Маж на 89-годишна возраст, вооружен со ловечка карабина, претпладнево влетал во објект на Националниот фонд за социјално осигурување на Грција (ЕФКА) во атинската населба Керамикос, при што пукал и ранил вработен во службата, а веднаш потоа влетал и во Апелацискиот суд, каде што исто така пукал и повредил најмалку три лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Службеникот е повреден во пределот на нозете, полицајците му укажале прва помош и бил пренесен во болница, а во болница биле пренесени и вработените во судот и веројатно станува збор за лесни повреди.
Во тек е полициска акција за пронаоѓање на сторителот, додека пак ловечката карабина е веќе најдена.
Според неофицијалните информации, сторителот е 89-годишен маж кој собира старо железо и отпад.
Сè уште е нејасно како вооружениот маж, без да биде забележан, стигнал од ЕФКА до Судот, со оглед на тоа што се на растојание од околу пет километри.

