Автор: Press Online

4 Поранешниот англиски фудбалер и еден од најомилените спортисти во историјата на оваа земја, Пол Гаскоњ (58), беше итно префрлен во болница откако се онесвести во домот на својот близок пријател Стив Фостер. Како што објави британскиот The Sun, Фостер рече дека легендарниот Газа едвај бил свесен кога го пронашле и веднаш била повикана брза помош. Откако бил хоспитализиран, неговата состојба се стабилизирала. „Неговата состојба сега е стабилна, но тој останува во болница и е преместен на друго одделение. Тоа е најдоброто место за него во моментов“, рече Фостер. Пол Гаскоњ стана национален херој за време на Светското првенство во…

Read More

„20-годишните празни ветувања на ДУИ ги претвораме во градба на вистински патишта. ДУИ речиси две децении ѝ владееше на државата, но регионите каде што живеат Албанците добија ништо. Ниту еден крупен инфраструктурен проект не беше изграден, ниту еден километар автопат кон Гостивар, Кичево, Струга, Блаце или Ќафасан. Албанците добиваа само цвеќиња, ленти и фотографии на Фејсбук со ликот на Артан и Бујар“, велат од „Влен“. „Патишта се градеа секаде освен таму каде што живеат Албанците. Додека државата градеше кон Криви Паланка, Штип, Кочани, Радовиш, Струмица и Гевгелија, ДУИ не се интересираше за градба на патишта во западниот дел на државата.…

Read More

Мајкрософт издаде предупредување за „активни напади“ врз серверскиот софтвер што владините агенции и бизнисите го користат за споделување документи во рамките на организациите и препорача безбедносни ажурирања што корисниците треба веднаш да ги применат. ФБИ вчера соопшти дека е свесен за нападот и тесно соработува со своите федерални и приватни партнери, но не даде други детали. Во предупредувањето издадено завчера, Мајкрософт изјави дека ранливостите се однесуваат само на SharePoint серверите што се користат во рамките на организациите. Наведено е дека SharePoint Online во Microsoft 365, кој е во облакот, не е засегнат од нападите. Доколку корисниците не можат да имплементираат…

Read More

Бремените жени и натаму се казнуваат со бркање од работа штом работодавачите ја дознаат информацијата за мајчинството. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол, род и мајчинство во областа на работата и работните односи, и тоа врз вработена во приватна фирма, која на 17 јуни 2024 година кажала дека е бремена, а веќе следниот ден добила отказ, објави Сакам да кажам. Младата жена била вработена со договор на определено време, првично со договор на три месеци. Во април лани таа потпишала анекс на договорот, согласно кој времетраењето на договорот ѝ било…

Read More

До 08:00 часот изутринава на територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 15 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има кај село Нивичино во Општина Василево (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), кај село Грешница во Општина Македонски Брод (мешана шума и сува трева), помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа во Општина Македонски Брод (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација) и помеѓу селата Царевиќ и Смолан во Општина Приле (сува трева). Под контрола се пожарите кај с. Желино кон Еребино…

Read More

Поради интервенции во мрежната инфраструктура денеска од 16.30 часот можни се прекини на услугите кои ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности. Информацијата ја сподели АКН на својата веб страница

Read More

2 Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја санкционираше Јулија Латинина, руски блогер и дисидент, публицист и поранешен новинар на „Новаја газета“, забранувајќи пристап до нејзините профили и канали на социјалните мрежи од украинска територија. На Латинина ѝ е забранет влез во Украина, ѝ се одземаат украинските награди и се блокираат сите нејзини парични средства и договори. Латинина, по известување за напади против неа во нејзиниот дом во Русија, таа ја напушти Русија во 2017 година, а во 2022 година од руските власти беше прогласена за странски агент поради нејзиното спротивставување на инвазијата на Украина и војната. Латинина во мај годинава…

Read More

11 Поранешниот играч на Брентфорд, Брајан Ембеумо, ќе стане новото засилување на Манчестер Јунајтед, кој се согласи да плати 71 милион фунти на лондонскиот клуб. Клубот од „Олд Трафорд“ понуди 65 милиони фунти фиксна компензација, со дополнителни 6 милиони бонуси. Јунајтед е заинтересиран да го доведе Мбуемо пред да замине на турнејата во САД во вторник, каде што им претстојат три подготвителни натпревари. Компензацијата ќе се исплати на четири рати. 25-годишниот Мбеумо постигна 20 гола во Премиер лигата минатата сезона. И други клубови беа заинтересирани за крилниот напаѓач – првенствено Тотенхем, сега предводен од поранешниот тренер на Брентфорд, Томас Франк,…

Read More

52 Австриските власти ги проучуваат снимките од концертот на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб и доколку утврдат дека некој од 18.000 купувачи на билети од таа земја, особено оние со регулиран привремен престој во Австрија, извикал „За дом спремни“, ќе се соочи со сериозни последици, што може да вклучува и одземање на правото на престој, пишува „Н1 телевизија“. Според организаторите, меѓу половина милион посетители на концертот, повеќе од 18.000 од нив купиле билети во Австрија. Целта на австриските служби е да утврдат дали Хрватите со австриско државјанство или лицата со регулиран привремен престој во Австрија ги прекршиле строгите австриски закони…

Read More

13 Договорот за испорака на системот „Патриот“ на Киев ги откри вистинските намери на американскиот претседател Доналд Трамп, насочени кон спречување на иницијативата на Русија за решавање на украинската криза, пишува германскиот весник „Берлинер Цајтунг“. „Сега е ред на Путин, и сето тоа благодарение на договорот за оружје меѓу САД и НАТО (за Украина), кој ги откри вистинските намери (на Трамп)“, се наведува во статијата. Според весникот, Трамп, откако не успеа да го надмудри Путин, одлучил да употреби тактики на закана, ветувајќи дека ќе ги зголеми царините, но малку е веројатно дека ќе успее. „Трамп ќе може само уште еднаш…

Read More

Овен Петок носи возбудливи можности за нови потфати. Вашата природна лидерска енергија е зголемена, но денес фокусирајте се на слушање на другите. Неочекувана средба би можела радикално да ја промени вашата перспектива. Верувајте му на вашиот прв импулс кога донесувате важни одлуки. Бик Последниот работен ден од неделата ве поканува да размислите за вашите финансиски планови. Стабилноста кон која се стремите е на дофат. Романтичните енергии се исклучително силни – отворете го срцето за нешто убаво. Малку трпение ќе вроди со голем плод. Близнаци Комуникацијата е ваша супермоќ овој петок! Уран во вашиот знак ви дава неверојатна јасност на мислата…

Read More

17 Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека забранетиот поздрав „За дом спремни“, кој го користеле усташите во Втората светска војна и припадниците на Хрватските одбранбени сили за време на војната во 1990-тите, не треба да се користи. Милановиќ им изјави на новинарите дека Хрватските одбранбени сили се „доброволна милиција во рамките на политичка партија (Хрватска партија за правата)“, која била „укината во јануари 1992 година“ од првиот претседател на Хрватска, Фрањо Туѓман, според Кабинетот на претседателот на Хрватска. „Хрватската партија на правата не случајно го зеде името на Хрватските одбранбени сили и не случајно го зеде (поздравот) За дом спремни.…

Read More