Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Јанша поднесе кандидатура за премиер на Словенија

19 мај 2026

Филипче: Лажни и лицемерни се повиците на Мицкоски за обединување

19 мај 2026

Војната ја осакати една од најбогатите држави на светот – Катар

19 мај 2026

(ВИДЕО) Ахмети: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот „Мазут“ е продолжение на притисоците врз „Пуцко петрол

19 мај 2026

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

19 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Press OnlineBy Press Online19 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најостро реагирам на обидот полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата.



Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, реагира министерот за правда, Игор Филков, за протестите.

 

„Македонскиот јазик е службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и темел на институционалниот и правниот систем.

Недозволиво е чувствителни теми што директно го засегаат правниот систем да се користат за собирање политички поени или за создавање меѓуетнички тензии.

Правосудниот испит се спроведува согласно важечките закони и професионални стандарди, а не според дневно-политички агенди или притисоци од улица. Правото на протест е демократско право, но никој нема право преку насилни протести да бара уривање на критериумите и стандардите во правосудството“.

Министерството за правда, додава тој, останува отворено за аргументиран институционален дијалог, но нема да дозволи девалвација на правосудниот систем, ниту поткопување на улогата на македонскиот јазик како столб на државноста и институционалниот поредок.

Македонскиот јазик не е пречка – тој е обврска, уставна вредност и гаранција за функционирање на државата.



Поврзани содржини

Филипче: Лажни и лицемерни се повиците на Мицкоски за обединување

19 мај 2026

(ВИДЕО) Ахмети: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот „Мазут“ е продолжение на притисоците врз „Пуцко петрол

19 мај 2026

ДУИ бара одговорност од Астрит Исени за малтретирање студенти од Албанија што сакале да дојдат на протест во Скопје

19 мај 2026
НАЈНОВО

Јанша поднесе кандидатура за премиер на Словенија

19 мај 2026

Филипче: Лажни и лицемерни се повиците на Мицкоски за обединување

19 мај 2026

Војната ја осакати една од најбогатите држави на светот – Катар

19 мај 2026

(ВИДЕО) Ахмети: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот „Мазут“ е продолжение на притисоците врз „Пуцко петрол

19 мај 2026

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

19 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.