Автор: Press Online

4 Министерот за информирање на Либан порача вечерва дека владата ги одобрила целите на американскиот предлог за разоружување на Хезболах до крајот на годината и прекин на израелските воени операции во земјата, иако не расправала за сите детали на предлогот. САД на Либан му претставија предлог за разоружување на Хезболах, кој е поддржуван од Иран, потоа за прекин на израелските воени операции во Либан и повлекување на израелските војници од пет позиции во јужен Либан. Хезболах уште не го коментирал предлогот, но три извори велат дека министрите од таа организација и нивните муслимански шиитски сојузници ја напуштиле седницата во знак…

Read More

Ќе има четири различни влезови на новиот паркинг на Клинички, односно за онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти со упат влезот ќе биде евтин, не знам колку е сега за да компарирам, за вработени ќе има трета цена и за граѓани кои доаѓаат поради икс причини ќе биде трета цена која што ќе биде најскапа. Ценовникот на паркингот нема да биде ист за сите, почнувајќи од нула денари до цени за граѓани кои што не се пациенти, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу по промоцијата на новиот модул за електронска евиденција на здравствените прегледи во областа на…

Read More

OpenAI го претстави GPT‑5 — нивниот најнапреден, најбрз и најполезен модел досега, дизајниран да донесе „интелигенција на експертско ниво во рацете на секој“, истакнуваат од Open AI.Главни карактеристики:Унифициран систем со динамичен избор на режим — GPT‑5 автоматски одлучува дали да даде брз одговор или да размислува подлабоко (основен „thinking“ режим) според сложеноста на прашањето. Доколку се надминат лимити за користење, се користи мини-варијанта од моделот .Подобрен во пишување, програмирање и здравство — Намалени се халуцинациите, подобрено е следењето инструкции и е значително вклучено работење со комплексни текстови, код и здравствени прашања .Прецизност во здравствени прашања — Моделот постигнува повисоки резултати…

Read More

Владата на одржаната 100-та седница донела одлука за продолжување на кризната состојба предизвикана од пожарите на отворено за 30 дена.Како што соопшти владината прес-служба, со ова продолжување се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии.-Имено, поради висок ризик од шумски пожари во државата, апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да ја почитуваат целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште (донесена од 01.07.2025 година и ќе трае до 31.08.2025 година), во спротивно сите…

Read More

Од утре до 13 август, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39 степени Целзиусови, поради што Министерството за здравство денеска апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури.Граѓаните да престојуваат во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, препорачува Министерстото, како и внес на доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци.Во продолжение следуваат останатите препораки од Министерството за заштита од високите температури:-Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи.-Избегнувајте физичка активност…

Read More

11 Во експлозија на плинска боца во студио во Аспровалта, познатото одморалиште на голем број Македонци, денеска дошло до експлозија на плинска боца, при што петмина туристи се повредени, јавија грчките медиуми. Инцидентот се случил околу 15.30 часот по локално време. Двајца туристи, маж (41 година) и жена (26), со сериозни изгореници се пренесени в болница во Солун. Мажот имал изгореници на 40% од кожата, а жената на 20%. Тројца други се повредени од разлетаното стакло. Сопственичката на вилата, која е на 86-годишна возраст, е уапсена и се води истрага за причините. Сите повредени се српски државјани, јавуваат локалните новински…

Read More

1 Женската одбојкарска репрезентација на Словенија го совлада Израел со 3: 0 во квалификациите за Европското првенство што се играше во Струмица, но може да се соочи со казна. Словенките со убедливи 3:0 ги завршија квалификациите, со максимален ефект со шест победи. Сепак, најголемо внимание привлече потегот на почетокот на натпреварот. Словенечките одбојкарки одбија да се ракуваат со Израелките, а бидејќи ракувањето е практика што е наложена со правилник, Словенките сега може да се соочат со казна од Европската одбојкарска федерација. Израелките беа фрапирани од овој гест, иако на сите им е јасно дека поради геноцидот што се врши врз…

Read More

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, на кого Централната изборна комисија му го одзеде мандатот оваа среда (6 август), објави распишување референдум, чиј резултат „ќе биде волјата на народот“. По состанокот со коалициските партнери, Додик рече дека мандатот му е даден од народот, кој ќе го потврди или отфрли на референдум, кој ќе го објави Народното собрание на Република Српска, објави ДВ на српски јазик.„Не одам никаде, останувам во Република Српска“, рече Додик, повторувајќи дека му е судено затоа што целиот српски народ не може да се собере во судницата.Додик рече дека на референдумот ќе се постави прашањето „дали треба да се…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје соопштува дека постапувајќи по итна постапка, процесуирале државјанин на Сојузна Република Германија во врска со инцидентот што се случи на 5 август 2025 година, непосредно пред одржувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабаг“. Обвинетиот, со јавно истакнување и веење знаме со симболика на „Голема Албанија“ и натпис „Автохтона“, предизвикал чувство на омраза, раздор и етничка нетрпеливост, што претставува кривично дело согласно член 319 од Кривичниот законик.-По извршена идентификација и поднесена кривична пријава од СВР Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка процесуираше државјанин на Германија за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор…

Read More

11 Ретко препознаен предупредувачки знак што ги засега вашите зглобови може да биде еден од најчестите предупредувачки знаци за опасна состојба по живот. Отечените зглобови и нозе може да укажуваат на срцева слабост. Срцевата слабост се развива кога срцето има проблеми со ефикасната циркулација на крвта низ телото, честопати затоа што станува премногу кршливо или вкочането. Оваа перзистентна состојба обично прогресивно се влошува со текот на времето. Иако обично е неизлечива, симптомите често може да се контролираат со години. Британската фондација за срце (BHF) ја предупреди јавноста за клучните предупредувачки знаци на кои треба да се внимава. „Можеби ќе го…

Read More

4 Силни ветришта се очекуваат во Грција следниве денови, со налети до 9 Бофоровата скала (односно, и до 100 километри на час), соопшти Националната метеоролошка служба (EMY) во временската прогноза денеска. Северните ветрови во Егејското Море и на истокот на Грција ќе се засилат значително денеска и така ќе биде барем до недела, што ќе го зголеми ризикот од шумски пожари. Според експертите, се предвидуваат силни ветрови над источното грчко копно, во централниот и јужниот дел на Егејското Море, како и на Крит. Најтешкиот ден се очекува да биде утре, смета Министерството за климатска криза и цивилна заштита – со…

Read More

Организациите што произлегоа од војната на Ослободителната војска на Косово денес ќе одржат протест во Приштина, почнувајќи од 17:00 часот, во знак на протест против неправдите на Специјалниот суд и извештаите дека српските досиеја и документи се користат од страна на Специјалниот суд во судењето на поранешните водачи на ОВК во Хаг, објавија косовските медиуми.Организациите што произлегоа од војната на Ослободителната војска на Косово, на конференција одржана во среда, ги повикаа граѓаните да излезат во голем број на протести во одбрана на ослободителната војна.„Ги поканувам граѓаните што сочувствуваат со нас да учествуваат на овој протест во 17:00 часот на плоштадот „Скендербег“…

Read More