Автор: Press Online

0 „Ќе имаме средба со Русија, ќе почнеме со неа. Мислам дека местот ќе биде многу популарно, не сакам сега да го објавам, ќе го објавам малку подоцна денеска“, порача претседателот на САД, Доналд Трамп, во најновата изјава за неговата средба следната седмица со рускиот претседател Владимир Путин на која ќе се разговара за ставање крај на војната во Украина. Трамп откри дека САД предлага Киев да отстапи територии, а Русија да врати дел од освоените или анектираните украински територии на Киев. „Зеленски добива сѐ за да напредне средувањето на Украина“, рече претседателот на САД, не давајќи други детали. Денеска…

Read More

100 Окружниот суд во Благоевград ја потврди одлуката на Агенцијата за регистри да ја регистрира ОМО „Илинден“, известија бугарски медиуми. Судската пресуда е од 30 јули. ОМО „Илинден“ на 14 јули поднела барање за регистрација во Агенцијата за регистри (исто тело како Централниот регистер на РСМ, само во Бугарија) за впишување како здружение со нестопанска дејност. Станува збор за организација на Македонци по самосвест, што Бугарија 34 години не ја прифаќа. Организацијата мина низ неколку фази и имиња и статути и членови, но во суштина нејзината политичка амбиција досега се погазува од бугарските власти. Два дена подоцна, одговорниот регистратор донел…

Read More

14 Ситуацијата околу Џанлуиџи Донарума и останувањето во ПСЖ сега е многу појасна. Парижаните и италијанскиот голман веќе некое време не можат да најдат заеднички јазик во врска со продолжувањето на договорот за Донарума, а сега дефинитивно е завршено. Имено, менаџерот на Пари Сен Жермен, Луис Кампос, објави дека Лукас Шевалие ќе биде прв голман следната сезона. Ова би значело дека италијанскиот голман Донарумa ќе бара нов ангажман веќе ова лето. Договорот му истекува следната сезона, сега е очигледно дека продолжувањето на соработката нема да се случи. Донарума сакаше поголема плата, ПСЖ не беше подготвен да ја плати. Поради оваа…

Read More

9 Безживотното тело на постаро лице, било пронајдено во куќа зафатена од пожарот Тогани, во областа Кератеа, источниот дел на Атика, поширокиот дел на Атина, информираше попладнево портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис. Како што јави „Екатимерини“, телото на мажот било пронајдено од пожарникарите за време на гаснење на пожарот во куќата во близина на местото од каде што започна пожарот. Пожарот е активен и вон контрола над три часа во област што не е густо населена, меѓутоа во непосредна близина постојат населени места, па затоа од бројот 112 во период биле испратени осум пораки за евакуација на…

Read More

11 Роверот „Кјуриозити“ (Љубопитност) на американската вселенска агенција НАСА испрати фотографија на карпеста формација што личи на корал. Необичниот објект е мал, светол камен обликуван од ветер откриен од роверот на 24 јули во кратерот Гејл. Иако потсетува на морските организми што градат корални гребени на Земјата, станува збор за камен од 2,5 сантиметри. „Кјуриозити“ пронајде многу вакви карпи што настанале од дејствијата на древната вода, а потоа обликувани од милијардите години песок носен од ветерот“, велат од НАСА. Ваквите формации почнале да се создаваат на Марс пред неколку милијарди години, додека на планетата уште имало вода. Таа вода, полна…

Read More

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо отворено да ги искажат своите грижи и чувства, децата честопати се повлекуваат во себе и манифестираат стрес преку однесување, телесна болка или промени во секојдневните навики, пишува „Кликс“. Поради сѐ ова, родителот понекогаш не препознава веднаш дека нивното дете се справува со анксиозност.Следат некои од најчестите знаци на анксиозност кај децата.Физички тегоби без јасна причинаМеѓу најчестите телесно-физички знаци се честите главоболки, гадење или болки во стомакот, особено во случаи на стрес. Децата честопати не можат да ги вербализираат своите емоции, па затоа ги покажуваат преку физички симптоми, што…

