НАЈНОВО
Автор: Press Online
На подрачјето на градот Скопје денска и утре во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, соопшти Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, се додава во соопштението, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во знак на почит и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, денеска во 10 часот делегации од Собранието и од Градот Скопје ќе положат цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот на градските гробишта Бутел. Во Музејот на град Скопје, вечер во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа”. Поставката ќе биде од траен карактер достапна за секој посетител во музејот. Градот како и секоја претходна година…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да останат ограничувањата за американските и руските стратешки нуклеарни сили утврдени со договорот „Нов СТАРТ“ од 2010 година. – Ова не е договор кој сакаш да го оставиш да истече. Почнуваме да работиме на тоа, изјави Трамп пред новинарите пред Белата куќа, непосредно пред да замине за петдневната посета во Шкотска. Договорот „Нов СТАРТ“, кој го ограничува бројот на распоредени стратешки нуклеарни боеви глави и носачи на оружје, истекува на 5 февруари следната година. Ова е првпат Трамп да се изјасни јавно за судбината на договорот откако повторно ја презеде функцијата на 20…
Со завршување на тригодишната меѓународна иницијатива за следење на движењето на Јадранската микроплоча – AdriaArray, на почетокот на 2026-та државава ќе остане без мрежата од 13 сеизмолошки станици со кои се следи сеизмичката активност односно просторно-временската застапеност на земјотресите. Во рамки на тој проект на организацијата ORFEUS (Observatories and Research Facilities for European Seismology), чија мисија е да ја промовира сеизмологијата во Европско-медитеранската област, од 2023 се инсталирани 13 привремени сеизмолошки станици преку кои континуирано се следи сеизмичката активност на територијата на државава и во пограничните региони, како и сеизмичноста на целата планета. Тие 13 станици во моментов ја сочинуваат…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заедно во група извршиле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, на 24 јули во скопското село Орешани извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на едно лице, за кое сметале дека украл лубеници од нивата на првоосомничениот. Со товарно возило го следеле оштетениот додека тој со автомобилот се движел од Петровец кон селото Таор, се…
Најмалку 652 деца починале од неухранетост во нигерискиот северен сојузен регион Кацина во првата половина од 2025 година, соопшти организацијата „Лекари без граници“. Организацијата предупредува дека намалувањето на меѓународното финансирање, особено од страна на САД, Велика Британија и Европската Унија, има сериозни последици врз третманот на неухранети деца во регионот. „Сведоци сме на масовни буџетски кратења, што директно влијае на нашата способност да спасуваме животи“, се наведува во соопштението. Ситуацијата дополнително се влошува поради несигурноста и насилството од страна на бандитски групи, кои принудуваат многу жители да ги напуштат своите домови и земјоделските површини. Официјалните податоци на „Лекари без граници“…
5 Литванија ќе издвои 30 милиони евра за купување на американски ракетни системи „Патриот“ за Украина, изјави литванскиот министер за одбрана Довиле Шакалене по состанокот на министрите за одбрана на балтичките земји со нивниот американски колега Пит Хегсет. „Литванија го објави својот став и информираше дека ќе се придружи на купувањето американско оружје, поточно на системот „Патриот“, издвојувајќи околу 30 милиони евра“, објави руската агенција ТАСС. Како што додаде таа, Литванија испраќа стратешка порака дека целосно ја поддржува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп.
Кинескиот премиер Ли Ќијанг денеска предложи создавање меѓународна организација за соработка во областа на вештачката интелигенција (ВИ). Говорејќи на отворањето на годишната Меѓународна конференција за ВИ во Шангај, Ли истакна дека технологијата станува нов двигател на економскиот раст, но предупреди дека развојот е разединет и недоволно координиран. – Потребна ни е глобално прифатена рамка за развој и безбедност на вештачката интелигенција, рече Ли, посочувајќи дека сегашниот развој е фрагментиран и ограничен од недостиг на чипови и експертиза. Конференцијата се одржува во време на сè поизразена технолошка конкуренција меѓу Кина и САД, а ВИ станува стратешко поле на глобално надмудрување. САД…
19 Двојно убиство се случило во раните утрински часови во близина на бар на плажата Словенска во Будва. Татко и син се убиени, а за убиството е осомничен нивни роднина, кој набрзо е уапсен. Како што неофицијално потврдија за порталот Cdm.me полициски извори, осомничен за злосторството е С.С. (65), чичко и брат на убиениот. Тој е уапсен кратко откако истрелите биле пријавени во полицијата. „Дежурната служба на Одделот за безбедност во Будва добила пријава за употреба на огнено оружје на улицата Словенска Обала околу 8 часот утрово. Полициските службеници веднаш реагирале, го пронашле осомничениот С.С. на лице место, го пронашле…
4 Аргентинскиот играч од средниот ред Родриго Де Пол повеќе не е член на Атлетико Мадрид и ќе ја продолжи кариерата во Интер Мајами, потврди шпанскиот клуб. На тој начин Де Пол ќе му се придружи на сонародникот и најдобар пријател Лионел Меси, со кого ја освои Копа Америка и Светското првенство во 2022 година. „Родриго Де Пол се збогува со Атлетико Мадрид и ќе ја продолжи својата фудбалска приказна во Интер Мајами“, се вели во соопштението на Атлетико, а Интер исто така го потврди трансферот. 31-годишниот Де Пол помина четири сезони под водство на тренерот Диего Симеоне, играјќи речиси…
САД означија група поврзана со венецуелскиот претседател Николас Мадуро како поддржувач на странски терористички организации. Станува збор за групата „Картел де лос Солес“, во која, според Вашингтон, членуваат високи венецуелски функционери, меѓу кои и самиот Мадуро. Американската влада ги поврзува овие структури со криминалната банда „Трен де Арагуа“ и мексиканскиот наркокартел „Синалоа“, обете веќе класифицирани како странски терористички организации. Во 2020 година, американските власти веќе поднесоа обвиненија против Мадуро и негови соработници за шверц на дрога. Министерството за комуникации на Венецуела сè уште не дало официјален одговор на најновата класификација.
4 Бракот помеѓу американската актерка Дениз Ричардс и нејзиниот сопруг Арон Фајперс се соочува со сериозна криза откако во јавноста протекоа обвинувања за измама и злоупотреба. Фајперс тврди дека Ричардс имала шестмесечна афера со Руди Рејес, инструктор од реалното шоу „Специјални сили: Најтешкиот предизвик во светот“, во кое учествувала актерката. Во писмо што наводно го испратил до семејството и пријателите, Фајперс навел дека долго време се борел со вистината, но дека ја соочил сопругата со докази на почетокот на годината. Според него, иако Ричардс негирала сè и тврдела дека таа го сака, наскоро се појавиле нови докази кои, како што…
