Автор: Press Online

Без вода утре од 8 часот ќе бидат Универзитетот ФОН и зградите спроти овој универзитет во општина Гази Баба, а од 9 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ленинова“, на потегот од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до улицата „Никола Тримпаре“ во општина Центар. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во општина Гази Баба е поради изведување водоводен приклучок на улица „Индустриска“ 1/27 спроти Универзитетот ФОН. Прекинот, пак, во општина Центар е поради промена на вентил во шахта на улица „Ленинова“ 73 во населба Центар. Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите

Read More

Највисока температура од 41 степен денеска се иземерени во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Демир Капија, додека 40 степени се измерени на Зајчев Рид во Скопје и во Гевгелија. Како што информираат од УХМР, 39 степени се измерени во Битола, Штип и Струмица, 38 во Тетово и во Виница, 37 во Прилеп, 36 во Крива Паланка, 35 во Охрид и Претор, 34 во Берово, 31 во Крушево и во Маврови Анови, 30 во Лазарополе и 26 на Попова Шапка. До крајот на денот времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Во…

Read More

20 Во оддалечена семејна куќа во селото Обајгора кај Бајина Башта, Србија, вчера се случиле двојно убиство и самоубиство, што ја потресоа Србија. Михаило Р. (69), синоќа ја убил поранешната сопруга Ана С. Р. (46), која ја запознал во Русија, потоа го убил и нивниот 7-годишен син и на крајот си пресудил себеси, известија српските медиуми. Злосторството се случило вчера околу 20 часот. Полицајците кога пристигнале на повикот, ја пронашле Ана во една соба со три прострелни рани, а синот бил во друга просторија. Убиецот Михајло потоа извршил самоубиство во бањата, со пиштол за кој немал дозвола. „Работеше во Русија…

Read More

ЈП ЛАЈКА започнува нова емотивна и општествено важна кампања посветена на една од најзапоставените групи животни во прифатилиштата – кучињата сениори. Под мотото „Секое куче заслужува дом, без разлика колку родендени прославило”, ја отвораме вратата кон шансата за подобар крај на животниот пат за оние кои најдолго чекале љубов, а најмалку ја добивале. Кампањата има за цел: да ги приближи сениорите до потенцијалните вдомувачи; да ја разбиe стигмата дека постарите кучиња се „помалку вредни”; да ја истакне нивната благост, смирен карактер и благодарност; и да испрати силна порака: домот не треба да биде луксуз што се заслужува само додека си…

Read More

Што бара раководителот на наплатна служба во ЈПДП (Јавно претпријатие за државни патишта),  Ванчо Милевски, во работно време на партиски настан? Тој истиот е незаконски унапреден од инкасант директно во раководител наспроти сите процедури и закони. Место да ги среди наплатните и да направи план за да нема гужва на патарините и да не се чека како на граница тој oди на партиски настан во работно време да му клима со главата и да му аплаудира на Мицкоски.

Read More

5 Тони Крос даде големо интервју за шпанскиот „Ел Паис Семанал“ во кое отворено зборуваше за одлуката да ја заврши кариерата додека е сè уште на врвот и за животот по фудбалот. Тој се осврна и на медиумскиот притисок, кој, според неговите изјави, може да изгради или да скрши играч. „Поминав неколку месеци размислувајќи за тоа, не е како да се разбудив едно утро и одеднаш си реков: „Мора да се пензионираш!“. Не, долго време размислував за тоа. Веќе размислував за пензионирање претходната година, но на крајот решив да продолжам уште една сезона со Реал Мадрид, кој многу инсистираше на…

Read More

8 Јапонската десничарска партија Сансеито, позната по своите популистички и антиимиграциски ставови, постигна еден од најдобрите резултати на изборите за горниот дом на јапонскиот парламент. Партијата што стекна популарност за време на пандемијата на коронавирусот ширејќи теории на заговор за вакцинациите и „глобалните елити“, успеа да ги пробие границите на маргиналната политика благодарение на кампањата под слоганот „Јапонците на прво место“, пишува Ројтерс. Според проекциите на јавниот сервис NHK, Сансеито би можел да освои дури 22 места, што е огромно зголемување во споредба со само еден пратеник во претходниот состав од 248 места. Во Долниот дом, кој има поголема законодавна…

Read More

Синдикалната минимална кошничка за јули е повторно зголемена и достигна 65 328 денари, што е  нов удар по џебот на граѓаните, реагираат од опозицискиот СДСМ. „За само еден месец основните трошоци  за живот пораснале за 630 денари, а за три месеци растот е дури 2 637 денари. Најголем е порастот повторно кај храната и пијалаците. На едно четиричлено семејство во јули му се потребни 23 682 денари за да купи храна. Пеколни податоци регистира и статистиката на почеток на месецот. Годишната инфлација е зголемена на 4,5 отсто. Овие поразителни бројки се резултатот од една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ – целосно промашена, аматерска…

Read More

Засега не се исполнети законските услови за Собранието да покрене постапка за разрешување на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска.

Read More

Амар Мециновиќ – пратеникот од Левица со свој коментар за кампањата на Владата и премиерот Христијан Мицкоски – „Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените!“. Мециновиќ вели „пример, замисли да си ДПМНЕ, и да не си само година дена на власт, туку цели четири, од кои три во кохабитација со СДС во многу љубов и разбирање“. -И пример, додека си соучесник и протагонист во сите корозивни процеси во изминатите 10 години, навикнат си додека го поткрепуваш статус-квото да глуматаш дека ти си решение за негово надминување. И после долго глуматање – финале во кое сам себе си опозиционираш.…

Read More

„Ве молам, болката е преголема и сите се уште ја чувствуваме. Ве молам, таа тема да ја оставиме на политичките глодари и лешинари“, рече премиерот Христијан Мицкоски за објавување на целосната видео-снимка од состанокот со родителите од Кочани чии што деца загинаа во дискотеката „Пулс“ што се одржал на 7 јули 2025 година во Владата. Премиерот вели дека сочувствува со родителите, но бара темата да се „остави на лицата кои што навистина чувствуваат голема болка, а не на оние кои што сакаат да добијат ситни политички поени“. Во реакција на соопштението од петокот на Владата, од Здружението на граѓани „16-ти…

Read More

Долги колони возила и значителни задржувања се бележат денеска на граничниот премин Богородица, како и на грчкиот Евзони, каде што за влез во Грција се чека и по повеќе од три часа. Според информации од возачи кои се наоѓаат на граничниот премин, задржувањата на македонска страна изнесуваат околу 45 минути, додека најголемите гужви се на грчка страна, каде колоните се движат бавно, а чекањето достигнува и по повеќе од два часа. Големиот метеж е резултат на засилен туристички сообраќај кон летувалиштата во Грција, типичен за викендите и за време на годишните одмори. Освен македонски граѓани, на граничниот премин се присутни…

Read More