме Државниот завод за статистика да ги објави бројките. Но,…
