Автор: Press Online
Овен Понеделникот ве исполнува со неверојатна енергија и решителност да ги надминете сите предизвици. Ве очекува важен состанок кој би можел да го промени правецот на вашиот професионален пат. Не двоумете се да ги изразите вашите смели идеи – денес тие ќе бидат примени со ентузијазам. Бик Почетокот на неделата ви носи финансиски можности што не треба да ги пропуштите. Вашата интуиција е засилена и токму сега е време да ја донесете таа важна одлука што ја одложувавте со денови. Љубовта ви тропа на вратата во форма на неочекуван гест од сакана личност. Близнаци Првиот работен ден од неделата открива…
Доцна попладнево на плажата кај Каваја, во близина на Драч се удави македонски државјанин. Немилиот настан се случи во 19 часот кога 66-годишен жител на Македонија со иницијали Ш.А. се удави во морските води. Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегување во вода, се наведува во полициското соопштение. Откако го забележале давеникот, кон него веднаш се упатиле и други лица од плажата, интервенирала и итна помош, но доктор само констатирал смрт. Екипа на полицијата и јавен обвинител вршат увид, по што се очекува телото да биде дадено на обдукција
5 Железничкиот сообраќај е привремено прекинат од попладнето на линиите Бања Лука – Приједор и Добој – Петрово Ново поради деформации на пругата поради екстремна топлина. Оваа информација ја објавија Железниците на Република Српска. Оваа компанија наведува дека по поправката на пругите на делницата од железничката линија Челинац – Врбања, железничкиот сообраќај е повторно воспоставен на линијата Бања Лука – Челинац, но брзината на движење на возовите е намалена, што ќе биде на сила додека не се создадат потребните услови и не се стабилизира времето. „Сите надлежни служби на Железниците на РС за одржување на пругата се на терен и…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва во Велес изјави дека оваа Влада успеала да го исплати долгот од претходната влада во образованието за плати за наставниците и ги испечати сите учебници за кои имаше недостаток повеќе години. Најави дека учебници ќе има за сите ученици. -Ја сменивме програмата за 7 одделение и од септември ќе има нова програма и во неа повторно е вратен предметот Историја што претходната го укина, а учебникот е во печатење, рече министерката Јаневска. Воедно информира дека од претстојната учебна година по шест години пауза, учениците повторно ќе имаат учебници по странски јазици: англиски,…
Универзитетска професорка Тамара Јованов реагираше преку објава на социјалните мрежи на најавата од Владата дека ќе креира пет различни потрошувачки кошнички, наменети за различни типови домаќинства – самци, парови, пензионери, млади и неколкучлени семејства. „Небаре тоа ќе ги зголеми примањата на тие групи луѓе или ќе ги намали цените во маркетите!?“, прашува Јованов, оценувајќи ја мерката како обид за манипулирање со статистика, без никакво вистинско влијание врз животниот стандард. Според неа, ваквите најави се класичен пример на „млатење празна слама“, при што властите создаваат илузија дека работат нешто суштинско, додека реално продолжуваат процесите на сиромашење. „Да им каже некој дека…
Движењето на возила на регионалниот пат Куманово-граничен премин Пелинце, на делот од крстосницата за село Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце, денес е запрено заради одржување на велосипедска трка. Според информациите од АМСМ, патот ќе биде недостапен во периодот од 10 до 15 часот. Повремено блокирање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е предвидено и во следните три дена. “Како што информираат од АМСМ, патот ќе биде затворен во период од 10 до 15 часот
13 Кристијано Роналдо силно врши притисок врз челниците на Ал-Наср да ја доведат ѕвездата на Ливерпул, колумбискиот репрезентативец Луис Дијаз, во претстојниот преоден рок, за сума поголема од 100 милиони евра. Португалецот неодамна го продолжи договорот со клубот од Саудиска Арабија до 2027 година и, според шпански Спорт, решен е да не ја повтори сезоната 2024/25, во која Ал Наср не освои ниту еден трофеј, ниту на домашен, ниту на меѓународен план. „Кристијано сака Луис Дијаз да му помага од крило“, вели Спорт и додава дека Роналдо добил уште поголемо влијание во клубот по продолжувањето на договорот и дека неговите…
Во оддалечена семејна куќа во селото Обајгора кај Бајина Башта, Србија, вчера се случиле двојно убиство и самоубиство, што ја потресоа Србија. Михаило Р. (69), синоќа ја убил поранешната сопруга Ана С. Р. (46), која ја запознал во Русија, потоа го убил и нивниот 7-годишен син и на крајот си пресудил себеси, известија српските медиуми. Злосторството се случило вчера околу 20 часот. Полицајците кога пристигнале на повикот, ја пронашле Ана во една соба со три прострелни рани, а синот бил во друга просторија. Убиецот Михајло потоа извршил самоубиство во бањата, со пиштол за кој немал дозвола. „Работеше во Русија и…
21 Ова е најновото во низата таканаречени „убиства од чест“ што ја потресуваат земјата. Злосторството што се случило минатиот месец во југозападната покраина Белуџистан повторно фрли светлина врз длабоко вкоренетата практика на вакви убиства во делови од Централна и Јужна Азија. Во овие области, членовите на семејството или заедницата веруваат дека со пролевање крв, можат да ја „измијат дамката“ и да ја вратат честа извалкана од незаконско однесување, објави Си-Ен-Ен. Откако видеото од бруталната егзекуција стана вирално на социјалните мрежи, уапсени се најмалку 11 лица, потврди главниот министер на Белуџистан, Сафраз Бугти. Видео што ја згрози јавноста Вознемирувачкото видео прикажува…
Вицепремиерот и министер за животна средина и еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ Изет Меџити не ја исклучува можноста тој да биде кандидат за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори во октомври. -Како ВРЕДИ деновиве очекуваме резултати од анкети од професионални агенции и тие ќе ни дадат ориентација кој каде ќе биде, но не го исклучувам и тоа како опција, изјави вечерва Меџити во интервју за ТВ Канал 5. Опозициската ДУИ попладнево потврди дека поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи ќе биде кандидат на Европскиот фронт за градоначалник на Чаир. Меџити во интервјуто кажа дека ако ДУИ…
„Кога станува збор за бесправната градба во Чаир, на сите веќе им е јасно зошто не зборуваат експонентите на Демократската унија за интеграција. И самиот нивен кандидат за Чаир, поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, живее во објект изграден без дозвола и затоа тој нема морален капацитет да зборува на оваа тема.“ Со оваа директна изјава, првиот заменик-претседател на Владата и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, упати жестока критика кон ДУИ и нејзиниот потенцијален кандидат за општина Чаир, Бујар Османи. Во гостувањето во емисијата „Само Вести“ на телевизија Канал 5, Меџити изјави дека молкот на ДУИ…
Голем пожар попладнево беснее во отпад за автомобили во Куманово, на улицата „Индустриска“ информираат надлежните од територијалната противпожарна единица во градот. На пожарот попладнево, интервенирале три противпожарни возила. – Во моментов, пожарот е ставен под контрола. На терен сме две екипи, со две противпожарни возила. Пожарот е локализиран и наскоро целосно ќе биде изгаснат. Горат каросерии од стари автомобили и во околината сува трева, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски. Пожарот е видлив насекаде од повисоко од градот. На истата локација имаше пожар на 23-ти јуни годинава, тогаш го гасеа пет противпожарни возила, а кумановци се жалеа на неподносливата…
