5
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека во главниот град загинале четири лица, додека во Одеса и Днипро загинале седум лица, при што со беспилотни летала и ракети биле оштетени голем број згради, пренесува агенцијата Ројтерс.
Кличко додаде дека во Киев се повредени 45 лица, а нападот на Русија се случил рано утринава.
Службите за итни случаи, сепак, соопштија дека во Киев загинале пет лица.
Кличко додаде дека зградите биле оштетени од остатоци од дронови, како и дека во една од нив избувнал голем пожар.
Официјални лица соопштија дека во Одеса загинале седум лица, а 11 се повредени, додека војската потврди дека е погодена инфраструктура, вклучително и станбени згради.
Во Днипро, според регионалниот гувернер Олександар Ганжа, загинале две лица, а 27 се повредени.
Две лица се повредени во Харков, соопштија официјални лица.

