Автор: Press Online

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе 100 посто царина на компјутерските чипови, што веројатно ќе ја зголеми цената на електрониката, автомобилите, домашните апарати и другите стоки што се сметаат за неопходни во дигиталното доба.-Ќе воведеме царина од приближно 100 проценти на чипови и полупроводници, рече Трамп во Овалната соба за време на состанокот со извршниот директор на Епл, Тим Кук. „Но, ако произведувате во Соединетите Држави, нема да има царина“, додаде тој.Републиканскиот претседател рече дека компаниите што произведуваат компјутерски чипови во Соединетите Држави ќе бидат ослободени од царината. За време на пандемијата на Ковид, недостатокот на компјутерски чипови…

Read More

2 Почетокот на новата сезона се приближува во најсилните европски лиги, а непосредно пред почетокот на Ла Лига, сите беа позитивно изненадени од трансформацијата на младата ѕвезда на Реал Мадрид, Арда Ѓулер. 20-годишниот Турчин е некој од кого се очекува многу во Мадрид, особено сега по заминувањето на Лука Модриќ, и тој вложи многу труд да ја подобри својата сила ова лето. По напорната работа, Ѓулер навистина изгледа феноменално, а мадридски АС пишува дека Турчинот додал осум килограми мускулна маса за време на летната пауза. Зад Ѓулер се две сезони во кои беше во втор план, бидејќи многу го попречуваа…

Read More

Нефункционални објекти и реквизити, затворен Aква парк, неизвесност околу иднината на соларниот систем и пропуштени можности за дополнителни приходи, утврди  Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Ревизијата на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменската сала „Борис Трајковски“ за 2023 година.-Со ревизијата е утврдено дека друштвото во 2023 година остварило приходи од закупнини во вкупен износ од 10.901 илјада денари, врз основа на 24 активни договори за издавање деловни објекти под закуп. Три од договорите, биле склучени во периодот од 2011 до 2013 година и се со важност од 10 до 15 години, согласно тогашната важечка законска регулатива, додека…

Read More

28 Мажот што се обидел да предизвика пожар во „Света Софија“ во Истанбул, искинал и запалил листови од Библијата, јави турската приватна телевизија НТВ. За настанот на 11 јули, турските медиуми првпат известија вчера. На снимките од безбедносните камери на црквата претворена во џамија, стара 15 века, се гледа како по вечерната молитва на муслиманските верници, маж со прикриено лица и црвена шапка застанува до еден од мермерните столбови и пали искинати парчиња хартија на еден од килимите со кои е послан подот. За кратко време чадот од запалените хартии и килимот под нив го привлекува вниманието на една од…

Read More

5 Петмина војници се ранети денеска во оружениот напад што се случи во една од најголемите воени бази во САД – Форт Стјуарт во сојузната држава Џорџија. Не се откриваат речиси никакви детали, само се знае дека напаѓачот „е блокиран“ во 11.04 часот (17.04 часот по балканско време). Соопштено е само дека напаѓачот е уапсен, повеќе не е закана, а петмина луѓе биле повредени. Според официјалните информации, во базата живеат повеќе од 10.000 луѓе – војници, членови на нивните семејства, цивили вработени од армијата и нивните семејства.

Read More

9 Откако Мерцедес н се договори со Макс Верстапен, кој ќе остане во Ред Бул, продолжувањето на договорот на Џорџ Расел со „сребрените стрели“ изгледа практично сигурно. Сега, се разбира, топката е во рацете на Британецот, кој има поголема слобода да ги диктира параметрите на договорот. Во принцип, многу од договорите во Формула 1 се потпишуваат за време на едномесечната летна пауза, но Расел изјави по финалето на Унгарското Гран При во неделата дека не очекува да види никаков развој на настаните пред да продолжи сезоната во Холандија на крајот од месецот. „Немам за што да се грижам. Ништо нема…

Read More

39 Земјоделци во Грција се заканија дека ќе го блокираат автопатот Солун-Халкидики, гневни поради со години неисплатени субвенции, во исто време кога се разгорува скандалот со злоупотребени евро-субвенции, што предизвика вмешување и од Брисел. Земјоделците и сточарите од Солунската област решија да почнат со активни протести, но не го прецизираат датумот. Протестот ќе се одвива во екот на туристичката сезона, и ќе предизвика многу главоболки кај летувалците, бидејќи земјоделците планираат да го блокираат автопатот Солун-Халкидики. Хотелиерите од Солунската област повикаа земјоделците да постигнат договор со министерството за земјоделстви и да не предизвикуваат проблеми на туристите и штети на туристичкиот сектор.…

Read More

7 Дизни+ (Disney+) ќе ја промени својата меѓународна марка за светот на забавата – под името Хулу (Hulu). Претходно за таа намера надвор од САД, се користеше марката „Star“, купена во 2019 година преку големиот трансфер од Нуз Корпс. Компанијата „Дизни“ целосно го контролира „Хулу“ од откупувањето на последните преостанати акции од „Комкаст“ во јуни годинава. Од тој месец, и „Хулу“ е целосно интегриран во „Дизни+“. Во следниве месеци промените ќе почне полека на меѓународно ниво да се внесуваат во апликацијата „Дизни+“, од кои првата ќе биде интеграцијата на двете марки.

Read More

3 Претседателот на САД, Доналд Трамп, порачал дека планира итна средба планира итна средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, јави „Њујорк Тајмс“. Трамп претходно објави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф постигнал голем напредок во денешните преговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Американскиот претседател Доналд Трамп планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на почетокот од следната недела, објави денеска „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на два неименувани извора. Потоа, Трамп треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а за тоа биле информирани европските лидери кои учествувале во телефонскиот разговор меѓу Трамп и…

Read More

14 Откако Централната изборна комисија на БиХ ((SIP) ) денеска му го одзеде мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, тој најави дека ќе свика референдум во Република Српска (РС) за тоа дали треба да остане на функцијата. За тоа дали ќе се одржи референдум за Додик, кому централните БиХ власт му го одзедоа мандатот по правосилната пресуда против него, сепак ќе решава Народното собрание на Република Српска на седницата в петок. „Мандатот ми го даде народот, затоа ќе го послушам на референдум, кој ќе се одржи во наредниот период, а кој ќе реши за мене“, рече Додик.  

Read More

6 Томас Милер и дефинитивно донесе одлука за својата иднина, потпишувајќи договор со екипата на Ванкувер Вајткапс од Канада, која се натпреварува во американската МЛС-лигата, пишува „Екипа“. Ветеранот кој целата досегашна кариера ја мина во Баерн Минхен не доби нов договор со баварскиот гигант, но Милер на 35 години не сакаше да се пензионира, туку се реши за поинаков предизвик. Од неколкуте понуди на маса ја избра онаа од другата страна на Атлантикот, па денеска потпиша двогодишен договор со Ванкувер.

Read More

Косовската претседателка Вјоса Османи го повлече барањето до Уставниот суд за конституирање на собранието, поради судијата Радомир Лабан, кого безбедносните институции го сметаат за закана за уставниот поредок. Оваа одлука на Османи, аналитичарите ја опишаа како загрижувачка, поради создавањето институционална несигурност, пишуваат косовски медиуми.Во Албанија, нацрт законот за новиот Кривичен законик не престанува да ја бранува јавноста и експертите, кои сметаат дека е креиран во насока на заштита на високите функционери кои се корумпирани, пишуваат албанските медиуми.КОСОВОКоха: Османи го повлекува барањето за Собрание од Уставниот судСрпскиот судија Радомир Лабан, кого безбедносните институции го сметаат за закана за уставниот поредок, го…

Read More