НАЈНОВО
Автор: Press Online
Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ го донесоа изгласаа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов од собраниската говорница порача дека е горд како млад пратеник што секој студент до 29 години ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за електронски уред, посочувајќи дека младите се во фокусот на оваа Влада. -Констатирам дека кога ВМРО-ДПМНЕ е во прашање и младите во Република Македонија зборот е збор и затоа денес сум горд што сум овластен предлагач на Законот за вредносни ваучери со…
Владата им подготвува историска имама на пензионерите, со последната одлука за линеарно згоелмување на пензиите за 1.000 денари, се наведува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува во интегрална форма, соопштуваат од СДСМ. Оттаму велат дека, пензионерите ќе бидат два пати оштетени со оваа одлука, со овој грабеж, еднаш во септември и еднаш во март следната година. Денес ќе ја изложиме целосната пресметка и фактите за македонските пензионери да разберат за каква манипулација се работи. Според сегашниот закон кој го донесе СДСМ, пензиите се усогласуваат двапати годишно — во март и септември — врз основа на растот на платите…
Новата месечина е првата фаза од лунарниот циклус. Таа изгледа невидлива од површината на Земјата поради нејзината позиција помеѓу Земјата и Сонцето, при што нејзината осветлена страна е скриена од нашиот поглед. Но, астронаутите што орбитираат околу Земјата имаат поинаква перспектива. Оваа фотографија е направена од Меѓународната вселенска станица додека орбиталната лабораторија лебдеше 417 километри над Атлантскиот Океан во близина на Кабо Верде, африканска островска држава. Од вселената, можете да го видите српот со налик на насмевка на новата месечина над светлечката атмосфера на Земјата за време на орбитално зајдисонце. Б. Т.
Илир Руси, Американецот со албанско потеклоод Дебар, познат по своето влијание кај американските политичари и конгресмени, пред извесно време го придружуваше премиерот Христијан Мицкоски за време на неговата посета во САД, пишува Пресонлајн. Но сега, Руси се појави во друштво на Арбен Таравари, на средба со републиканската конгресменка Никол Малиотакис – позната поддржувачка на албанските прашања во Њујорк. На оваа средба присуствуваше и градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани. Оваа посета во САД, каде Арбен Таравари добива поддршка од влијателни фигури во американската политика, се очекува да има значително влијание за политичкиот субјект Алијанса за Албанците на претстојните локални избори.
20 Европската комисија денеска отвори нови прекршочни постапки против неколку земји членки на ЕУ, меѓу кои и Бугарија, поради доцнење со усогласување со европското законодавство, јави БТА. Конкретно, против Бугарија се покренати три постапки – за прекршување на санкциите на ЕУ, за безбедност во транспортот и за промоција на обновливите извори на енергија. Во првата постапка, Комисијата ги повика сите земји членки, вклучително и Бугарија, целосно да ги спроведат правилата за криминализација на прекршувањето на санкциите на ЕУ. За ова прашање, отвори постапки против 18 држави, кои сѐ уште не известиле за потребните мерки. Според ЕК, усогласувањето на националните кривични…
Од 15:10 часот од кај бензиската пумпа Дизел Петрол товарниот сообраќај е пренасочен кон ГП Блаце, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Како што посочуваат од АМСМ, пренаосчувањето е поради сообраќаен метеж на преминот.
24 Истражен судија од Жупанискиот суд во Сплит одреди едномесечен притвор за тројца државјани на Велика Британија, од кои двајца се со потекло од Косово, поради сомнение за тешко кривично дело против полова слобода – силување на 28-годишна девојка во еден хотел во хрватскиот град, јавија локалните медиуми. Според информациите, инцидентот се случил во вторник рано наутро, помеѓу 5 и 7:30 часот, кога жртвата, која претходно ги запознала осомничените на популарната локација „Матејушка“, прифатила да оди со нив во хотелска соба. Првoобвинетиот ја навредувал и физички ѝ се нафрлил, а потоа ја принудил на полови односи со вториот осомничен, и…
Во СВР Велес, од Општа болница Велес вчера утро во 8,30 часот било пријавено дека на Детското одделение било донесено починато деветмесечно бебе од село Сливник, Велешко, кое од претходно било со здравствени проблеми. Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција.
7 Францускиот напаѓач Килијан Мбапе (26) објави во порака на својот X профил дека го наследил легендарниот број што Хрватот Лука Модриќ го носеше во изминатите 13 сезони и дека тој е следната „десетка“ на Реал. Имено, Мбапе ја одигра својата прва сезона во кралскиот клуб со бројот 9 на грб, а десетката е бројот што го носеше со години водејќи ја француската репрезентација. Бројот на дресот, кој носи специфична тежина, кратко време беше без сопственик, а фактот што заврши во рацете на Мбапе е јасен сигнал што ја зајакнува неговата централна позиција во проектот на клубот. Оваа одлука го…
Претседателот Володимир Зеленски на 24 јули објави дека го одобрил текстот на новиот нацрт-закон со цел зајакнување на владеењето на правото и независноста на антикорупциските институции во Украина, ветувајќи дека истиот ден ќе го достави до Врховната Рада, украинскиот парламент, пренесува Кијив Индипендент. „Тукушто го одобрив текстот на нацрт-законот што гарантира вистинско зајакнување на системот за спроведување на законот во Украина, независност на агенциите за борба против корупцијата и сигурна заштита на системот за спроведување на законот од какво било руско влијание или мешање. Текстот е добро избалансиран“, објави Зеленски на Телеграм.. Предлог-законот следи по одлуката на Зеленски на 22 јули да…
Рајан Рут (59), обвинет за обид за убиство на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска повторно се појави пред федерален суд, со цел да го образложи барањето самиот да ја води својата одбрана, откако побара да бидат повлечени неговите назначени адвокати. Рочиштето се одржува пред судијката Ајлин Кенон, која претходно овој месец го разгледуваше истото барање, но најави дека ќе донесе писмено решение, пренесе Еј-Би-Си Њуз. Во меѓувреме, и адвокатите на Рут побарале да се повлечат од случајот, наведувајќи дека нивната комуникација со обвинетиот е „непомирливо нарушена“. Американскиот Врховен суд има пресудено дека обвинетите имаат право самите да се застапуваат во…
Европската Унија остро го осудува насилството што минатата недела резултираше со стотици жртви во јужна Сирија, а особено нападите врз цивили за кои се тврди дека ги извршиле неколку вооружени групи, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. – Повикуваме на транспарентна, веродостојна и непристрасна истрага и за повикување на одговорност на сторителите на тешките прекршувања на меѓународното хуманитарно право и на човековите права и нивно изведување пред лицето на правдата, наведе Калас во писмената изјава по повод најновата ескалација на насилството во Сирија. Калас порача дека мора целосно да се почитува договорениот…
