Автор: Press Online

8 Милијардерот Илон Маск донирал вкупно 15 милиони долари во јуни на политичките организации што ги поддржуваат претседателот на САД, Доналд Трамп, и републиканците во Конгресот, покажуваат новите извештаи за финансирање на кампањите. Донациите од по 5 милиони долари на групите МАГА Инк., Фондот за раководството на Сенатот и Фондот за раководството на Конгресот се направени на 27 јуни, среде жестоката расправија на Маск со Трамп околу федералното законодавство за трошењето, и само неколку дена пред најбогатиот човек во светот да објави дека ќе формира своја политичка партија. Извршниот директор на Тесла се појави во извештаите како најголем поединечен донатор…

Read More

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИНема позаебан момент за пишување на колумна од овој во кој се наоѓа мојата маленкост на само неколку часа пред обраќањето на Големиот водач.Урби ет орби.На нацијата и светот.Оти само Господ знае, па и за него не е сугурно, колку во Обраќањето на неговата војводска преузвишеност, ќе бидат гигантски ренесансните подвизи на македонскиот народ, добро, и на другите граѓани, но пред сѐ на македонскиот народ, на чие име во катастарот на Историјата е запишана оваа земја, и колку уште погигантски, злонамерни и злосторнички, ќе бидат детектирани обидите на Европа, на Бугарија, на сдсм, на дуи и на фенг…

Read More

6 Англискиот фудбалер Џејдон Санчо (25) е на прагот да се врати во Борусија Дортмунд откако изминатите четири години во Англија воопшто не му одговараа. Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не смета на Санчо, кој минатата сезона беше на позајмица во Челси, и тој изрази желба да се врати во Борусија од која замина во 2021 година за 85 милиони евра. Санчо постигна 53 гола со 67 асистенции за четири сезони во дресот на Борусија, додека во дресот на Јунајтед и Челси за истиот временски период, имаше вкупен учинок од само 17 гола и 16 асистенции. Неговиот договор со…

Read More

37 Според вчера објавените информации во некои медиуми во Соединетите Американски Држави, американските партнери биле известени дека Индија не планира да набавува авион Ф-35. За време на посетата на индискиот претседател Нарендра Моди на Белата Куќа во февруари, Американците понудиле да продадат авион Ф-35 на индиското воено воздухопловство како дел од поширокото стратешко партнерство. Наместо тоа, индиските функционери нагласиле дека Њу Делхи останува посветен на моделот за набавка на технологија и вооружување кој го нагласува споделувањето технологија, локалното производство и развој на домашните капацитети. „Владата е повеќе заинтересирана за партнерство фокусирано на заедничко дизајнирање и производство на одбранбена опрема во…

Read More

18 Кај луѓето во поодмината возраст што постојано се хранат здраво хроничните болести побавно се развиваат и, генерално земено, процесот на остарување и оштетување на организмот, односно стареењето, се побавни отколку кај луѓето што не внимаваат многу на исхраната и внесот на пијалоци. До вакви резултати дошла студијата спроведена од научниците од Центарот за истражување на стареењето во Институтот Каролинска, Шведска. За студијата, над 15 години биле следени повеќе од 2.400 постари Швеѓани. Заклучоците се однесуваат на луѓе што биле на возраст од 70-тина години кога студијата почнала, и нивните навики за исхраната и здравствената состојба се следела во следните…

Read More

4 По неколку недели шпекулации, Ливерпул конечно одлучи да испрати официјална понуда до Њукасл за најдобриот стрелец на клубот, Исак. „Страчките“ ја отфрлија понудата. Оваа информација ја објави „Атлетик“, кој не ја откри точната сума на понудата. Она што истиот весник го објави пред некое време е дека Ливерпул подготвил понуда помеѓу 135 и 140 милиони евра. Њукасл во последните денови јасно стави до знаење дека нема намера да го продаде Исак. Но, од друга страна, Швеѓанецот уште појасно стави до знаење дека сака да си оди. Тој не патуваше со тимот на Далечниот Исток на подготовки, туку отиде во…

Read More

Албанија лесно може да стане членка во 2030: „ЕУ има потреба да покаже вистински успех во проширувањето со регионот, иако процесот се движи многу брзо со Украина и Молдавија“ – Локално

Read More

8 Kлучните одредби од Законот за вештачката интелигенција (AI Act), првата сеопфатна законска рамка за регулирање на вештачката интелигенција на ниво на ЕУ, стапуваат на сила утре на територијата на Унијата. По една година постепено воведување, оваа фаза носи значителни промени во надзорот, санкциите и примената на правилата за системите за општа намена, како што се ChatGPT, Gemini на Гугл или Grok na Х. Сите земји-членки се должни на Европската комисија да ѝ пријават кои национални тела ќе го следат спроведувањето на законот за вештачката интелигенција и ќе го контролираат надзорот на пазарот. Со тоа производителите и давателите на ВИ…

Read More

8 Словенија вчера воведе ембарго за извоз, увоз и транзит на оружје во Израел, објави државната новинска агенција СТА, повикувајќи се на владино соопштение. Мерката ја објави премиерот Роберт Голоб по седницата на Владата. Голоб рече дека Словенија е првата европска земја што направила таков чекор, објави СТА. Словенија претходно прогласи двајца израелски министри за непожелни. Станува збор за министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и за министерот за финансии и одбрана, Безалел Смотрич, кои словенечката влада ги назначи како лица кои „поттикнуваат екстремно насилство и сериозни кршења на човековите права врз Палестинците со нивните геноцидни изјави“. Словенија ја призна…

Read More

5 Алехандро Гарначо сака да се пресели во Челси, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо во петокот. Лондонскиот клуб беше приоритет за Аргентинецот во јануари, а Гарначо сè уште сака да го оствари трансферот ова лето. Челси размислува за можна понуда за крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед подоцна во август. 21-годишниот Гарначо чека „сините“ да донесат одлука и го гледа клубот од западен Лондон како приоритет, и покрај понудите од други лиги. Крилниот напаѓач постигна шест гола и имаше две асистенции во 36 настапи во Премиер лигата минатата сезона.

Read More

8 Ана Петановска и Дадо Топиќ ја освоија наградата „Златен бисер” на фестивалот „Бисер на Јадранот” кој се одржа во Тиват, Црна Гора. За композицијата „Небо” музиката ја компонираше Григор Копров, текстот на Дадо Топиќ, а аранжманот Стефан Петановски. Македонските автори Дарко Димитров и Роберт Билбилов пак ја добија наградата за најдобар аранжман за песната „Одлазим” (Павле Васиљевиќ). Извонреден настап и одличен впечаток остави Огнен Здравковски со композицијата „Нема те” (музика и аранжман Димитар Андоновски), стои во соопштението на организаторите, сподели Стандард life.

Read More

34 Поранешниот српски министер Томислав Момировиќ е уапсен во акција на полицијата и Јавното обвинителство за организиран криминал, јави српската телевизија „Нова“. Од рано утрово во Србија се спроведува акција на апсења од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈООК). Постапките се поврзани со истрагата за падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови САД на 1 ноември минатата година. Претпладнево вкупно 14 лица биле уапсени. ЈООК на Србија води финансиска истрага за проектот за реконструкцијата на железничката станица. Засега нема детали до каде е таа истрага. Томислав Момировиќ бил министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура во времето кога…

Read More