НАЈНОВО
Автор: Press Online
Пожарот што избувна попладнево пред 14 часот во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани, е изгаснат. Според информациите од Итната медицинска помош хоспитализирани се три лица, кои настрадале од вдишување на чад, но ниту еден од нив не е во животна опасност. Во борбата со огнот кочанските пожарникари интервенираа со сите расположиви средства, а помош имаа и од Доброволното против пожарно друштво. Истрагата за утврдување на околностите под кои избувнал пожарот се уште не е започната
Вчера во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје, за време на одржување на Европски младински олимписки игри, на Х.В.(18) од Велика Британија и се слошило, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје за укажување на лекарска помош.
Археолозите кои работат на албанскиот брег на Охридското Езеро се убедени дека го пронашле најстарото човечко живеалиште изградено на езеро во Европа. Тие велат дека откриле докази за организирана ловџиска и земјоделска населба која постоела пред 8.000 години. Тимот составен од албански и швајцарски научници секој ден поминува неколку часа три метри под вода, макотрпно извлекувајќи дрвени потпорници на куќи. Тие, исто така, собираат коски од домашни и диви животни, бакарни предмети и керамика со детални резби. Повеќе студии покажуваат дека Охридското Езеро е најстарото езеро во Европа, старо над милион години. Албанскиот археолог Адријан Анастаси рече дека можеби ќе…
Македонија ја очекува нов екстремен топлотен бран кој ќе кулминира кон крајот на неделава, со температури што ќе достигнат дури до 45 степени Целзиусови. Според седумдневната прогноза, од среда (23 јули) до недела (27 јули) земјата ќе биде под влијание на сув и исклучително топол воздух. Максималните дневни температури ќе се движат од 41°C до 45°C, со врв на жештината во петок, 25 јули. Времето ќе биде претежно сончево, без врнежи и со слаб ветер. Првото освежување се очекува во понеделник (28 јули) кога се најавуваат локални врнежи и намалување на температурите на околу 35°C. До вторник (29 јули) дневната…
Девизните резерви се во сигурни раце. Моментно изнесуваат 4,6 – 4,7 милијарди евра што е сосема комотна позиција за земјата, а покриваат околу 4,5 месечни вредности на увозот додека светскиот стандард што се препорачува е 3 – 3,5, рече гувернерот на Народната банка Трајко Славески на денешната отворена работна средба со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и со претставници на раководството на Комората. Дел од девизните резерви се во злато кое Македонија го чува во Банката во Англија. Тим на Народната банка предводен од гувернерот наесен планира да ја посети Банката на Англија и да провери дали златото…
Во случај да се измени Законот за пресметка на пензиите, со што тие би растеле линеарно, наместо според растот на инфлацијата и просечната плата, најавеното зголемување на пензиите од 1.000 денари ќе им биде од корист на само 25.818 пензионери, односно 7,5 отсто од вкупниот број, покажа анализата на ТВ24 вести. Но и за нив ова зголемување не е ништо повеќе од она што би им следувало по моменталната формула, или помалку од сто денари. Сите останати речиси 320 илјади пензионери со актуелната пресметка треба да добијат повеќе од 1.000 денари колку што предвидува линеарното зголемување. И универзитетскиот професор Ванчо…
4 Голманот на Њуелс Олд Бојс, Кејлор Навас, потпиша договор со Унам Пумас. Договорот на 38-годишниот Костариканец е до летото 2026 година. Трансферната цена е 1,71 милиони евра. Навас се приклучи на Њуелс Олд Бојс во јануари 2025 година, потпишувајќи договор до крајот на 2026 година. Тој одигра 16 натпревари во сите натпреварувања и прими 11 гола, додека на 8 не прими гол. Навас се пензионираше од меѓународниот фудбал минатата година. Тој освои три титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, а неодамна играше во Европа за Пари Сен Жермен.
Венко Филипче прифатил безусловно да биде маша за бугарските интереси и позиции во Македонија, обвини денеска од партиската говорница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Тој вели оти лидерот на СДСМ и неговата партија не се автентични, но и дека целата стратегија и приод на опозициската партија, го имаат оставено на соседна Бугарија. Дополнително, вели, фрапантна е леснотијата со која СДСМ се ставила во целосна служба на бугарските агенции и интереси и оти тие во еден глас ја пренесуваат нивната пропаганда. „Во периодот што следува ќе гледаме многу фабрикувани вести, лажни документи и изнудени реакции. Македонија, а пред се…
21 Грчките власти издадоа предупредување за денеска, поради очекуваниот екстремно жежок ден, со температури до 45 Целзиусови степени. Вчера температурите се искачија до 40 степени, а во текот на ноќта не паднале под 30 Целзиусови степени. Зголемен е бројот на дежурните болници, Граѓанска Заштита испраќа предупредувања на мобилните телефони на туристите за ризик од високи температури. Во текот на пладневните часови, затворени ќе бидат сите археолошки локалитети. Се препорачува да не се возат возила што немаат климатизер. Ваквата препорака ќе трае барем до крајот на оваа семица. Во јуни, поради невообичаено високите температури, во Грција починале 175 лица од последиците…
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека и денеска се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво што предизвикува повторно нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. Како последица на сето ова, како што наведуваат, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот
Ангел Самараков, полициски службеник од Шестата управа која обезбедува ВИП-личности и неодамнешен обезбедувач на премиерот Христијан Мицкоски, денеска седна на обвинителна клупа во скопскиот Кривичен суд. Обвинет е за оддавање службена тајна на лице, кое во постапката се води како сведок – Благоја Коруноски. Самараков запрашан дали се чувствува виновен за кривичното дело кое му се става на товар, одговори негативно, пренесе Слободен печат. Во воведниот збор обвинителката Ивана Трајчева рече дека во текот на главната расправа обвинителството ќе докаже дека Ангел Самараков на 30 март 2025 година околу 23 часот, на паркинг пред хотелот „Гарденија“ во Велес како службено…
„Однародената ДПМНЕ ја прифаќа играта на големобугарските империјалисти и го става на маса македонскиот идентитет и јазик инсистирајќи на заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент со што фактички се согласува да ги проблематизира овие носечки столбови на македонската државност и самобитност. Дезориентираната надворешна политика на Муцунски овие непобитни ставки ги доведува во позиција да станат предмет на договор, со што македонскиот народ и држава ги става пред повторно склучување компромис околу суштински прашања како при Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство“ соопштија денеска од Левица. Од партијата велат „наместо цврсто да стои на ставот дека македонскиот јазик и идентитет…
