НАЈНОВО
Автор: Press Online
Папата Лав Четиринаесетти денеска остро го критикуваше глобалниот систем за нуклеарно одвраќање, нарекувајќи го „илузорна безбедност“.Нуклеарното одвраќање се однесува на воената стратегија што ја користи заканата од нуклеарно оружје како средство за спречување на агресија против држава што го поседува.Обраќајќи се во текот на редовната неделна аудиенција, папата во говорот по повод 80-годишнината од американскиот нуклеарен напад врз Хирошима, нагласи дека „уништувањето“ на Хирошима, во кое веднаш по нападот во 1945 година загинаа околу 78.000 луѓе, треба да остане универзално предупредување против употребата на нуклеарно оружје.
Зголемен број пациенти со убоди од инсекти, информираа денеска од општа болница Куманово. Пациентите бараат помош за реакции по каснување од комарци, но не се исклучени и случаи со убоди од крлежи. Здравствените работници апелираат на зголемена претпазливост, особено во летниот период кога ризикот е зголемен. Од кожното одделение посочуваат дека во последните недели зголемен е бројот на граѓани кои бараат стручни совети за кожни реакции. Најчести се симптоми од алергиска природа, кои доколку не се смират со антиалергиска терапија или локален антихистаминик, треба да се третираат под надзор на лекар.Според дерматовенерологот и началник на одделот, д-р Лилјана Пандиловска, најранливи…
Македонската судијка со знакот на ФИБА, Ема Никочевиќ, повторно судеше кошаркарски натпревар и започна ново поглавје, не само во кошарката и судењето, туку и во животот. Таа синоќа судеше пријателски натпревар меѓу кадетските репрезентации на Македонија и на Швајцарија што се играше во СРЦ „Кале“. Тоа беа 40 минути со кои таа ги остави зад себе сите оние здравствени проблеми со кои се соочи во изминатиот период од почетокот на месец јуни. Два месеца траеше животната неизвесност.– По двомесечна пауза, моето враќање на теренот како кошаркарски судија беше исполнето со мешавина од возбуда и неизвесност. Искрено, имав многу прашања во…
Во врска со националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкендија и Карабах, кој вчера се одржа на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Скопје, врз основа на снимениот и документиран материјал, презема мерки во координација со надлежен јавен обвинител.-До Обвинителството е доставено писмено известување врз основа на веќе утврдениот материјал, по што МВР ќе постапува согласно своите надлежности во координација со ОЈО и за какви било утврдени законски прекршувања ќе следуваат соодветни поднесоци, за што јавноста благовремено ќе биде информирана, соопшти МВР.За скандидарањата со говор на омраза на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и…
3 Во посебна објава на Инстаграм, Меган Маркл сподели невиден момент од прославата на својот 44-ти роденден. Таа му се заблагодари на сопругот принц Хари за она што таа го нарече „прекрасни 24 часа“, а незаборавната вечера на крајот се покажа како еден од најдобрите оброци во нејзиниот живот. Меган Маркл традиционално ги држи своите родендени подалеку од очите на јавноста, но овој пат реши да ги израдува своите следбеници со интимна сцена од празничната прослава. „Ги гасам свеќите по прекрасните 24 часа и им се заблагодарувам на мојот сопруг, пријателите и семејството што го направија овој ден толку посебен“,…
Пишува: ДЕХРАН МУРАТОВНавивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, скандираа „Илирида“ и „Чамерија“.Македонските медиуми и партиските ботови на социјалните мрежи оркестрирано бараа(т) осуда и санкции за националистичкото навивање на навивачите на Шкендија, а Министерството за внатрешни работи да реагира брзо исто како што отвори истрага за македонските навивачи на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово кои скандираа „Смрт за Шиптари“.Текстовите речиси во сите медиуми беа идентични како да доаѓаат од еден центар, дури печатните грешки им се исти. Да се прави споредба и да се…
6 На половина од сезоната во Формула 1, јасно е дека тандемот на Мекларен, Оскар Пјастри – Ландо Норис, ќе се бори за титулата. Сепак, првиот човек на британскиот тим Зак Браун истакнува дека меѓу нив нема лоша крв. Постарите фанови на Мекларен добро се сеќаваат на легендарниот судир меѓу Ален Прост и Аиртон Сена. Сепак, овој сегашен меѓу Пјастри и Норис навистина не изгледа ни приближно така. Додека легендарниот Бразилец и Французинот отворено се мразеа, Австралијанецот и Британецот, барем пред камерите, изгледаат како најдобри пријатели. Иако, имаше и искри како Монтреал. Но, првиот човек на Мекларен, Зак Браун, инсистира…
6 Односите меѓу Хрватска и Црна Гора повторно се ставени на тест, овој пат поради спорното прашање за сукцесијата на воените средства од поранешна Југославија, кое се заканува да се претвори во сериозен дипломатски спор. Причината е изјавата на Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска дека Црна Гора ѝ должи на таа земја повеќе од две милијарди американски долари. Црногорскиот министер за одбрана Драган Краповиќ, сепак, негира постоење на каква било официјална потврда за таков долг. Стари прашања, нови тензии Хрватска тврди дека има експертски анализи и прецизни проценки кои укажуваат на вредноста на „украдената маса на воено…
Агенцијата за цивилна одбрана на Газа во средата соопшти дека 20 лица загинале кога камион со помош се превртел во близина на бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа.„Дваесет лица загинаа, а десетици беа повредени околу полноќ синоќа во камион што превезувал помош… додека стотици цивили чекале помош“, изјави портпаролот на агенцијата, Махмуд Басал, за агенцијата Франс-прес (АФП), пренесе Гардијан.Хамас го обвини Израел дека ги принудува возачите на камиони да одат по небезбедни патишта за да стигнат до центрите за дистрибуција на помош.Возачите на камиони кои се обидуваат да достават помош во Газа изјавиле дека нивната работа станала сè…
Во Италија, платите на фудбалерите автоматски ќе бидат намалени за 25% ако испаднат во Серија Б.Соодветната клаузула е вклучена во новиот 5-годишен колективен договор помеѓу Италијанската асоцијација на фудбалери (AIC) и лигата Серија А.Иновацијата ќе влијае на договорите потпишани по 2 септември оваа година.Сепак, ако клубот и фудбалерот се договорат поинаку, нема да има намалување на основна плата.
Украински беспилотни летала ја таргетираа железничката станица Тацинскаја во руската Ростовска област ноќеска на 6 август, погодувајќи го центарот втора ноќ по ред, објави рускиот независен медиум Астра.Според Кијив Индипендент, станицата, која се наоѓа на околу 100 километри од границата со Украина, служи како логистички центар за руските воени операции. Се користи за транспорт на производи од нафтена база и товарење жито од блискиот лифт.Силни експлозии започнаа околу 1 часот по локално време, а жителите на округот Тацински пријавија помеѓу пет и седум експлозии по звукот на беспилотни летала над нив, според провладиниот Телеграм канал Шот.Астра објави дека избувнал пожар на местото на…
Едно лице загина во пожар во департманот Од во јужна Франција, објавија локалните власти.Локалните власти соопштија дека пожарот се шири „многу брзо“ и дека 1.820 пожарникари работат на негово локализирање. Околу 2.500 домаќинства во областа моментално се без електрична енергија, се додава во соопштението.Претседателот Емануел Макрон напиша на „Х“ дека сите владини ресурси се мобилизирани за гаснење на пожарот во Од.