Read More

5 Њукасл има загревачки натпревари со Еспањол и Атлетико Мадрид овој викенд, а најдобриот играч во англискиот клуб, Александар Исак, нема да му биде на располагање на Еди Хау. Според британските медиуми, Исак тренира сам од почетокот на неделата, без соиграчи, и се подготвува да си замине. Ливерпул веќе испрати понуда од 110 милиони фунти за Исак ова лето, но таа беше категорично одбиена од Њукасл. Со оглед на тоа што „црвените“ го продадоа Дарвин Нуњез на Ал Хилал и дека наскоро ќе соберат значителна сума пари за тој трансфер, може да се очекува дека Ливерпул ќе испрати нова, засилена…

Read More

Брачна двојка од американската сојузна држава Охајо доби здраво машко бебе од ембрион којшто бил замрзнат 31 година, наводно поставувајќи нов светски рекорд, пишува порталот „Кликс“.Линдзи и Тим Пирс го добија синот Тадеус Даниел Пирс во саботата. Таа изјави за „МИТ технолоџи ривју“ (MIT Technology Review) дека нејзиното семејство гледа на тоа „како на нешто од научнофантастичен филм“. Се верува дека ова е најдолгото време кога ембрион бил замрзнат пред да резултира со успешно раѓање т.е. живородено дете. Претходниот носител на рекордот беа близнаци родени во 2022 година, од ембриони замрзнати во 1992 година.Пирсови се обидувале да имаат дете седум години…

Read More

Форд повлекува повеќе од 312.000 возила во САД поради потенцијален безбедносен проблем што би можел да го зголеми ризикот од несреќа. Според Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA), кај некои возила може да настане дефект кај електронскиот засилувач на сопирање додека возат, што може да доведе до потешкотии при запирање. Повлекувањето опфаќа неколку модели од 2025 година, како што се Линколн Навигатор, Ф-150, Експедишн, Бронко и Ренџер. Проблемот произлегува од модулот за електронски засилувач на сопирање (EBB), кој може да се расипе за време на нормално возење или при користење на напредните системи за помош на возачот…

Read More

4 Турција го затвори Дарданели, еден од најважните протоци на светот, поради голем пожар близу градот Чанак Кале, соопшти турското министерство за транспорт. Дарданели се врската помеѓу Егејското Море и Мермерното Море и е еден од двата клучни морски патишта меѓу Европа и Азија. Големиот пожар гонет од силниот ветер се приближува кон градот, а дел од населението е евакуирано. Во гаснењето учествуваат и пожарникари на терен и воздухоплови за гаснење – авиони и хеликоптери. Според официјалните податоци, минатата година низ Дарданели минале речиси 46.000 пловила. Ова е еден од низата пожари во природа што ја погодија Турција летово. Во…

Read More

Министерството за здравство соопшти дека за 45 дена се реализирани над 1250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем.МЗ пренесува изјава на министерот за здравство Азир Алиу дека „до овој момент, во рамките на процесот, се спроведени над 1700 тестирања“.-Ова е значајно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време во здравствениот сектор – дополнителна мотивација, конечно решен статус на сите овие лица кои со години немаа сигурност, здравствено осигурување, формален работен однос и беа под континуиран стрес. Сега, со овој чекор, добија достоинствено место во системот, истакнува…

Read More

Почитувани, Весна Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат брутална партизација во образованието пред изборите. Во очи на распишување на локалните избори, гледаме масовни незаконски огласи за вработување и напредувања само по партиска линија, за вдомување на кадри на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Јованче Манасков од Комисијата за образование на СДСМ на прес-конференција.Државниот просветен инспекторат, под диригенство на Јаневска, станува партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ.Според информациите кои ни ги доставија свиркачи:Соња Зашоска, советничка во Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде унапредена во раководител на одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитет.Таа е истата инспекторка која го заштити Бојан Христовски од АНБ и неговото…

Read More