Автор: Press Online

6 Виктор Ѓекереш конечно потпиша за Арсенал и сагата официјално заврши. Шведскиот напаѓач се приклучува на лондонскиот клуб од Спортинг и е нивното најголемо засилување за летото. Се зборуваше многу за неговиот трансфер во Арсенал, и конечно сè беше договорено и потпишано. Ѓекереш исто така многу сакаше да оди во Премиер лигата, неговиот сон се оствари. Трансферот беше завршен, а Арсенал му плати на Спортинг 73,5 милиони евра. Имаше многу преговори, одбиени понуди од Арсенал, па дури и борба помеѓу раководството на португалскиот клуб и самиот играч, но на крајот сè беше решено. Ѓекереш ќе го носи легендарниот број 14…

Read More

Во 2023 година, светот доживеа рекордни температури во океаните низ целиот свет, кога морската вода беше значително потопла од просекот, покажуваат резултатите од новата студија објавена во научното списание „Science“.Во неа се наведува дека дури 96 проценти од морињата и океаните низ целиот свет биле погодени од тој екстремен временски феномен, а брановите на топлотни шокови траеле во просек четирипати подолго од историски евидентираните. Зголемените температури на површинските слоеви на океанската вода имаат значително влијание врз глобалната клима и временските услови, како и пошироки последици за морските екосистеми. Како и на копно, топлотните бранови се случуваат во океаните секоја година,…

Read More

15 Голем пожар избувна вчера на грчкиот полуостров Пелопонез, поради што беа евакуирани 6 села и голем број туристи во областа Коринт. Селото Фенео, со 70 жители, е пеплосано. Борбата со пожарот во планинскиот предел продолжи утрово. Приведени се две лица за предизвикување на пожарот. Се смета работеле со шмишајбна и заварувале во близина на избивањето на пожарот. Освен од земја до вчеравечер се гаснеше и со 15 авиони и 11 хеликоптери. На земја дејствуваа 200 пожарникари. Од утрово, кога противпожарните летала повторно можеа да летаат, борбата со раширениот пожар, продолжува, и на повеќе места во планинскиот регион, тој е…

Read More

Економскиот раст на Западен Балкан значително забави во првиот квартал од 2025 година, наведува Европската комисија во извештај. Реалниот раст на БДП во регионот е намален на 2,3 проценти, од 3,3 проценти во претходниот квартал. Сите држави забележаа помал раст отколку во претходните три месеци, а Србија, најголемата економија во регионот, имаше најголемо забавување на растот на производството, од 3,3 на два проценти. Сепак, Северна Македонија, Албанија и Косово беа над границата од три проценти, според извештајот за економијата на земјите кандидати или потенцијални кандидати за членство во ЕУ. Економскиот раст беше поттикнат од домашната побарувачка. Потрошувачката остана клучен придонесувач…

Read More

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи на денешните квалификациите за Големата награда на Белгија. Неговиот клупски колега Оскар Пјастри го освои второто место. Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше трет. Четвртото најбрзо време го покажа четирикратниот и актуелен светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул. Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, седумкратен светски шампион, беше на 16-та позиција на крајот од сесијата. Главната трка од формула 1 шампионатот за Големата награда на Белгија ќе се вози утре од 15 часот на патеката „Спа-Франкоршам“.

Read More

Министерот за здравство, Азир Алиу најави воведување ново софтверско решение кое ќе ја олесни комуникацијата и движењето на пациентот низ здравствениот систем. -Апликацијата ќе овозможи пациентот во секое време да внесе здравствени индикатори, врз основа на кои матичниот лекар или специјалист ќе може веднаш да реагира – со менување на терапијата или давање препораки за натамошно лекување. Ако системот детектира вредности надвор од нормалата, автоматски ќе алармира, истакна Алиу во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77,. Додаде дека апликацијата е дел од севкупната стратегија за дигитализација и оптимизација на здравствениот систем, а се осврна и на усогласување на…

Read More

11 Британската актерка Хелен Мирен, која денес полни 80 години, за списанието OK! изјави дека не старее „грациозно“, туку „со забава и посветеност“. „Воопшто не стареам грациозно! Го мразам тој термин – звучи како да мора да бидете елегантни и прифатливи, а јас не сум. Стареам со забава, со посветеност, но не и грациозно. Кого го интересира грациозноста“, рече актерката. Таа забележа дека го смета за навредливо кога луѓето ѝ велат дека изгледа добро за нејзините години, бидејќи таквите коментари честопати ги смета за „покровителски“.

Read More

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 48-годишник осомничен за кривично дело – Посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРСМ, осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот. По предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определена мерка притвор, додека жртвата е сместена во транзитен центар за странци до завршување на постапката.

Read More

13 Минатата година беше рекордна година во привлекувањето на странски директни инвестиции (СДИ) во Србија, но, според податоците објавени во стручниот билтен „Макроекономски анализи и трендови“ (МАТ), нето-приливот во првите четири месеци од оваа година изнесуваше само 385,4 милиони евра. Ова е, како што е наведено, дури 76,7 проценти помалку отколку во истиот период минатата година, пишува Политика. Експертите објаснуваат дека таков огромен пад се случил поради двоен негативен ефект, бидејќи приливот на нерезидентни СДИ во Србија во периодот од јануари до април 2025 година се намалил за речиси 50 проценти (49,8 проценти помалку) и изнесувал 948,7 милиони евра. Во…

Read More

Велика Британија ќе се приклучи на меѓународните напори за доставување хуманитарна помош во Појасот Газа по воздушен пат, соопшти премиерот Кир Стармер, откако Израел дозволи ваков начин на испорака во услови на влошена хуманитарна состојба. Стармер рече дека Лондон „итно ги забрзува напорите“ за евакуација на деца со итни медицински потреби, кои би биле третирани во британски болници. Најавата доаѓа во време кога повеќе од 220 пратеници, вклучително и повеќе од половина од лабуристичките, побараа од владата да ја признае палестинската држава, сметајќи дека тоа е важен чекор кон конечно решение на израелско-палестинскиот конфликт. Британија и претходно учествуваше во воздушна…

Read More

5 Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека, според НАТО и САД, Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за отворен конфликт со Западот веќе во 2027 година. Тој рече дека добил потврда за овие проценки за време на неодамнешниот состанок со Врховниот командант на сојузничките сили за Европа, Алексус Гринкевич. „Американците сериозно се подготвуваат за ситуација која не претставува директна воена закана. Ова не се трагични предвидувања, но и Вашингтон и мојот гостин, генерал Гринкевич, се убедени дека глобалните противници на Западот, а во случајот на Полска, пред сè Русија, ќе бидат подготвени за конфронтација во 2027 година“,…

Read More

3 Еден од најдобрите возачи на сите времиња, Луис Хамилтон, повторно го крена гласот против она што го прави израелската армија во Појасот Газа и рече дека светот не може да молчи за сето ова. Израелската армија спроведува невиден терор врз Палестинците во Газа, а нивните напади одзедоа бројни животи, а Хамилтон рече дека мора да има прекин на огнот. Само во првата недела од овој месец, повеќе од 100 деца беа убиени во Газа, а Хамилтон јавно го сподели својот гнев што светот молчеливо го гледа сето ова. „Тешко е да се најдат зборови за да се опише апсолутниот…

Read More