Автор: Press Online

Поради сообраќајна незгода во прекин е регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на делницата од регионалниот пат Р1-202 Маврови Анови – Дебар, кај мостот Ростушки, е во целосен прекин во двата правци поради сообраќајна незгода.

Read More

Додека земјата се подготвува за локалните избори 2025, јавниот простор сè повеќе се исполнува со селективни интерпретации на реалноста, контроверзии и конфузни пораки до граѓаните. Заедно со неуредениот институционален амбиент – како што е ситуацијата со оставката на претседателката на ДКСК и доцнењето на распишувањето на изборите, како и неконзистентните законски решенија и реформи во изборниот систем – се создава плодна почва за појава на дезинформации и политички наративи кои може да го загрозат интегритетот на целиот изборен процес.Политичките актери, медиумите и корисниците на социјалните мрежи играат значајна улога во формирањето на јавното мислење, а токму за време на изборите се зголемува бројот…

Read More

Поранешниот спортски директор на македонската фудбалска репрезентацијата Дени Масев е осуден на четири години затвор откако призна вина за случајот  набавка и продажба на дрога, во која првоосомничен е Раде Трајковски – Штекли.Масев вчера заедно со уште тројца обвинети признаа вина.Инаку Масев, до почетокот на оваа година беше спортски директор во репрезентацијата. Тој беше разрешен веднаш по отворањето процес против него.Масев своевремено беше и член на фудбалската федерација на Македонија.

Read More

9 Ниту рекордерот Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо, ниту минатогодишниот победник Родри не се меѓу 30-те кандидати за Златната топка, наменета за најдобриот фудбалер во светот во изминатата сезона. На скратениот список од 30 имиња, како што се очекуваше, се наоѓаат најмногу фудбалери на актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Усман Дембеле се издвојува како прв фаворит за наградата од францускиот тим. Барселона, која го освои шпанското првенство и куп, има четири номинирани играчи, меѓу кои најмладиот, 18-годишниот Јамал, и најстариот, 36-годишниот Левандовски. Реал има тројца играчи, меѓу кои и Винисиус Жуниор, кој беше голем фаворит минатата година, но на…

Read More

Уставниот суд на Косово пресуди дека пратениците на Собранието на Косово мора да го изберат новиот шеф на законодавното тело преку јавно гласање и во рок од 30 дена. Во соопштението објавено во петокот се наведува дека Уставниот суд утврдил дека за истиот кандидат може да се гласа само до 3 пати и дека сите пратеници мора да учествуваат во гласањето, објавија косовските медиуми, по сагата со повеќемесечното (не)конституирање) на Собранието.Албанија оваа недела се приклучи на заедничката изјава издадена од 14 западни земји – вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија, Франција и Канада – во која се осудуваат операциите на…

Read More

16 Секој сака да биде среќен, но не секој знае како да ја прифати среќата кога ќе дојде. Некои луѓе, свесно или несвесно, го саботираат она што би можело да ги направи вистински исполнети. Без разлика дали поради страв, навика, недоверба или верување дека е „премногу добро за да трае“. Постојат знаци во хороскопот кои често не знаат како да го добијат она што го заслужуваат, па го оттурнуваат од себе. Близнаци Близнаците сакаат разновидност и промени. Кога сè станува премногу стабилно и предвидливо, често има чувство на нелагодност. Наместо да уживаат во мирот, тие почнуваат да бараат „каде е…

Read More

На Клиниката за неврологија за нов директор е поставен д-р Игор Кузмановски, а на Клиниката за кардиологија  д-р Даница Петкоска Спирова, потврдија од Министерството за здравство за МИА.-Министерот за здравство, Азир Алиу за нов директор на Клиника за неврологија го именуваше д-р Игор Кузмановски, а на Клиниката за кардиологија за нов директор е именувана д-р Даница Петкоска Спирова. Новоименуваните директори ја извршуваат оваа функција почнувајќи од 7.8.2025 (четврток), посочуваат од Министерството.Воедно, нема одговор дали се планираат смени на директори на други клиники.Д-р. Кузмановски доаѓа на местото на д-р. Фатмир Меџити, а Петкоска – Спирова на местото на Примариус д-р. Беким…

Read More

Жените во Европската Унија имаат просечно 63,3 години здрав живот, односно живот без ограничувања во активностите, додека кај мажите тој број е нешто понизок – 62,8 години, соопшти денеска Европската служба за статистика (Евростат).Како што се наведува, жените живеат 5,3 години подолго од мажите – просекот кај жените во ЕУ е 84, а кај мажите речиси 79.Кога станува збор за години здрав живот кај мажите – првото место го заземаат жителите на Малта (речиси 72 години), по што следат Италијанците (68,5), Швеѓаните (нешто повеќе од 67 години), додека на дното на табелата се Летонија (нешто повеќе од 51 година), Естонија (56,5)…

Read More

6 Канцеларот Фридрих Мерц денес изјави дека Германија нема да одобри никаков извоз на воена опрема што би можела да се користи во Газа. Денешното соопштение од германската влада, која со децении е цврст поддржувач на Израел, доаѓа откако израелската влада објави планови за преземање на градот Газа. Во соопштението, Мерц нагласи дека Израел „има право да се брани од терористите на Хамас“ и дека „наш врвен приоритет“ е ослободување на затворените Израелци и „целни“ преговори за прекин на огнот во таа војна. Тој рече дека Хамас „не смее да има никаква улога во иднината на Газа“, што е и…

Read More

Очниот притисок игра клучна улога во одржувањето на здравјето на очите, бидејќи овозможува рамнотежа и стабилен проток на очната водичка, којашто непрекинато се лачи. Зголемениот очен притисок е чест проблем, којшто обично не предизвикува никакви симптоми во почетната фаза. Лицето првично не чувствува болка, нема никакво намалување на видната острина, ниту забележува промени во видното поле.Како што болеста напредува, се јавува постепено оштетување на оптичкиот нерв. Потоа се јавуваат првите симптоми – заматен вид, стеснување на видното поле и тешкотии при снаоѓање во просторот. Во случај на ненадејно и силно зголемување на очниот притисок, симптомите можат да бидат многу изразени…

Read More

Европската комисија ги повика властите во Босна и Херцеговина, вклучувајќи ги и институциите на Република Српска, да ја почитуваат конечната пресуда на Судот на Босна и Херцеговина и одлуката на Централната изборна комисија, со која на Милорад Додик му беше одземен мандатот како претседател на Република Српска, пишуваат регионалните медиуми.„По конечната пресуда на Судот на Босна и Херцеговина, Централната изборна комисија на 6 август одлучи да го прекине мандатот на Милорад Додик како претседател на Република Српска. Во согласност со Изборниот закон на Босна и Херцеговина, потребно е да се организираат предвремени избори“, одговори Европската комисија на прашањето за одбивањето…

Read More

Полициски службеници од СВР Охрид вчера го лишиле од слобода З.Н. (41) од Охрид, кој се сомничи дека во атарот на охридското село Горно Лакочереј предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.Како што соопшти МВР, при преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More