Автор: Press Online

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека признавањето на палестинска држава пред нејзиното официјално формирање би било контрапродуктивно. – Јас силно поддржувам палестинска држава, но не верувам дека треба да се признае нешто што сè уште не постои, изјави Мелони во интервју за весникот „Република“. Таа додаде дека таков чекор може да создаде лажна перцепција дека проблемот е решен, иако реалноста е поинаква. Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, вчера рече дека Италија стои зад решението „две држави за два народа“, но дека признавањето на Палестина треба да се случи паралелно со признавањето на Израел од страна на Палестинците.…

Read More

26 Мече било снимено како движи во дворот на средно училиште во селото Несторио во грчкиот регион Касториа (Костур), најверојатно барајќи храна, известија грчките медиуми. Мечето шетало полека низ дворот, а кога првпат здогледало луѓе, почнало да трча низ дворот во страв, а потоа избегало. Некои луѓе на социјалните мрежи се шегуваат дека мечето „не знаело дека сега е распуст“, а некои велат и дека „тргнало да се запишува“. Како и да е, ова не е изолиран инцидент во западниот, претежно планински дел на Грција, каде честопати се забележуваат мечки до населените места, а некогаш тие влегуваат и до живеалиштата,…

Read More

19 Рано наутро на 4 јули, заѕвони телефонот на генералот Кит Келог. Од другата страна на линијата беше Радослав Сикорски, полскиот министер за надворешни работи, со порака што ќе се покаже како клучна во понатамошниот тек на руската инвазија на Украина, пишува „Телеграф“. Претходно во текот на ноќта, полскиот конзулат во Киев беше оштетен во жесток напад од руски ракети и беспилотни летала. „Путин се потсмева на вашите мировни напори“, му рече Сикорски на генералот Келог, пензиониран генерал-полковник и главен пратеник на Доналд Трамп за Украина. „Ве молам, обновете ги испораките на противвоздушна муниција за Украина“, додаде тој. Испораките на…

Read More

4 Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, изјави дека Мерцедес сè уште е во преговори со актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, но се потсмеа на сугестиите дека „сребрените стрели“ ги откриле разговорите за да извршат притисок врз Ред Бул, нарекувајќи го тоа „сериозна теорија на заговор“. Расел ги поттикна шпекулациите дека Верстапен повторно ќе го напушти Ред Бул кога изјави за „Скај Спортс“ на Гран При на Австрија во јуни дека неговото продолжување на договорот се одложува поради интересот на Мерцедес за четирикратниот светски шампион. Шефот на тимот, Тото Волф, подоцна го потврди ова, велејќи дека разговорите се во…

Read More

11 Жешкиот бран во Грција продолжува и денеска а ќе трае уште неколку дена, со максимални дневни температури од 40 до 43° Целзиусови, прогнозираат грчките метеоролози. Денеска во најголемиот дел од Грција температурниот максимум ќе биде 43°, а на истокот на Егејско Море до 40°, благодарение на слабиот ветер што ќе дува од север и североисток. Археолошките локалитети на отворено, почнувајќи од славниот Акропол во главниот град Атина, веќе неколку дена се затворени за посета или целосно или во периодот од 12 до 17 часот. Во регионите околу Солун и на Халкидики, утрово има раздвиженост на улиците и на плажите,…

Read More

5 Една третина од британските пратеници го повикуваат британскиот премиер Кир Стармер да признае палестинска држава, по примерот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој вети дека ќе го стори тоа за време на годишната сесија на Генералното собрание на ОН. Двеста дваесет и еден пратеник од девет политички партии претставени во Долниот дом со 650 членови потпишаа писмо во врска со ова, упатено до лабуристичкиот премиер и неговиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами. „Иако признаваме дека Обединетото Кралство нема моќ да создаде слободна и независна Палестина, признавањето од страна на Обединетото Кралство би имало значително влијание поради нашите историски…

Read More

11 Стравот од кучиња, познат како кинофобија, може да биде многу непријатен и ограничувачки, особено за децата. Често се случува детето да чувствува страв од кучиња иако кучето никогаш не го каснало ниту му наштетило на било кој начин. Малите деца природно се плашат од непознати работи, вклучувајќи ги и животните. Како што растат и стекнуваат нови знаења за животните и нивното однесување, тие развиваат самодоверба и учат како безбедно да се однесуваат кон нив. При проценка дали е потребна помош за надминување на стравот, родителите треба да обрнат внимание на три клучни фактори: фреквенција, интензитет и времетраење на стравот.…

Read More

51 Официјална Анкара вчеравечер порача дека по неколку дена борби и крвопролевања на југот на Сирија, директно ќе интервенира за да спречи какви било обиди за фрагментирање на Сирија, односно дека ќе ги спречи милитантите што се обидуваат да добијат автономија. Предупредувањето од турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан е, според сите детали, упатено до Израел, чија крајна цел, како што тврди Турција, е да се расцепка Сирија. Пораката е упатена и до припадниците на курдските Единици на народна заштита (YPG), коишто Анкара ги смета за терористичка организација. Фидан тврди дека Израел сака да ја подели Сирија за да…

Read More

24 Грчкиот тенисер и хрватскиот тренер раскинаа. Стефанос Циципас објави на својот Инстаграм профил дека раскинал со Горан Иванишевиќ по само два месеци. Сè започна кога Горан Иванишевиќ остро зборуваше за грчкиот тенисер по неговото испаѓање од Вимблдон во првото коло. Иванишевиќ тогаш рече: „Тој сака, но не прави ништо. Само „сакам, сакам“, но не гледам никаков напредок. Бев шокиран, никогаш во животот не сум видел играч понеподготвен. Со ова колено, јас сум три пати поподготвен од него. Не знам што правел цела година, но ова е навистина лошо“. Пристигна и одговорот на Стефанос Циципас, кој индиректно го нарече Горан…

Read More

0 Грција од денес е во вонредна состојба. Петтата црвена категорија на опасност од пожар, која го надминува нивото на сите претходни од почетокот на годината. Од денес до понеделник, како што велат метеоролозите, започнува „кошмар“ за пожарникарите, но и за жителите на централните делови на земјата, Споради, Евија, Атика, Пелопонез… Нешто помала опасност, затоа не на ниво на тревога, важи и за другите делови на Грција и островите, каде што противпожарните служби и сите локални власти се во состојба на тревога. Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, предупредувајќи за екстремната опасност од пожари, нагласува дека населението и туристите…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишник осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Кражбата, соопшти денеска Јавното обвинителство, ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде искористил невнимание на еден пациент од велешко, ја протнал раката во неговиот џеб и одзел 300 евра и 28 000 денари. Пациентот малку подоцна забележал дека му се украдени парите и пријавил во полиција, а сторителот бил идентификуван од снимките на видео камерите во болницата. – Имајќи предвид дека сторителот бил и претходно осудуван, како и дрскоста со која делото сега…

Read More

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување на помош од 15 милиони евра за зајакнување на одбранбените капацитети и способности на Вооружените сили на Албанија, јави дописникот на МИА од Брисел. Станува збор за втор пакет помош за Албанија во рамките на Европскиот мировен инструмент, откако претходно на албанската Армија и беа доделени 13 милиони евра ја зајакнување на способноста за навремено и ефикасно распоредување. – Албанија е близок и постојан партнер на ЕУ во надворешната и безбедносната политика, придонесува во операциите на ЕУ и е сојузник во НАТО. Зајакнувањето на нашата безбедносна и одбранбена соработка со Албанија директно…

Read More