НАЈНОВО
Автор: Press Online
Проширувањето е наша заедничка цел, а иднината на Северна Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија, порача попладнево претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. – Вашата Влада покажа посветеност и сакам да ги пофалам континуираните напори што ги вложувате. Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската агенда кон усвојувањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, што е значајно за пристапниот пат на Северна Македонија, но и за искористување на Планот за раст и пристапувањето. Исто така го поздравувам вашето целосно усогласување…
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска го претстави новото лого на институцијата, усвоено од Колегиумот на републичкото обвинителство, а кое има за цел преку единствен визуелен симбол да ја претстави целокупната обвинителска организација, нејзината структура и мисија. Новото лого на Јавното обвинителство на РСМ / Фото: ЈОРСМ Новото лого е изработено врз прецизна геометриска структура со цел да обезбеди визуелна рамнотежа, стабилност и препознатливост. Колорниот систем е составен од темно сина и златна боја, кои симболизираат доверба, професионалност, институционална стабилност, достоинство и авторитет. Во централниот дел на логото е поставен меч, кој го претставува Јавното обвинителство како носечки столб…
Нападите на украинските вооружени сили врз 15 руски рафинерии извршени во текот на оваа година резултирале со криза на рускиот пазар на горива, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски наведе дека „планот за долгорочни санкции“ се спроведува чекор по чекор и дека нападите имале значително влијание врз руската енергетска инфраструктура. Тој додаде дека околу 40 отсто од примарниот капацитет за преработка на нафта во Русија од мај е надвор од употреба, за што како потврда ги посочи воведените мерки од Москва за ограничувања за извоз на авионско гориво и бензин, а се разгледува и забрана…
🚨Пропаднатиот тендер за набавка на униформи со контроверзната фирма ,,Памитекс Тим” уште еднаш ги потврдува коруптивните шеми со тендери на десничарската власт. #Левица и претходно алармираше за скандалозниот тендер за униформи за специјалните сили, каде фирмата „Памитекс Тим“ беше регистрирана само 20 дена пред распишувањето на тендерот, без никаква историја на набавки. Ова беше очигледен АЛАРМ дека МВР на Тошковски ги елиминирало сите критериуми кои би гарантирале професионалност – односно тендер распишан без услов за претходно искуство, без услов за минимум приходи и без проверка на реалните капацитети на фирмата. ⚠️Токму ваква фирма доби тендер од 1.710.000 евра, тендер за…
Драматичните снимки направени со камера за тело, објавени од израелската војска, покажуваат војници како се движат низ урнатините на средновековна тврдина на врвот на ридот пред да го кренат израелското знаме. Израел тврди дека го вратил стратешки важниот замок Бофорт во јужен Либан. „Ова е одлучувачка фаза и одлучувачка промена во нашата политика. Ја пробивме бариерата на стравот“, рече Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел, на 24 мај кога Израел објави дека ја освоил тврдината. „Преземаме иницијатива. Дејствуваме на сите фронтови – во Сирија, во Појасот Газа, во Либан“, додаде тој. Заземањето на тврдината се случи во време кога израелската…
Општинската организација на СДСМ Карпош јавно застана во одбрана на поранешниот градоначалник на општината и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев, откако тој беше опфатен во акцијата што ја спроведуваат Управата за финансиска полиција и Обвинителството. Во партиската реакција се наведува дека станува збор за политички мотивиран притисок врз опозицијата и обид за пренасочување на вниманието од актуелните проблеми во Општина Карпош. „Борба со опозиција не се прави на кукавички начин од страна на моќ“, порачаа од СДСМ Карпош. Оттаму потсетуваат дека актуелната локална власт во Карпош се промовирала со проекти започнати во мандатот на Богоев, посочувајќи го покриениот…
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, директно му порача на Христијан Мицкоски дека уставните измени се единствениот начин за формално започнување на пристапните преговорите со ЕУ, се наведува во соопштението од СДСМ што МИА го објавува интегрално. „Ништо повеќе“. Еве уште еден јасен доказ за она што СДСМ го повторува месеци наназад. Мицкоски повеќе не смее да им ги мачка очите на граѓаните. ЕУ нема никакви дополнителни услови, нема ниту дополнителни гаранции. Има само еден услов – уставни измени, внесување на малцинствата во Уставот. Сè друго беше лага и одвлекување на вниманието. Распишете…
По кафезите против дронови, оклопите од трупци и гуми на бомбардерите, руската војска посегна по уште едно необично решение. Камионите сега добиваат специјални црно-бели шари насочени кон збунување на системите за вештачка интелигенција што ги контролираат украинските дронови. Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи во последните денови покажуваат руски воени камиони „Урал“ и „КамАЗ“ покриени со необични црно-бели шари. Некои личат на зебрнии ленти, додека други имаат неправилни форми што личат на лисја или вртложни линии. Шарите го покриваат речиси целото возило, вклучувајќи ги тркалата и гумите, што јасно покажува дека ова не е класична камуфлажа, туку обид за…
· Добро е што овде отвара базен, оти се утепаа правејќи пресови кај неговите градоначлници и кога ќе сменат 3-4 врати од некое училиште или градинка. Но, проблемот не е во тоа, туку во лицемерието и фолиранството. Се прашувате зошто. Затоа што овој базен е речиси години и половина готов, но не го пуштаа во употреба најпрвин поради мене додека јас бев градоначалник, а изминативе 7 месеци да се подзаборави и да се мисли еве тие за волку кратко време направиле базен. Велам повеќе од година и половина е готов зошто одбиваа да се сретнат со изведувачот и…
Мрежен кабел за интернет долг 15 километри – купен 15.000 евра, а никаде го нема, набавени компјутери, лаптопи, ајфони за кои постои само барање без реверс каде завршиле, склучен договор од 1.600.000 денари за мобилни телекомуникациски услуги или двојно повеќе од предвидените 800.000 денари, како и договор од 1,1 милион денари за фиксна телефонија, иако биле предвидени 550.000 денари, се само некои од недоследностите во работењето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) што ги утврдило актуелното раководство. Како што изјави денеска за МИА директорката на Институтот, Марија Андоновска, во институцијата не била направена ревизија од 2017 година. – Advertisements –…
Европската комисија денеска препорача целосно укинување на внатрешните гранични проверки меѓу земјите од Шенген зоната (Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Словенија и Шведска), кои продолжуваат да вршат проверки на внатрешните граници. ЕК препорачува постепено укинување на проверките со оглед на претстојното стапување во сила на новите европски правила за азил и миграција на 12 јуни. Законодавството на ЕУ дозволува привремено воведување на такви гранични проверки под одредени услови и бара од ЕК да издаде мислење кога проверките траат повеќе од 12 месеци. Според ЕК новите правила на ЕУ ќе ја подобрат безбедноста на надворешните граници на ЕУ и…
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, испрати јасна порака дека усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија. Во своето обраќање, Кошта најпрво го поздрави напредокот во спроведувањето на реформската агенда, особено во делот на владеењето на правото и реформата на јавната администрација, како и целосното усогласување на државата со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската агенда, кон усвојувањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, што е значајно за…
