Автор: Press Online

4 Во земјава попладнево активен е еден пожар на отворен простор – гори депонија во Вардариште во Општина Гази Баба, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 18 часот.

Read More

„Македонците во Куманово беа испровоцирани од албанскиот етнички шовинизам! Од изјавите на Ахмети со потценување и навредувачки тон кон светиот празник Илинден! Тие не се насилници, ниту мразачи!“, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, коалицискиот партнер на премиерот Христијан Мицкоски, во однос на националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар меѓу Северна Македонија и Романија на 2 август во Куманово.„Слични навреди никогаш не завршија со кривични пријави против албанските навивачи, за разлика од последниот случај во Куманово, каде обвинителството веднаш реагираше за навредите насочени кон Албанци. Денес, македонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што…

Read More

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, останува на чело на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), беше објавено по седницата на претседателството на партијата одржана на 4 август во Бања Лука, пишуваат српски медиуми.На таа седница, конечната пресуда на Судот на Босна и Херцеговина беше целосно отфрлена, со која Додик беше осуден на една година затвор и му беше забрането да врши политички функции во следните шест години, поради непочитување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.СНСД ја окарактеризира пресудата како „чин на правно насилство, политички прогон и обид за поништување на волјата на народот“ во Република Српска. Партијата…

Read More

Пишува: ФАТМИР БИТИЌИЏорџ Орвел уште во 1945 година забележа дека во време на националистички занес, спортот лесно може да стане „војна без пукање“. Не затоа што спортот по својата природа е агресивен, туку затоа што страста, ослободена од инклузивни општествени вредносни референци, лесно се претвора во орудие за понижување, исклучување и симболична елиминација на „другиот“, на различниот.Она што го видовме на Денот на Републиката не беше спорт, тоа беше јавна деградација на соживотот, извици што потсетуваат на мрачни моменти од историјата, изговорени гласно, без срам и воздржување. На 2 август 1903, Илинденските востаници не повикуваа на уништување на „другиот“, туку…

Read More

14 Со големиот земјотрет, Камчатка се поместила за 2 метра, а и малку се намалила по висина, но не треба да се очекуваат нови сериозни последици, вели директорот на Камчатскиот огранок на Обединетата геофизичка служба при Руската академија на науки, Данила Чебров, за Известија. „Поместувањето е директен резултат на силен земјотрес. Затоа, таму нема да се случи ништо дополнително, освен она што следи како дел од процесот на афтершокови. А сеизмичкиот процес на Камчатка не запре сам од себе“, објаснува Чебров.

Read More

11 Килијан Мбапе не можеше да го скрие своето задоволство од еден од своите нови соиграчи за време на неговите први тренинзи со Реал Мадрид пред новата сезона. Иако претходно не го познавал добро, францускиот напаѓач бил импресиониран од она што го видел кај новиот лев бек Алваро Карерас. Според шпанските медиуми, Мбапе разговарал со Аурелиен Чуамени за него, велејќи: „Алваро е моќен лево, многу ќе ни помогне таму…“ Неговите први експлозивни потези во тренинг кампот Валдебебас не останале незабележани. А во клубот веруваат дека Карерас ќе донесе дополнителна сигурност на левата страна од одбраната, особено во одбранбената стабилност и…

Read More

Започна дводневната обука на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција на пожари. Како што информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов веќе во текот на наредната недела дел од нив ќе бидат вклучени во гаснењето на пожарите со помал ризик ширум земјава.Ангелов соопшти дека обуката ја започнале вкупно 364 кандидати во 13 градови во државата, со што се очекува пополнување на места во 28 општини.Од 50 пријавени кандидати во Скопје, Ангелов истакна дека денешната обука ја започнале 34 лица, додека останатите, како што рече, отпаднале во административната селекција поради неуредна или неправилна документација.–…

Read More

20 Славниот актер Лиам Нисон е меѓу најчесто споменуваните холивудски ѕвезди деновиве, делумно поради неговиот нов филм „Голиот пиштол“, а нешто повеќе поради неговата врска со Памела Андерсон. Според медиумите, тие се пар веќе некое време, а на црвениот тепих и во интервјуата имавме можност да видиме дека актерите изгледаат многу хармонично и заљубено. Ова е една од ретките љубови на Лиам Нисон по смртта на неговата сопруга и познатата англиска актерка Наташа Ричардсон во 2009 година, па странските медиуми деновиве сè повеќе се сеќаваат на тешкиот период низ кој помина актерот откако стана вдовец. Потсетете се дека Наташа Ричардсон…

Read More

Министерството за внатрешни работи информираше дека ноќеска по тепачка меѓу две лица во Психијатриската болница Бардовци, едно од нив починало во болница, по повреди здобиени од убоди од стаклено шише.„На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.T. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал. Лекар…

Read More

9 Доколку ве фати  невреме со  силни грмотевици  додека возите, има неколку работи што треба да ги знаете за да останете безбедни. Еве ги советите за возачите: Совет до возачите, да ја намалат брзината и да го зголемат растојанието. Лизгавиот коловоз и намалената видливост бараат дополнителна претпазливост и повеќе простор за реакција Вклучете ги кратки светла и бришачите Автомобилскиот сојуз на Србија им советува на возачите да ја подобрат својата видливост и да го направат своето возило позабележително за другите учесници во сообраќајот, со вклучување на кратки светла и бришачи. Избегнувајте ненадејно сопирање и промени на насоката „Ненадејната реакција на…

Read More

Пишува: ДРАГАН МИШЕВПо два дена молк, без реакција на скандалозното националистичко скандирање и говор на омраза на дел од навивачите на кошаркарскиот натпревар во Куманово, на кој и тој самиот беше присутен, премиерот Мицкоски „ја искористи приликата“ по новинарско прашање да се приклучи кон осудата на скандирањето и ксенофобичните испади на, според него, неколкумина во кумановската сала.Искрен да бидам додека бев таму, воопшто и не го забележав тоа, бидејќи стануваше збор за мала група на луѓе. Но, исто така еве би сакал да ја искористам оваа прилика да се приклучам кон осудата на национализмот и ксенофобијата…ќе изјави Мицкоски.Ова многу ми наликува…

Read More

Со македонска премиера на краткометражниот оскаровски филм „Јас не сум робот“ на Викторија Вармердам и „Мечокот по име Војтек“ на Ијан Гарднер, добитник на наградата БАФТА, синоќа во Националната установа Центар за култура „Антон Панов“, свечено беше отворено јубилејното 20-то издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“.Специјалната награда – плакета за врвни актерски остварувања, му беше доделена на Емил Рубен, еден од најмаркантните македонски актери, кој со емотивен говор се осврна на своето 70-годишно филмско искуство. Наградата му ја врачи основачот и директор на фестивалот, Горан Тренчовски.Во рамки на фестивалот, денеска се одржува традиционалната посета на филмските гости во Манастирот „Воведение…

Read More