НАЈНОВО
Автор: Press Online
Скопското астрономско друштво и ЦПКА – Малинска, вечерва, на платото пред НУЦК „Бели мугри“ во Кочани со почеток од 19 часот ќе овозможат набљудување на Месечината.Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да се придружат и да го погледнат одблизу природниот сателит на нашата планета.Активноста се реализира како најава за содржините од програмата за млади „Лето во друштво“, којашто ќе трае од 11 до 23 август.
8 Телото за регулација на рекламите на Велика Британија (ASA), забрани две реклами на шпанскиот моден гигант „Зара“, оти оцени дека во нив има манекенки што изгледаат „нездраво слабо“ и ги дефинираше визуелните решенија како „неодговорни“. Британскиот регулатор постапувал по пристигната пријава. Во едната се гледаат премногу изразени клучни коски, а позата и стајлингот дополнително ја истакнувале „исклучително слабата фигура“, вели регулаторот. Во другата, манекенката изгледала „благо преслаба“ што се должело на косата зачешлана наназад, осветлувањето и облеката, што создавале впечаток за „видливо слаба“ фигура. ASA вели дека рекламите ги нарушуваат правилата за социјална одговорност и забрани повторно нивно користење…
Кандидат за градоначалник на Град Скопје од Европскиот фронт ќе биде Скендер Реџепи Зејд, пратеник и лидер на „Народното движење“. Кандидатурата на Реџепи ја објави на својата Фејсбук страница лидерот на ДУИ Али Ахмети.-По консултациите со лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат Национална алијанса за интеграција, со целосно единство и со заедничка одлука, се договоривме дека наш кандидат за градоначалник на Скопје да биде Скендер Реџепи кој е претседател на политичката партија „Народно движење“. Дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Моментално е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, каде…
Специјалната болница за гинекологија „Мајка Треза“ – Чаир доби нов ЕХО апарат, со што значително се подобрува дијагностиката кај бремени жени и пациентки со гинеколошки проблеми, соопштуваат од Министерството за здравство.Оттаму пренесуваат дека министерот за здравство, Азир Алиу, при посетата на болницата, истакнал дека со новата апаратура се зајакнува грижата за здравјето на жените, токму таму каде што е најпотребно.-Со новата апаратура ја зајакнуваме грижата за здравјето на жените, токму таму каде што е најпотребно. Овој значаен чекор е овозможен со поддршка од АД МЕПСО, која обезбеди над 2,7 милиони денари, и со сопствени средства од 800 илјади денари на…
3 Адвокатскиот тим на Милорад Додик, претседателот на Република Српска, во Судот на Босна и Херцеговина поднел барање за преиначување на затворската казна во парична, со што и официјално ја прифатија правосилната пресуда донесена минатата седмица, и покрај претходните тврдења дека станува збор за незаконска одлука на Судот на БиХ, јави босанско-херцеговскиот новински сајт „Кликс.ба“. Додик најави референдум за неговата претседателска функција Медиумот вели дека добил неофијална потврда дека Судот на БиХ го добил барањето на одбраната на Додик, а и дека нема ништо спорно во преиначувањето на казната, со оглед на тоа дека законот дозволува замена во случај на…
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.Во текот на наредните денови следува период на стабилно и топло…
72 Македонија ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 20 до 29 април 2026 година во Скопје. Овој значаен меѓународен спортски настан ќе се реализира во организација на Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Македонија. Договорот за организација на првенството беше официјално потпишан од страна на министерот за спорт Борко Ристовски, претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска и претседателот на Светската федерација за училишен спорт, Жељко Танасковиќ. Ристовски истакна дека организацијата на ова првенство претставува признание за заложбите спортот да биде во секојдневието на младите преку…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за утре во 18 часот свика состанок на својот кабинет за безбедност во канцеларијата во Ерусалим, соопштено е денеска од неговиот кабинет.За време на тричасовната дискусија со мала група соработници, Нетанјаху презентираше опции за понатамошните воени операции во Газа.Кабинетот наводно се подготвува да одобри целосна воена окупација на Појасот Газа за време на состанокот утре, и покрај предупредувањата на началникот на Генералштабот, Ејал Замир и воените претставници кои се против овој потег, пренесува „Тајмс оф Израел“.
0 Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дополнителни 25% царини за Индија како казна за увозот на руска нафта, покажува документот објавен на веб-сајтот на Белата Куќа. Тоа означува ескалација на неговата трговска битка со Њу Делхи и неговата прва примена на т.н. секундарни санкции кон земјите за кои САД тврди дека ја потсилуваат руската воена машинерија, јави Си-Ен-Ен. Извршната наредба тврди дека Индија „моментално директно или индиректно увезува нафта од Руската Федерација и вели дека е „неопходно и соодветно“ да се примени нова царина од 25% на стоки од Индија. Новите царини поврзани со тргувањето со Русија ќе стапат…
Кокаин бил запленет по претрес синоќа во скопска Кисела Вода, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.– Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР – Скопје, продолжувајќи со оперативните активности за откривање и сузбивање на недозволена трговија со дрога, вчеравечер околу 22:30 часот, а по претходно добиена судска наредба за претрес, извршија претрес во дом во скопската населба Кисела Вода, каде престојува лицето П.Ф., на возраст од 20 години од Скопје, појаснија од МВР.При претресот, откриени и запленети биле најлонски кеси со бела прашкаста материја, односно кокаин со различна грамажа, една дигитална вага со остатоци од прашкастата материја,…
Новинарот Петрит Сарачини упати остра критика на однесувањето на политичките елити во Македонија во однос на говорот на омраза и национал-шовинизмот, посочувајќи дека тие намерно ги игнорираат проблематичните изјави кои доаѓаат и од едната и од другата страна.„Едните не слушнале ‘Чиста Македонија’, ‘Клетите Шиптари’… Другите не слушнале ‘Етничка Албанија’, ‘Чамерија’, ‘Илирида’“, напиша Сарачини на Фејсбук.Тој посочува дека токму овие политичари, кои „оглувуваат“ кога е најпотребно да реагираат, ќе бидат тие што во изборна кампања ќе тврдат дека го слушаат „гласот на народот“.„А во изборната кампања, истиве ‘глуви’ политичари ќе се колнат дека го слушаат ‘гласот на народот’“, предупредува Сарачини.Но, според…
8 На седницата на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ), на Милорад Додик му беше одземен мандатот како претседател на Република Српска. Оваа одлука беше едногласно усвоена. Одбраната на Додик има право да поднесе жалба против оваа одлука до Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина, кој ги разгледува жалбите за изборите. По истекот на рокот за жалба, одлуката ќе стане конечна. Седницата на ЦИК со оваа точка на дневен ред се одржа откако Додик беше законски осуден на една година затвор и доби шестгодишна забрана за вршење на функцијата претседател на Република Српска. Адвокатот на…
