Автор: Press Online

Владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткаа во сопствената предизборна реторика и сега не знаат како да се отплеткаат од тој процес, вели поранешниот претседател Стево Пендаровски за тезата на ВМРО-ДПМНЕ оти уставните измени не се последна пречка во процесот на интеграција во Европската Унија, туку дека претставуваат само вовед во процес во кој Бугарија ќе има можности за нови блокади за идентитетско-историски прашања. Пендаровски вели дека не само Бугарија, туку која било земја членка може да постави дополнителни услови во преговорите оти тоа е процес кој трае со години. Тврдењата дека Бугарија повторно ќе се обиде да го блокира…

Read More

Претседателот на Либан, Жозеф Аун денеска изјави дека планира да продолжат преговорите со владата на Израел и покрај ескалацијата на судирите помеѓу Израел и Хезболах. – Преговорите се посигурни од војната, наведе Аун, додавајќи оти преговорите нема веднаш да дадат резултати. Тој го обвини Израел дека не го почитува договорот за прекин на огнот од април. Согласно тој договор, Израел треба да се повлече од пет позиции во јужен Либан, што сè уште се под негова контрола. Изјавата на Аун уследи откако во синоќешните израелски напади врз јужен Либан загинаа осум луѓе, а 19 се повредени. Премиерот на Израел, Бенјамин…

Read More

За првпат во државата ќе се полага три вида матура, државна, државна стручна и државно уметничка. Во сабота, над 14 илјади ученици ќе го полагаат првиот екстерен испит. Надлежните уверуваат дека подготовките се завршени, а тестовите се подготвени за навремена дистрибуција до испитните центри низ државата. Најголем интерес има за државна матура над 12.000 ученици, повеќе од две илјади мауранти ќе полагаат државна стручна матура, додека 127 кандидати државна уметничка матура. Учениците и оваа година ќе полагаат во спортските сали и холови, но и во амфитеатрите на универзитетите во зависност од тоа дали училиштатата располагаат со соодветен простор. Електронските уреди…

Read More

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“. Намален е бројот на прекршоци за управуввање на нерегистрирано возило за 7,9 проценти споредбено со април, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Во периодот од 1 до 31 мај од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 27.360, регистрирани се 833 прекршоци за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола и 301 прекршок за…

Read More

Турција и Русија водат преговори за продолжување на договорот за испорака на природен гас по 2026 година, бидејќи постојните договори истекуваат на крајот од оваа година, потврди денеска турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар на Енергетскиот форум во Баку. Турската државна компанија БОТАС разговара со рускиот енергетски гигант Гаспром за обнова на договорот за увоз на гас, изјавил Бајрактар за Блумберг. Според него, обемот на идните испораки и времетраењето на новите договори сè уште не се договорени. Анкара претходно во декември продолжи два договори со Гаспром за испораки преку гасоводите Турски тек и Син Тек до крајот на 2026 година,…

Read More

Кина ќе воведе нови регулативи од јули за да ги заостри контролите врз трансакциите во странство што вклучуваат инвестиции, технологија, податоци и национална безбедност, објави официјален Пекинг. Најавата за построгите регулативи дојде еден месец откако Пекинг ѝ наложи на Мета да го откаже преземањето на стартапот за вештачка интелигенција Манус. Новите регулативи треба да стапат во сила на 1 јули, а еден од најзначајните членови на новите закони бара добивање извозни лиценци за одредени категории стоки, технологија, услуги или поврзани податоци. Новите регулативи ќе му дадат на Пекинг за прв пат сеопфатна и формализирана правна основа за откажување на завршените…

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека заклучно со декемврискиот извештај сме фронтранери во исполнувањето на Реформската агенда. Тој изрази жалење што опозицијата вели дека рокот истекол, коментирајќи дека рокот е 30 јуни, а не 1 јуни. -За жал, опозицијата денеска ја слушам како вели дека дека рокот истекол. Жалам кога политички аналфабети се дрзнуваат да даваат такви коментари, бидејќи не е први јуни рокот, туку триесетти јуни. Тоа е елементарно непознавање, но тоа е што е. Ние сме заклучно со декемврискиот извештај вистински фронтранери. На второ место е Албанија, трето е Црна Гора во регионот на…

Read More

По долго боледување Сејда Бешлиќ, сопругата на легендарниот пејач Халид Бешлиќ, кој почина пред неполни осум месеци. Со години, Сејда беше најголемата поддржувачка на својот сопруг, со кого го помина речиси целиот свој живот. Нивната љубовна приказна траеше со децении и често беше истакнувана како пример за лојалност, почит и меѓусебна поддршка. По смртта на Халид Бешлиќ минатата година, нејзината здравствена состојба беше нарушена, а во последните месеци водеше тешка животна битка. Семејството, пријателите и бројните обожаватели на семејството Бешлиќ се збогуваа со жената која беше запаметена по својата скромност, достоинство и безрезервна поддршка на својот сопруг за време на…

Read More

Денес низ Македонија времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, но попладневните часови носат можност за промена на временските услови во одредени делови од земјата. Според најавите, локално ќе има услови за нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 26 до 34 степени. Во Скопје се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината можно е краткотрајно дестабилизирање…

Read More

 Последните денови од мај Велика Британија беше погодена од топлотен бран, што предизвика смрт на 17 луѓе. Во изминатите осум дена во Велика Британија измерени се високи температури на воздухот, поради што граѓаните се разладуваа во морето. Смртни случаи регистрирани се во Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир. На 26 мај е забележан најтоплиот ден во мај во историјата на Англија и Велс. Во Кју Гарденс се измерени 35,1 степени Целзиусови, а во Бјут Парк во Кардиф измерени се 32,9 степени. Додека вчера највисоката температура од 24,7 степени беше измерена во Буши Парк во…

Read More

Потпретседателот на Владата, Арбен Фетаи, официјално поднесе оставка од својата функција во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски. Како што дознава телевизија Телма, оваа одлука доаѓа по период од повеќе од два и пол месеци во кои Фетаи воопшто не се појавил на своето работно место. Од владината прес-служба за Телма потврдија дека оставката е веќе доставена во текот на денешниот ден, објави 4news.mk Портпаролката на Владата, Марија Митева, изјави дека оставката на Фетаи ќе биде констатирана на првата следна владина седница. Арбен Фетаи ја извршуваше функцијата вицепремиер задолжен за политики за добро владеење, но неговото подолго отсуство предизвика интерес во…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше за ситуацијата создадена во Звернец, кај Валона, каде што жителите на областа и претставниците на граѓанското општество протестираат против проектот за изградба на луксузен ресорт, кој се поврзува со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека самиот би се придружил на протестот доколку верувал во тврдењата што се ширеле за проектот. На средба со парламентарната група на неговата, Социјалистичка партија, Рама, ги негираше обвинувањата дека земјиштето се дава на странци или дека е нарушено заштитеното подрачје, опишувајќи ги овие наративи како невистинити и дезинформации. – Ќе направев полошо од вас, ако ми…

Read More