Автор: Press Online
Градот Скопје се наоѓа во една очајна состојба, политиката мора да се тргне од градот кога се во прашање интересите и потребите на граѓаните, потенцираше потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, во вечерашното интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител. Во интервјуто Шукова се осврна на трите најгорливи проблеми со кои секојдневно се соочуваат скопјани – јавниот превоз, чистотата и водоснабдувањето. Потенцираше дека состојбата со јавниот превоз е неприфатлива и дека граѓаните секојдневно трпат, возејќи се во автобуси без основни услови, дури и во најтоплите денови. „Секој граѓанин заслужува безбеден јавен превоз, безбедно…
Здравствената состојба на холивудската легенда Брус Вилис продолжува да се влошува. Актерот, на кого му беше дијагностицирана афазија во 2022 година, а подоцна и фронтотемпорална деменција, се соочува со сè поголеми тешкотии во секојдневниот живот. Постепено губење на способностите Според извештаите на американските медиуми, како и изјавите на неговото семејство во последните години, Вилис во голема мера ја изгубил способноста да зборува и повеќе не може да чита. Исто така, се наведува дека има моторни проблеми, но неговото семејство не даде детали за неговата мобилност. Иако болеста постојано напредува, семејството им кажа на обожавателите во април оваа година дека неговата…
На денешната собраниска седница за ребалансот на Буџетот за 2025 година, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, изнесе критика на владиниот пристап кон економското управување и социјалната реалност во државата. Мециновиќ говореше од личен и човечки аспект, ставајќи акцент на последиците од буџетските политики врз секојдневниот живот на граѓаните и масовното иселување кое станува сѐ позасилена и потрагична појава. Во говорот тој нагласи дека ребалансот не претставува вистински одговор на економските и социјалните предизвици со кои се соочува државата, туку е продолжение на долгогодишна политика на прилагодување на буџетот според интересите на политичко-економската бизнис елита. Мециновиќ се спротивстави на реториката за…
11 Директорот на Клиниката за онкологија при Универзитетскиот клинички болнички центар на Косово, Илир Куртиши, изјави дека бројот на нови случаи на рак во Косово расте со стапка од околу 5 проценти годишно. Тој објаснува дека тој тренд е резултат на неколку фактори, вклучувајќи загадување на воздухот, пушење или неурамнотежена исхрана, но и поголема свест кај граѓаните за потребата од редовни прегледи. Според клиничкиот регистар на Клиниката за онкологија, од јануари до почетокот на јули 2025 година, регистрирани се околу 1.070 нови случаи на рак. Податоците на национално ниво од Косовската агенција за статистика покажуваат дека во последната деценија бројот…
5 Најмалку 18 од 31 провинција во Иран, вклучувајќи го и главниот град Техеран, се погодени од екстремниот топлотен бран што започна во петокот и се очекува да трае до четврток. Температурите надминаа 40 степени Целзиусови во најмалку 10 провинции во понеделник, а властите во Техеран ја прогласија средата за празник за да заштедат електрична енергија и вода. Земјата се соочува и со најжешката недела во годината, со температури локално над 50 степени Целзиусови, според националната метеоролошка служба. Јужниот ирански град Самбанкарех во понеделникот забележа рекордно висока температура од 53 степени Целзиусови. АФП во вторник објави дека некои делови од…
Собранието денеска го усвои Предлогот за ребаланс на Буџетот за 2025 година, што претставува одраз на одговорно и флексибилно управување со јавните финансии во услови на динамични економски предизвици. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изрази благодарност до пратениците за конструктивната расправа, која уште еднаш покажа дека сите работиме во интерес на граѓаните и стабилноста на економијата. „Ребалансот не е само техничка корекција, туку резултат на анализа на тековните економски движења и прилагодување на приоритетите“ кажа министерката. Со усвојувањето на ребалансот се овозможува реалокација на средства меѓу буџетските корисници во согласност со актуелните приоритети, како и дополнително финансирање на проекти кои…
