Автор: Press Online
7 Французите отворија истрага против Килијан Мбапе за наводни лажни плаќања! Државното обвинителство започна истрага за потенцијално сомнителни плаќања што францускиот голгетер и член на Реал Мадрид им ги дал на пет полицајци задолжени за безбедноста на француската репрезентација. Истрагата беше започната по дојава од единицата за борба против перење пари, која извести дека имало необични финансиски трансакции во корист на пет полицајци. „Истрагата е во тек. Поради сложената природа на финансиските трансакции, потребно е дополнително да се утврди дали се извршени кривични дела“, објави обвинителството. Мбапе наводно платил нешто повеќе од 180.000 евра „на црно“ за приватни услуги. Набрзо…
„Информациите говорат дека одредени кругови во СДС и блиски до нив, се целосно финансирани од бугарски фондови, а до цел оркестрирано измислување и ширење на лаги и конструкции за политичари од ВМРО-ДПМНЕ и државниот врв. Ова што го зборуваме, многу јасно се гледа и од брзината со која фабрикациите за ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски од бугарските медиуми, се шират во македонскиот етер од структури блиски до СДС. Како поткрепа на оваа антимакедонска пропаганда, стои Венко Филипче и неговата скриена за јавноста позиција, дека ќе прифати внесување на Бугарите во Уставот, без било какви барања“ изјави Лефков. Целта на напад, како…
26 Поранешната манекенка и поранешна девојка на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн упати нови, сериозни обвинувања против Доналд Трамп. Во петокот, таа за Со-Ен-Ен изјави дека нејзиниот поранешен партнер и американскиот претседател биле исклучително блиски, што фрла нова светлина врз контроверзноста околу случајот Епштајн, пишува „Huffpost“. „Тие беа најдобри пријателки“, изјави Стејси Вилијамс за Бријана Кејлар од „CNN“. „Бев во врска со Џефри четири или пет месеци и единствениот пријател што го споменуваше секој пат кога се среќававме или разговаравме по телефон беше Доналд“.Сериозни обвинувања за злоставување Вилијамс го опиша Трамп како „сопруг“ и „десна рака“ на Епштајн, тврдејќи дека…
Доцна попладнево, на пешачката патека меѓу хотелот „Инекс“ и излезот кон плажата во Охрид, е пронајдено безживотно тело на маж. Според првичните неофицијални информации, лицето е идентификувано и се работи за маж кој имал здравствени проблеми. Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар. Локацијата на која е пронајдено телото се наоѓа во непосредна близина на претседателската вила. Местото е обезбедено, а полициски екипи вршат увид.
10 Собранието на Косово не е конституирано ниту во 49.обид, бидејќи денеска од присутните 90 пратеници, 50 гласаа за формирање комисија за тајно гласање за претседател на таа институција. Претставниците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, Српската листа и коалицијата Алијанса за иднината на Косово НИСМА одбија да предложат членови на изборната комисија и не учествуваа во гласањето за формирање на изборната комисија. Претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари ѝ наложи на собраниската служба да ги исклучи микрофоните на претставниците на тие партии кога повикаа на почитување на одлуката на Уставниот суд. Следното продолжение на конститутивната седница…
Соопштение на Левица Во целост ги демантираме дезинформациите што кружат во јавноста дека наводно преговараме за предизборни коалиции во пресрет на претстојните локални избори! #Левица не води никакви разговори ниту со СДС, ниту со ДПМНЕ, а најмалку со ДУИ или било која друга партија за коалицирање. Нашиот став по однос на предизборните коалиции е јасен и непроменет – забрана на предизборните коалиции! Левица ќе настапи САМОСТОЈНО, без политички пазари и без партиски договори зад затворени врати. Спроведениот јавен повик за кандидирање за градоначалници преку Левица е доказ за нашата отвореност кон граѓаните и потенцијалот на Републиката – поддржуваме луѓе со…
Секторот за внатрешни работи Скопје дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје. Изменетиот режим ќе биде в понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот
Голем пожар зафати земјоделско земјиште кај селото Ложани, во општина Струга, при што биле зафатени околу 20.000 метри квадратни посеви со пченица, јачмен и со други земјоделски култури, информираше денеска СВР Охрид. Пожарот избувнал на 19 јули околу 13:13 часот, а местото на настанот било сопственост на повеќе жители од селото. Во интервенцијата учествувала Територијалната противпожарна единица Струга, но тројца пожарникари добиле респираторни проблеми поради вдишување чад. Тие биле пренесени и задржани на лекување во Општата болница во Струга. Пожарот бил целосно изгаснат, а причините за неговото избувнување се сѐ уште непознати.
Кривичниот суд го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нахад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Васев е обвинет и во друг предмет за несовесно лекување на пациенти на клиниката. Во обвинителниот акт стои дека кривичното дело „злоупотреба на службената положба“ обвинетите, медицински и организациски директори, го извршиле со пречекорување на границите на своето службено овластување и не ја…
Скопската полиција вчера попладнето почнала акциска контрола околу 19 часот, која завршила утрово околу 2:30 часот. На подрачјето на Центар контролирале угоситетелски објекти, во координација и соработка со Државниот пазарен инспекторат. Привеле вкупно 13 лица. Во рамки на контролата на 12 угостителски објекти, четири лица беа лишени од слобода врз основ на чл. 215 став 3 и 236 став 1 од КЗ на РСМ, а беа приведени и други девет лица од кои шестмина малолетници соопштија од МВР. Доколку се погледне кривичниот законик, членот 215 се однесува на трговија со дрога, додека членот 236 на кривичното дело тешка кражба. Полицијата,…
Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол Никола Груевски и делува како негов партиски клон, рече денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Според неа, „со предлог законските измени кои Тошковски ги предлага во Законот за полиција, тој готви партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ под негова контрола“. -Наместо модерна, професионална, европска полиција – Тошковски го претвора Министерството за внатрешни работи во пара-полициски апарат на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е реформа, ова е отворање на вратите за криминалци, послушници и партиски војници. Ова е рецепт за полициска држава! Законот за измени на Законот за полиција што го предлага Тошковски…
Состојбата со пожарите во Македонија до 18 часот е седум активни, два под контрола и шест изгаснати. Така соопштија од Центарот за управување со кризи, во последното известување до јавноста. Кога се во прашање активните пожари, најголемиот дел се во централните и западните делови од државата: Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација) Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева) Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација) Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума…