Бања во сместувањето на шпански спортистки во Скопје / Фото: ТикТок Млада спортистка од Шпанија, која учествува на Европскиот младински олимписки фестивал во нашата земја со својата репрезентација, на „ТикТок“ сподели снимка од бањата во сместувањето, каде паднал поголемиот дел од една плоча од спуштениот плафон, отворајќи голема дупка на таванот. „Не поминаа ни 72 часа, а веќе падна покривот во бањата“, пишува Шпанката во објавата, која е проследена и со коментарот: „Уникатно искуство“. Во објавата не е наведено дали таа е сместена во Скопје или надвор од главниот град. Илјадници млади спортисти во моментов се во Скопје и во…
Овој ребаланс не е развоен и не е социјално одговорен. Тој е создавање на ново множество на пропуштени шанси, на скриени долгови, на селективна поддршка и на краткорочни политички пресметки. Ова е ребаланс за предизборен поткуп, служи само за изборите во октомври, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска расправа посветена на ребалансот на буџетот за 2025 година. Битиќи, во своето излагање истакна дека буџетскиот дефицит останува на 41,3 милијарди денари, или 4% од БДП. -Но тоа е веќе над законски дозволената граница од 3%, односно максимум 3,5% во исклучителни случаи – а денес немаме ниту катастрофа, ниту…
Владата на денешната седница го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите, соопшти владината прес-служба. Премиерот Христијан Мицкоски претходно денеска на прес-конференција изјави дека Владата денеска ќе разгледа предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите, кој потоа ќе биде испратен до Собранието. -Очекуваме линеарно зголемување на пензиите, тоа го бараат пензионерите од Владата – тој процент што треба да се зголеми да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии, изјави Мицкоски. Тој додаде дека очекува Собранието да го изгласа законот пред распишувањето на локалните избори. -Денеска на седница на…
Претседателот на Собранието Африм Гаши при денешната посета на Тетово на новинарските прашања најави дека локалните избори ќе се распишат во првата половина од август. Според него тој период претставува законски утврден термин. -Очекуваме и чекаме уште малку да видиме дали може да донесеме закони и да не попречиме во работата на другите институции. Ќе гледаме да ги искористиме максимално овие денови. И во утврден датум каде што е во рамките на законските термини ќе ги распишеме изборите но тоа ќе биде во прва половина од август, истакна Африм Гаши кој имаше средба Биљал Касами, градоначалникот на Тетово и претседател…
19 Едно српско семејство засекогаш ќе го памети својот одмор во Грција поради навидум безопасна грешка, останале без својот автомобил шест месеци, сè поради безбедносна камера. Според пишувањето на „тотално дигиталниот“ Инстаграм профил, било објаснето, имено, како грчката полиција им го конфискувала автомобилот на луѓе од Србија затоа што нивното дете „излегло“ низ подвижниот покрив додека возело. – Предупредување. На излез од Грција, безбедносната камера на познаниците снимила дете кое „излегло“ низ подвижниот покрив. Автомобилот им бил конфискуван шест месеци. Пријателите ни пишале пораки за да нè предупредат. Внимавајте, ве казнуваат за секакви работи – пишува на споменатата Инстаграм страница.…
6 Историјата на фудбалот понудила голем број играчи кои биле големи таленти, и во фудбалот и во глумата. Секако, зборуваме за симулација, но малкумина се играчите кои имаат талент да бидат најдобри во светот во оваа втора категорија. Еден од најдобрите, а според повеќето, и најдобриот „актер“ е Нејмар. Ретко некој играч ја поделил публиката како што тој го сторил тоа во својата кариера. Некои го славеле поради неговите завидни фудбалски вештини, додека други биле вознемирени од неговата симулација. Меѓу оние кои „не го сакаат“ е Феликс Брих, поранешен германски судија кој зборувал за големиот бразилски фудбалер во емисијата „FOCUS…
